Медиумите да известуваат професионално за време на референдумот, бара АВМУ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска повика медиумите за време на референдумот да известуваат професионално, да не заземаат страни при известувањето како и да емитуваат пораки насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјата, кон поттикнување, повикување или кон разгорување воена агресија, говор на омраза или да поттикнуваат национална, верска, расна и етничка омраза, ксенофобија или други форми на омраза.
Директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, на денешната прес-конференција рече дека изработиле препораки, кои сега се во нацрт верзија, за известувањето на медиумите за референдумот. Препораките, како што рече, ќе бидат финални после 17 август откако детално ќе бидат разгледани сите забелешки и предлози, што можат да ги даваат и самите медиуми.
Од Агенцијата очекуваат непристрасно и ненаметливо известување, медиумите да не го наметнуваат своето мислење во информативните изданија и да го покриваат референдумот во согласност со одредбите и принципите утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и Законот за референдум.