Во болниците во Македонија има 1197 ковид пациенти и 280 слободни места
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1197 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид центрите, информираше МЗ.
Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите
По однос на мерката за носење лична заштита на лице, во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, регистрирани се 644 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), а премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека од денеска се забрануваат и сите летови од Велика Британија кон Македонија поради мутираната верзија на коронавирусот во Обединетото кралство.