123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Новости за 03.07.2018

Искривени бандери, паѓаат кабли, слаб напон во кумановските населби

SlobodnaEvropa.mk 

Жителите на кумановско Долно Којнаре се жалат дека напонот е премногу низок, па не можат да вклучат по два електрични апарати истовремено. Исто така се жалат дека дотраените бандери и каблите претставуваат опасност.

Двајца повредени во престрелка во училиште во Канзас

SlobodnaEvropa.mk 

Две лица се тешко повредени во пукање во основно училиште во сојузната американска држава Канзас. Портпаролот на локалната полиција Џон Лејси изјави дека се претпоставува оти на пукањето му претходела расправија меѓу работници кои поставувале вештачка трева во дворот на училиштето. За време на пукањето во училиштето немало ученици. Осомничениот напаѓач избегал, а полицијата трага по него.

МВР ги отфрла обвинувањата за деградирање припадници на специјалните единици

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се неточни и ги оцени како крајно манипулативни обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека без причина се деградираат припадници на специјални единици и обучени професионалци, со тоа што, како што тврди опозициската партија, им се делат решенија за пониски работни места и позиции. “По денешната прес-конференција на политичка партија, на којашто беа изнесени целосно неточни и тенденциозни наводи околу наводно „деградирање и шиканирање“ на припадници на Единицата... Читать дальше...



Трамп испрати остри писма до сојузниците на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп им испратил писма на лидерите на неколку земји членки на Алијансата, во кои ги предупредил на нивните ниски трошоци за одбраната. Во писмата, како што пишува Њујорк Тајмс, предупредува дека САД се се повеќе незадоволни од неподготвеноста на земјите членки на НАТО да ги исполнат своите обврски кон воениот сојуз. Трамп неколкупати досега ги критикуваше членките на НАТО дека трошат помалку од 2 отсто од својот бруто домашен производ на одбраната. Тензиите помеѓу... Читать дальше...

Тунис доби жена градоначалник

SlobodnaEvropa.mk 

Суад Абдерахим, која беше прва на листата на исламистичката партија „Ан Нахда“ на локалните избори во Тунис, е избрана за градоначалничка на истоимениот главен град на земјата со што стана првата жена на оваа функција. Абдерахим, која е член на политичкото тело на „Ан Нахда“, но се изјаснува како независна, беше избрана денеска од страна на новите општински советници со 26 гласа, наспроти 22 колку што доби нејзиниот ривал Камел Идир. “Ја посветувам победата на сите жени во мојата земја, на целата младина на Тунис. Читать дальше...

Димитров: Европскиот парламент подготвува резолуција за Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент подготвува нацрт резолуција за Македонија што ќе се разгледува во август, најпрво во комитетот за надворешна политика АФЕТ, а потоа и на пленарна седница, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур. Димитров посочи дека тајмингот на неговата посета на ЕП е многу важен. “Прво конечно ги отвараме европските порти. Тука сум да барам поддршка од Европскиот парламент, институција што долги години... Читать дальше...

Шекеринска: Никој ниту во ЕУ, ниту во НАТО не побарал кампови за бегалци

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека никој ниту во Европската унија, ниту во НАТО не побарал отворање бегалски кампови во Македонија. “Без разлика на шпекулациите и лажните вести, кои се ширеа во Македонија најoдговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ или на НАТО, никој не го спомнал прашањето за справување со миграцијата. Во минатото само ни честитаа за тоа како сме помогнале, но ниту еден не излегол со инцијатива или барање за какви било кампови за бегалци. Читать дальше...

Путин и Трамп можат да разговараат без помошници

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ денеска соопшти дека претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин би можеле да разговараат насамо, без присуство на соработници, на претстојниот самит во Хелсинки. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека двете страни се согласиле дека двајцата лидери би можеле да имаат состанок насамо, пред почетокот на самитот кој е закажан за 16 јули, во главниот град на Финска. Песков рече дека Путин се согласува со тоа се со цел соговорниците да се чувствуваат удобно. Состанокот... Читать дальше...



Пилешкото од Бразил на македонскиот пазар е безбедно

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега нема добиено нотификација за пласирано небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил во Република Македонија. Како што соопшти, врз основа на извршените лабораториски испитувања досега не се добиени позитивни резултати, односно месото кое е пласирано на македонскиот пазар е безбедно, а годинава нема уништени или вратени пратки со пилешко месо со потекло од Бразил. “Во однос на месото кое се увезува од Бразил, вклучително и пилешкото, од секоја пратка... Читать дальше...

Јункер: Мигрантскиот договор најверојатно е во согласност европските закони

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека договорот за миграцијата постигнат помеѓу партиите во германската владејачка коалиција, изгледа дека е во согласност со законодавството на Европска Унија. "Не сум го проучил во детали, но на прв поглед ми изгледа дека е согласност со законодавството на ЕУ," посочи Јункер додавајќи дека треба детално да го проучат службите на ЕК. Претходно, ЕК информираше дека ќе го анализира договорот што синоќа го постигнаа Христијанско демократската... Читать дальше...

Потона траект во Индонезија, најмалку 12 мртви

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и две деца загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при потпнување на траект. Траектот потонал на 200 метри од брегот, а на него, според официјални податоци, имало 139 патници. Тракетот превезувал автомобили, камиони и мотоцикли. До сега се спасени 30 лица, а осум се хоспитализирани. Минатиот месец потона претоварен тракет во индонезиското езеро Тоба, едно од најдлабоките вулкански езера во светот, при што загинаа околу 200 луѓе. Во Индонезија често... Читать дальше...

Трамп: Разговорите со Пјонгјанг одат во добра насока

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека разговорите со Пјонгјанг се движат во добра насока. „Многу добри разговори со Северна Кореја, добро оди“, напиша Трамп на Твитер. Неговата изјава е неколку денови пред посетата на државниот секретар Мајк Помпео на Северна Кореја. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс синоќа најави дека Помпео в четврток ќе отпатува во Северна Кореја на преговори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Тоа... Читать дальше...

Буџетот за бесплатното болничко лекување ќе биде 7,6 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев изјави дека буџетот за бесплатното болничко лекување кое, според владините најави, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. „Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и граѓаните нема да плаќаат за болничко лекување“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Прилеп.

Македонската уметничка група Асемблаж атлас со изложба во Љубљана

SlobodnaEvropa.mk 

Насловена како „Paragraphie“, од 15 јуни до 7 јули, во Галеријата „Добра вага“ во Љубљана, Словенија, се одржува изложбата на уметничката група Асемблаж атлас, која ја сочинуваат младите македонски уметници Ана Јовановска, Анастасија Пандиловска и Амир Карахасан.

Инфлацијата во Турција на рекордно ниво

SlobodnaEvropa.mk 

Инфлацијата во Турција значително се зголеми во јуни, достигнувајќи 15,39 отсто, по претседателските и парламентарните избори, објави Институтот за статистика на Турција. Според податоците на Институтот, потрошувачките цени се зголемени за 2,61 отсто од мај кога достигнаа највисоко ниво. Во мај инфлацијата изнесуваше 12,15 отсто, а во април 10,85 отсто. Најголем месечен пораст на цените е забележан кај храната и безалкохолните пијалоци - 5,98 проценти. Најголем пораст на цените на годишна основа има кај транспортот - 24,26 проценти. Читать дальше...

Опозицијата в недела на протестен марш во Струмица

SlobodnaEvropa.mk 

Се чувствуваш несигурно, денот ти започнува и завршува со грижи, децата растат, а во секојдневието ја имаш грижата како да ги задоволиш нивните основни потреби, храна, облека... а премиерот дополнително ти вели името Македонија морало да се избрише. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, ги повика граѓаните незадоволни од власта на протестен марш в недела во Струмица. „Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа ве повикувам на протестен марш во Струмица, во недела, со почеток во 13 часот. Читать дальше...

Министрите ќе расправаат за „Еурокомпозит“, вработените кампуваат пред Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска ќе ги има на дневен ред како посебна точка состојбите во прилепски „Еурокомпозит“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за плановите за фабриката, чии вработени денеска претпладне излегоа на протест пред Владата и поставија шатори. „Станува збор за 'купување месеци' додека не заврши комплетната процена за објавување на продажба. Паралелно со тоа, планираме и пакет за испраќање технолошки вишок на оние вработени кои сакаат да заминат. Конечната цел ни е интересот на работниците... Читать дальше...

Во Албанија запленети 50 тони бразилско пилешко месо со салмонела

SlobodnaEvropa.mk 

Два контејнери со 50 тони пилешко месо заразено со салмонела запленила Албанската национална агенција за храна, објавија албанските медиуми. Според Агенцијата, примероци од запленетото месо биле дадени на анализа која покажала присуство на високо ниво на салмонела, по што веднаш е почната процедура за враќање на месото. Во текот на оваа година, блокирани се и вратени пет други контејнери со 130 тони месо увезено од Бразил, објавија локалните медиуми.

Заев: Референдумското прашање се уште не е утврдено

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека референдумското прашање се уште не се знае и додаде дека со партиите и со граѓанскиот сектор ќе се утврди дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но дека во секој случај резултатот ќе биде задолжителен. „За ова прашање немаме разговарано. Веројатно, чекаме да завршат интеграциите, односно 11 и 12 јули кога се нашите очекувања за поканата во НАТО алијансата. Веднаш потоа државата ќе ја отвори дебатата, ќе го утврдиме веројатно и терминот за одржување на референдумот... Читать дальше...


Музыкальные новости
Концерт

Концерт в музее-заповеднике П.И. Чайковского





Персональные новости
Россия

Путешествовать по России в майские праздники будут 2,8 миллиона туристов





ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги излажа младите

SlobodnaEvropa.mk 

Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Стефан Богоев ветуваа дека младите по завршување на своето образование ќе добијат понуда за вработување, практиканство или дообука и тоа како проект кој ќе го реализираат уште во првите шест месеци од новата влада. Помина повеќе од една година, а ни трага ни глас од овој проект, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ ги излажа младите. Најавуваната младинска гаранција е огромналага. Безперспективноста е поголема од било кога до сега. Власта... Читать дальше...

Именување на членовите на ДИК до крајот на неделава?

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев, денеска во Прилеп, изјави дека до крајот на неделата собраниската Комисија за избори и именувања ќе ги именува членовите на Државната изборна комисија. „Она што го слушнав вчера, додека беа пратеничките прашања, е дека чекаме на одлука на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги утврди своите претставници, како и ДУИ. Веројатно помалата опозициска партија го има тоа направено и како што ме информираа координаторите на пратеничките групи, тоа ќе се заврши“, рече Заев.

Еден убиен и еден ранет во оружен напад во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Едно лице е убиено, а друго е рането во денешниот оружен напад во зградата на Трговско-индустриската комора во јужниот турски град Осамние. Како што јави телевизијата НТВ, при нападот биле ранети претседателот на Комората во Османие, Деврим Алсој, и неговиот заменик Јасан Ерсој, кој набрзо в болница им подлегнал на здобиените повреди. Засега нема повеќе детали за нападот, како ни за извршителот и неговите мотиви.

Се подготвува план за спасување на децата заглавени во пештера во Тајланд

SlobodnaEvropa.mk 

Британски спасувачи-нуркачи ноќеска успеале да ги пронајдат момчињата-членови на фудбалски клуб кои заедно со невниот тренер се заглавени во пештера во Тајланд, јавија западните новински агенции. Децата се пронајдени живи и само со полесни здравствени проблеми, но ќе мора да се почека да се подготви планот за нивно спасување од поплавената внатрешност на пештерата. Децата на возраст од 11 до 16 години биле пронајдени на три километри оддалеченост од главниот влез во пештерата. Со децата останал... Читать дальше...

Судењето на Јанкулоска за „Титаник“ одложено за 16 август

SlobodnaEvropa.mk 

Судот денеска го одложи судењето за предметот „Титаник“ за 16 август поради породилното отсуство на обвинетата поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. „Да е живо и здраво бебето“, рече во Судот судијата Осман Шабани и ги задолжи адвокатите на одбраната да ѝ пренесат на Јанкулоска дека ѝ се дадени 45 дена да биде со бебето, но дека мора да се јави на рочиште на 16 август. Шабани соопшти дека „Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска побарале да се исклучи јавноста кога ќе се... Читать дальше...

Коѕијас: Во Парламентот има мнозинство за Договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Сто Кокино“, изјави дека во грчкиот во Парламент има мнозинство пратеници кои, според тоа што го изјавувале, ќе го поддржат Договорот за името. Коѕијас одби да ја коментира изјавата на неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос каменос, кој денеска рече дека ако за Договорот нема мнозинство од 180 пратеници, тогаш решението е референдум или избори. „Немам никаква намера да го коментирам Каменос, не е во моја надлежност. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

RU.TV превращает Русскую Музыкальную Премию в Мюзикл


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко: я предпочитаю смотреть мужской теннис, а не женский


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Сенсорный сад с экотропами появится в Бутырском районе Москвы





Путин в России и мире
Москва

Киркоров и Пелагея спели для амурчан-бамовцев в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

В Минске открывается ВНС: что будет




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Проводивший панихиду по Навальному* священник запрещен в служении



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Александр Розенбаум

«Это не бомжовые заведения»: 72-летний Александр Розенбаум зарабатывает миллионы на пивном бизнесе



Москва

В Подмосковье начали курсировать новые автобусы Yutong

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net