Во домот на соборениот судански претседател пронајдени над 130 милиони евра
Во домот на соборениот претседател на Судан, Омар ал Башир, кој е под истрага за перење пари, суданските безбедносни служби пронашле големо количество евра, американски долари и судански фунти, во вкупна вредност од над 130 милиони долари, објави Би-Би-Си. Обвинителството информира дека ќе биде формирана посебна комисија што ќе ја надгледува истрагата за овој корупциски скандал. Башир беше сменет со воен удар пред десет дена, по повеќемесечни масовни антивладини протести низ државата.