123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2020

Новости за 04.12.2020

Нови 1100 случаи на ковид 19, триесет лица починале

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19. Најмногу од нив се во Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22. Читать дальше...

ЕУ го усогласи буџетот за 2021, се чека Полска и Унгарија да го повлечат ветото

SlobodnaEvropa.mk 

Владите на Европската унија (ЕУ) и на Европскиот парламент (ЕП) денеска се договорија за годишниот буџет на Унијата за 2021 година, но за тој да стапи на сила, Полска и Унгарија ќе мора да го укинат ветото за долгорочниот буџет на ЕУ за периодот од  2021-2027 година. Буџетот за 2021 година за сите 27 земји на ЕУ веќе е креиран на границите на приходите и трошоците утврдени со новиот седумгодишен буџет на ЕУ, кои Варшава и Будимпешта не сакаат да ги прифатат бидејќи пристапот до парите на ЕУ е поврзан со почитување на владеењето на правото. Читать дальше...

Мицкоски: Заев лаже, комисијата призна дека се преговара за идентитетот

SlobodnaEvropa.mk 

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба на заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Тој вели дека бугарската страна кажала дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво што, како што вели Мицкоски... Читать дальше...



Македонско - бугарската комисија со нула резултат

SlobodnaEvropa.mk 

Историчарите од заедничката македонско бугарска комисија на дводневната онлајн средба запнале за две прашања- придавката македонски во записниците, која ја спори бугарската страна и Цар Самиул. Резултатот од работата е нула, оценија копретседавачите на комисијата.

Здравко Кривокапиќ е нов премиер на Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Со гласовите на 41 пратеник, од вкупно 81 присутни, црногорскиот парламент ја избра Владата на Црна Гора, предводена од Здравко Кривокапиќ. Новата црногорска влада е прва што по три децении не е формирана од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Џукановиќ, која беше поразена на изборите на 30 август оваа година. На истите избори, новоизбраниот премиер, како непартиска личност, беше лидер на најсилната од трите коалиции што ја освоија власта, која во најголем дел е составена од просрпскиот демократски фронт. Читать дальше...

Данското МНР демантира дека го поддржува ветото за С.Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерство за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, посочуваат од данското Министерство за надворешни работи. „Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Северна Македонија во ЕУ не се точни. Данска ги поддржува актуелните предлози на Европската Комисија во однос на преговарачката рамка со... Читать дальше...

Ниту чекор напред по средбата на македонско-бугарската комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Денешната средба на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања заврши без никаков резултат и нема ниту минјатурен чекор поместување. Ова беше кажано на прес конференцијата на двајцата копретседатели во Комисијата, Драган Георгиев и Ангел Димитров по денешната онлајн средба на комисијата. „Голем дел од состанокот поминавме на непотпишаните записи од деветиот и десеттиот состанок. Главен проблем за бугарската страна е употребата на придавката македонски, колегите имаат различно... Читать дальше...

Филипче - Обезбедени се 833 илјади вакцини против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Веќе се обезбедени 833.000 ваквини против ковид-19 за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот на СЗО, Глобалната алијанса за имунизација.Вакцините ќе ги добиваме согласно планот за дистрибуција кој Ковакс ќе го одреди, рече министерот за здравство Венко Филипче. Властите доставиле барања за директни договори до компаниите „Астра Зенека“ и „Фајзер“ за нивните вакцини. Целта е 60 до 70 отсто од населението да се вакцинира бидејќи експертите сметаат дека е тоа доволен процент на вакцинирано население за да се стекне имунитет... Читать дальше...



Еден мртов, седум повредени во експлозија на бомба во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени кога експлодирала бомба крај патот на автобуска постојка во пакистанскиот град Равалпинди, соопшти полицијата. Според првичните информации бомбата била поставена под моторна рикша, но во соопштението на полицијата од Равалпинди се наведува дека експлодирала направа поставена покрај патот. Во експлозија загинаа тројца пакистански војници Во Равалпинди се наоѓаат седиштето на пакистанската војска и канцеларијата на шпионските агенции во земјата... Читать дальше...

Спасовски: Санкции за оние кои мислат на профит пред здравјето на луѓето

SlobodnaEvropa.mk 

Сериозни санкции ќе има за оние кои мислат на профит пред заштитата на здравјето согласно мерките за ковид-19, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој искажа благодарност до мнозинството граѓаните кои ги почитуваат мерките. Според него станува збор за 90 проценти од граѓаните во државата кои почитуваат мерки и 10 проценти кои што мислат дека најмногу тие знааат и само тие го прават тоа што треба да се прави. „За тие има санкции. Секојдневно не само што затвораме и растураме семејни веселби... Читать дальше...

Османи: Имаме поддршка од сите членки на ЕУ, останува прашањето со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји членки на ЕУ. Останува прашањето со Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите во некои медиуми дека и Холандија и Данска се против почнување на преговори на земјава со Унијата. Османи рече дека денеска имало реакција и од Холандската амбасада во Скопје, кои ги демантираат овие работи. Прашан за работата на историските комисии меѓу Бугарија и Северна Македонија... Читать дальше...

Бесплатна вакцина против сезонски грип примиле 9.815 граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцина против сезонски грип во државава заклучно со вчера примиле 9.815 граѓани кои закажале термин преку избран лекар (матичен лекар). Од нив, 2.103 се од Скопје. Вакцинацијата против сезонски грип се одвива согласно утврдените планови, а во согласност со утврдените ковид протоколи за временска и физичка дистанца меѓу пациентите, покажуваат податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“, информираат од Министерството за здравство. Вакцини има за сите, посочуваат... Читать дальше...

Холандската амбасада во Скопје демaнтира дека Холандија го поддржува ветото за С. Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Холандската амбасада како лажни ги оцени информациите дека Холандија ја поддржала Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија. „Холандија сметаше и се уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка“, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје. Од Амбасадата за „360 степени“ потенцираат... Читать дальше...

Намален бројот и на вработени и на невработени

SlobodnaEvropa.mk 

Во третиот квартал стапката на невработеност во земјава изнесува 16,5 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, таа бележи пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога изнесувала 16,7 отсто. Бројките покажуваат дека е намален бројот на активното население. Во овој квартал има 941.136 лица кои се активно население, од кои вработени се 785.561 лице, а невработени 155.575 лица. Во претходниот квартал активното население броело 964.248, вработени биле 799.546 лица... Читать дальше...

Орбан продолжува со блокадите на европскиот буџет

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повтори дека Будимпешта нема да прифати клаузула за владеење на правото поврзана со буџетот на ЕУ и фондот за закрепнување од последиците на коронавирусот, што го натера Брисел да ги предупреди Унгарија и Полска дека Унијата е подготвена да продолжи и без нив. Полска и Унгарија блокираат околу 1,8 билиони евра средства на ЕУ, вклучително и околу 750 милијарди евра кои треба да бидат распределени наскоро за ѝ помогнат на Унијата да излезе од рецесијата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Читать дальше...

Нови 43 пациенти примени во ковид – центрите во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот... Читать дальше...

За македонскиот јазик и идентитет никој нема право да разговара, тврди Спасовски

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент, за тоа не може да се разговара. Можеме да разговараме за сите други прашања што претставуваат некаков интерес, меѓутоа не и за прашањата кои се наш идентитет и наш јазик, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Заев: Има напредок на историската Комисија, а за идентитетот и јазикот гарантирам дека не се преговара Во однос на преговорите со Бугарија, Спасовски... Читать дальше...

Експлозија пред зградата на РТС во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

На паркингот пред зградата на РТС во Белград утрово одекна експлозија, во која едно лице загина, а две се потешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Загинал 65 годишен работник, а двајца други работници на возраст од 64 и 50 години се однесени во болница. Работниците вршеле поправка на системот за климатизација на РТС. Од детонацијата неколку автомобили на државната телевизија се уништени, а искршени се и прозорците на зградата на РТС.

Таргет-Тврдина: Поранешен полициски командир бара отштета за прислушувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Следното рочиште за судскиот предмет „Тврдина-Таргет“, е закажено на 9 декември. Меѓу денешните сведоци во овој предмет беше и поранешниот командир на полициска станица Карпош, Бојан Величковски, кој рече дека се сомневал дека бил незаконски прислушуван и од тие причини поднел барање до СЈО, за да се утврди дали бил незаконски следен. Тој вели дека од овој случај е длабоко навреден, бидејќи скоро четврт век е поврзан со полицијата и од службата не цел ниту денар. Тој бара отштета од 20 илјади евра. Читать дальше...


Музыкальные новости
Тимати

Тимати купил бронированный автомобиль, который занимает два места на парковке





Персональные новости
Татьяна Рязапова

Социальная работа на предприятии: современные тенденции и интересные кейсы





Пензионерите да бидат приоритет за вакцина против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на здруженија на пензионери апелира пензионерите да бидат приоритет при вакцинирањето против ковид-19, оти се ранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. Ковид-19: Преполни болници и уморен персонал „Во име на над 300 илјади возрасни луѓе во нашата земја алелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против ковид-19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет“, се вели во денешното соопштение од Сојузот.

Надежите во вакцините засенчени од брзото ширење на пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Светот ја помина мрачната граница од 1,5 милиони смртни случаи од коронавирус и 65 милиони инфекции во момент на зголемени надежи дека вакцините ќе започнат да ја совладуваат пандемијата во следната година. Но, дали надежите се оправдани?

Ердоган - Убиството на иранскиот научник е насочено против мирот во регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Убиството на иранскиот научник за нуклеарна физика Мохсен Фахризаде е насочено против мирот во регионот, но оние кои имаат таква цел нема да успеат, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани. Ердоган изразил длабока тага поради убиството на Фахризаде и сочувство до иранскиот народ и семејството на научникот. За време на разговорот двајцата претседатели се осврнале и на ситуацијата во Нагорно-Карабах, регионални прашања и начини за развој на меѓусебните односи.

ЕУ подготвена на санкции за Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија е подготвена да ја санкционира Турција поради тоа што продолжува со „еднострани акти и непријателска реторика“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. „Во октомври пруживме рака на Турција и нашата оценка е негативна со оглед на тоа што продолжуваат со едноставни акти и непријателска реторика. Ќе имаме дебата и на европскиот самит на 10 декември и подготвени сме да искористиме средства кои ни се на располагање за санкционирање на оваа ситуација“, рече на конференција за новинари. Читать дальше...

Загубите на македонските железници „изедоа“ една пруга до Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Либерализацијата на железничкиот сообраќај ќе биде готова до 2022 година, очекува министерството за транспорт и врски. Оттаму велат дека до тогаш треба да бидат исполнети сите услови и регислативи во согласност со ЕУ директивите.

Најголем дел од отпуштените работници со договор на дело

SlobodnaEvropa.mk 

Најголем дел од работниците, според ССМ, кои биле отпуштени од почетокот на пандемијата на кооронавирусот досега е поради тоа што имале договор на определено време. Од ССМ бараат во новиот закон да се намали рокот од 5 на 1 година на склучување на таканречените договори на дело.

Спорт в России и мире
Москва

Эксперт рассказала, как правильно выбрать одежду для спортзала


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Теннисист Рублев разбил ракетку после поражения на турнире в Барселоне


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о сохранении экологии Севастополя





Путин в России и мире
Москва

Первый пуск «Ангары-А5М» с Восточного запланирован в 2027 году


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Владимир Зеленский подтвердил ракетный удар по аэродрому в Джанкое


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Григорий Лепс

«Вспыльчивый очень»: Лоза объяснил агрессивное поведение Лепса на концерте



Москва

В Москве на пяти площадках 20 апреля пройдут праздники проекта "Мой спортивный район"

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net