Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Новости за 31.07.2018

Попис во Албанија во 2020, за првпат графа националност и верска припадност

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот Институт за статистика во 2020 година ќе спроведе попис на населението, домаќинствата и земјоделските стопанства, девет години по последниот попис. За првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат по своја волја, етничката и верска припадност. Директорката на Институтот, Делина Ибрахимај, вели дека формуларот ќе биде поделен на два столба и тоа со задолжителни и незадолжителни прашања. Прашањата за верската и за етничката припадност, не се задолжителни. Читать дальше...

Мицкоски - Посакувам иднина во која нема да се проституираме како народ

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук-профил напиша дека тој е за иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни и чесни луѓе, а не, како што пишува, аболирани политичари. „Иднина во која нема да се проституираме како народ и држава затоа што уценети и неспособни политичари се во владата, иднина во која нема министрите да си делат грантови и тендери на шибицарски начин“, пишува меѓудругото Мицкоски на Фејсбук. Тој реди низа примери за тоа каква иднина посакува и за каква иднина работи. Читать дальше...



Владата одобри финансиска поддршка за 100 компании

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната 82-ра седница одобри договори за финансиска поддршка на инвестиции со повеќе од 100 компании во земјата, а за првпат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании. Како дополнителна одлука, Владата донесе заклучокот дека компаниите кои се стекнале со право за финансиска поддршка, треба да достават потпишана изјава за конфликт на интереси како дел од документацијата опфатена со договорот. Од Владата до Собранието е доставен и Предлог-законот за обезбедување надомест за уште 1.600 стечајци... Читать дальше...

Во Србија задолжителна употреба на кирилица

SlobodnaEvropa.mk 

Српската Влада, на предлог на Министерството за култура ќе формира Совет за српкиот јазик, кој ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на службената и јавната употреба на кириличното писмо. Целосната комуникација на државните, покраинските и на органите на локалната самоуправа ќе мораат да бидат на српски јазик и на кирилично писмо. Истото ќе важи и за образовните и научните институции и за медиумите на кои основач им е државата, кои имаат државен капитал, како и за електронските медиуми со национални, регионални и локални фрекфенции. Читать дальше...

Киска - „Ноќните волци“ се безбедносен ризик

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Словачка, Андреј Киска, денеска изјави дека базата која неодамна ја поставија руските моторџии „Ноќни волци“, претставуваа безбедносен ризик. „Ноќните волци“ се познати по лојалноста кон претседателот на Русија Владимир Путин, Киска вели дека членовите на „Ноќни волци“ помогнале за припојувањето на Крим кон Русија во 2014 и дека тие не се само безопасни љубители на мотори. По состанокот со шефовите на разузнавачките служби, Киска рече дека постоењето на база во која „ Ноќните... Читать дальше...

Интервентен откуп на пченицата бараат производителите

SlobodnaEvropa.mk 

Интервентен откуп на пченицата, иако е доцна, побараа производителите на лебното зрно од пелагонискиот, полошкиот и од скопскиот регион на денешната средба во Прилеп со Националната федерација на фармерите на Македонија. Според производителите, се исполнуваат законските норми зашто производствената цена од 9,14 денари што ја одреди Министерството за земјоделство е повисока од откупната од 7 до, максимум 8,5 денари каква што е во моментов. Пролетната проекција за род од 200 илјади тони е официјално сведена на откуп на 70 илјади тони пченица.

Иранските власти против предлогот на Трамп за разговори

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти ја критикуваа понудата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека сака да се состане со својот ирански колега за да разговараат за начините за подобрување на врските меѓу двете земји. За иранските власти таквите разговори нема да имаат „никаква вредност“ и би биле „понижување“. Претходно Трамп изјави дека е подготвен да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани без какви било предуслови и во секое време. Претседателот на иранскиот Стратешки совет за надворешни работи... Читать дальше...



Јанушев - Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Власта распиша референдум без да го почитува мислењето на 455.000 граѓани, кои се претставени од ВМРО-ДПМНЕ и до коалицијата „За подобра Македонија“, реагира генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев преку писмено соопштение. Во соопштението тој наведува дека премиерот Зоран Заев насила го турка прашањето за референдумот, само, како што пишува, за да ја покрие капитулацијата во преговорите со Грција и прифаќањето на капитулантски договор. „Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев, зошто се против некој да си дели 10,5 милиони евра... Читать дальше...

Косово ја повлече одлуката за зголемување на царините

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската Влада ја укина одлуката за зголемените царини, соопшти денеска македонскиот министер за економија Кресник Бектеши. „Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна напеточната средба во Приштина“, рече Бектеши. Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто.

„Новости“: Литванија ја блокира Србија во ЕУ поради односите со Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави за белградски „Новости“ дека Србија во преговорите со ЕУ до крајот на оваа година тешко дека ќе може да го отвори поглавјето 31 кое се однесува на надворешната, безбедоносната и одбрамбената политика, а според весникот, причина за ова е блокадата од страна на Литванија поради односите на Белград и Москва. За блокадата на Литванија, Јоксимовиќ вели дека "треба да се сфати дека при оценката на секое прашање од значење за надворешната и безбедносната политика... Читать дальше...

Русија, Иран и Турција во септември на конференција за Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Стефан де Мистура, пратеникот на Обединетите нации за Сирија, планира во септември да свика конференција на земјите кои го гарантираа прекинот на огнот во оваа бликсоисточна земја - Русија, Иран и Турција, објави новинката агенција Асошиејтед прес. Идејата на Де Мистура е на конференцијата да се формира комисија која би го подготвила новиот сириски устав. Де Мистура денеска во рускиот град Сочи се сретна со претставници на овие три земји и ја најави  конференцијата, јави АП.

Брнабиќ: Изоставувањето на косовското прашање е политичка нечесност од Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска остро го критикуваше официјален Лондон, по објавувањето на информациите дека Велика Британија не го вклучила косовското прашање на листата со теми за кои треба да се разговара за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во текот на август. „Сметам дека тоа е несериозно. Особено од земја која излегува од ЕУ. Не можам да разберам дека некој од една страна сака да биде домаќин на состанокот, а од друга страна не сака да ја стави во агендата темата за Косово. Читать дальше...

Брнабиќ: Изоставувањето на косовското прашање е нечесен потег на Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска остро го критикуваше официјален Лондон, по објавувањето на информациите дека Велика Британија не го вклучила косовското прашање на листата со теми за кои треба да се разговара за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во текот на август. „Сметам дека тоа е несериозно. Особено од земја која излегува од ЕУ. Не можам да разберам дека некој од една страна сака да биде домаќин на состанокот, а од друга страна не сака да ја стави во агендата темата за Косово. Читать дальше...

Направивме се за што помалку штета со гасоводот на Водно, тврди Анѓушев

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска изјави дека гасоводот низ Водно има регуларна градежна дозвола и за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи. Според вицепремиерот, станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните. Одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Владата, Анѓушев нагласи дека одложувањето на изградбата на гасоводот ќе значи... Читать дальше...

Медиумите да известуваат професионално за време на референдумот, бара АВМУ

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска повика медиумите за време на референдумот да известуваат професионално, да не заземаат страни при известувањето како и да емитуваат пораки насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјата, кон поттикнување, повикување или кон разгорување воена агресија, говор на омраза или да поттикнуваат национална, верска, расна и етничка омраза, ксенофобија или други форми на омраза. Директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, на денешната... Читать дальше...

Џафери: Во кампањата за референдумот можат да учествуваат сите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Парламентот Талат Џафери очекува кампањата за референдумот да почне на 10 септември, до кога се планира да работи и Собранието. Иако предлагачи на одлуката се пратениците, Џафери вели дека во кампањата за референдумот би можеле да учествуваат политичките партии, невладиниот сектор, но и Владата, па дури и Собранието. Според него, и тие што ќе се определат да не учествуваат на референдумот, ќе имаат некаква кампања.  „Предлагачи се пратениците, а тие се претставници на политички партии... Читать дальше...

Заев: Ако граѓаните останат дома, одлуката е на институциите

SlobodnaEvropa.mk 

Не размислувам за неуспешен референдум и за не постигнат цензус, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Но, доколку граѓаните одлучат да останат дома во таков случај тие ја пренесуваат одлуката на институциите. Заев ги повика граѓаните да излезат на референдум бидејќи тоа, според него е обврска пред татковината.

Извештај на Стејт департментот за Албанија: Корупција, нетранспарентност, проблематично судство

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент во својот извештај за инвестициската клима во Албанија за 2018 година изразува загриженост во врска со корупцијата и нетранспарентноста на тендерите и наведува дека Албанија се смета за место каде е тешко да се води бизнис и каде се фаворизираат компании поврзани со политиката. Со загриженост се известува и за проектите за јавно приватно партнерство кои се проценува дека имаат ограничена конкуренција и оти нема анализа за нивните трошоци и добивки. Сопственоста... Читать дальше...


Музыкальные новости
Александр Розенбаум

Александр Розенбаум рассказал о дополнительном источнике дохода: "Не бомжовые заведения"





Персональные новости
Чемпионат

В Орле определился победитель Чемпионата Черноземья по хоккею с шайбой





Џафери: И да не успее референдумот, процесот продолжува

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери не ја отфрли можноста, доколку референдумот за Договорот со Грција не успее, Собранието да продолжи со спроведувањето на Договорот. Ниедна сериозна институција не може да поставува бариери кои после нема да може да ги надмине, вели тој.

Референдумот распишан, многу работи нејасни

SlobodnaEvropa.mk 

Кога точно почнува кампањата за референдумот и кој ќе ја финансира кампањата се две прашања кои не се точно прецизирани во Законот за референдум. Уставните експерти посочуваат на овие недоследности, а од надлежните институции најавуваат прецизирање деновиве.

Заев: Излезете на референдум, не дозволувајте никој да ве поколеба

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните на Македонија да излезат на референдумот, распишан за 30 септември, бидејќи сега е моментот секој граѓанин на земјата да ја преземе одговорноста за иднината, повика денеска премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека граѓаните не смеат да дозволат „никој да ги поколеба“ да илезат и да го кажат своето мислење за Договорот од Преспа и за влезот на земјата во ЕУ и НАТО и додаде дека Владата ќе го почитува исходот од демократскиот избор, без разлика на резултатот.  „Вашиот глас е ваше право. Читать дальше...

Командантот на НАТО во Европа во посета на Турција во време на затегнати односи со САД

SlobodnaEvropa.mk 

Генерал Кертис Скапароти, командантот на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа, од утре ќе биде во официјална посета на Турција, објави АП. Како што јави Анадолија, предвидено е американскиот генерал да се сретне со високи турски официјални претставници со кои ќе разговара за состојбата во Сирија, пред се во нејзините северни делови, каде се распоредни припадници на Вооружените сили на Турција. Посетата на Сакапароти на Турција доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу Вашингтон и Анкара... Читать дальше...

Трошоците за референдумот нема да ги загрозат капиталните инвестиции, тврди Анѓушев

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, тврди дека парите кои ќе бидат издвоени од буџетот за организирање на референдумот битно нема да го променат износот на пари во државната каса наменети за капитални инвестиции кои, според него, во наредниот период ќе се реализираат со побрзо темпо за разлика од првите шест месеци. „Слушнавме дека сумата која е потребна за организирање на референдумот е 3,5 милиони евра. Тоа е е под еден отсто од вкупните 400 милиони евра кои се издвојуваат од буџетот... Читать дальше...

Прва оставка по објавувањето на извештајот за исчезнувањето на малезискиот авион

SlobodnaEvropa.mk 

Азхарудин Абдул Рахман, директорот на Малезиското цивилно воздухопловство денеска поднесе оставка од функцијата, по вчерашното објавување на извештајот од истрагата во кој нема ниту еден нов податок за неразјаснетото исчезнување на авионот на „Малезијан ерлајнс“ МХ370 во 2014 година, со 239 патници, објави АП. „Истражителите не можеле да ја утврдат точната причина за исчезнувањето на МХ370“, стои во извештајот претставен вчера пред семејствата на жртвите во министерството за сообраќај. Овој конечен... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Команда Орловской области стала победителем хоккейного турнира среди команд Черноземья


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Прямая трансляция матчей Рыбакиной и Путинцевой за выход в 1/8 финала турнира в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Москве прошел ливень «летней интенсивности»





Путин в России и мире
Москва

Париж решил показать, что такое ядерное сдерживание России по-французски


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Басманный суд Москвы арестовал продюсера Reuters Константина Габова за помощь ФБК в подготовке материалов



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт «Стихи войны и мира. Баллада о своих»



Москва

Подмосковный нарколог объяснил опасность шашлыка с алкоголем

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net