123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Новости за 08.07.2018

Лемер - САД сакаат да ги поделат Франција и Германија за меѓународната трговија

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот министер за економија и финансии Бруно Лемер денеска изјави дека САД сакаат да „ги поделат Франција и Германија по прашањето на меѓународната трговија“. „Европските земји треба да формираат блок зашто нашите партнери или противници сакаат да нè поделат“, рече Лемер на економскиот состанок во југоисточна Франција. Од почетокот на годинава, американскиот претседател Доналд Трамп воведува дополнителни царини врз своите трговски партнери со што предизвика загриженост. Белата куќа на 1... Читать дальше...

Мицкоски апелира за амнестија за 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното обраќање по завршувањето на протестниот марш во Струмица, апелираше дека е потребан аманестија за луѓето од 27 април, затоа што, како што рече, мора да се продолжи напред. „Но, нема напред ако живееме во минатото. Мора да му дојде крајот на политичкиот реваншизам, бидејќи доста се делиме на наши и ваши, на Македонци и помалку“, рече тој. Мицкоски додаде дека ВМРО ДПМНЕ има пет пратеници кои се товарат за, како што вели, нешто што не го направиле, односно за тероризам. Читать дальше...

Спасени четири момчиња од пештерата во Тајланд

SlobodnaEvropa.mk 

Тајландските власти соопштија дека досега се спасени четири момчиња од вкупно 13 луѓе кои беа заглавени во поплавената пештера. Тие беа заробени во пештерата повеќе од две недели. Спасувачи денеска започнаа со мисија за извлекување на 12 момчиња и на нивниот тренер. Спасувачката операција може да трае од три до четири денови во зависност од времето. Светските медиуми наведуваат дека спасените момчиња се однесени во болница. Редоследот за спасување го одредиле лекари во пештерата, а прво се извлекуваат најслабите момчиња.



Спасени шест момчиња од пештерата во Тајланд

SlobodnaEvropa.mk 

Тајландските власти соопштија дека досега се спасени шест момчиња од вкупно 13 луѓе кои беа заглавени во поплавената пештера. Тие беа заробени во пештерата повеќе од две недели. Спасувачи денеска започнаа со мисија за извлекување на 12 момчиња и на нивниот тренер. Спасувачката операција може да трае од три до четири денови во зависност од времето. Светските медиуми наведуваат дека спасените момчиња се однесени во болница. Редоследот за спасување го одредиле лекари во пештерата, а прво се извлекуваат најслабите момчиња.

ФИФА отвори истрага против хрватскиот репрезентативец Домагој Вида

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА отвори истрага, откако синоќа хрватскиот репрезентативец Домагој Вида извика „Слава на Украина“ по победата на Хрватска против домаќинот Русија на пенали во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство. ФИФА наведува дека отворила истрага по објавувањето на видео снимката на која се појавуваат Вида и скаутот на хрватската репрезентација, поранешниот репрезентативец Огњен Вукојевиќ. Вида извикнува „Слава на Украина“, а Вукојевиќ дека победата е „за Динамо и за Украина“. Читать дальше...

Извлечени првите две момчиња од пештерата во Тајланд

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачите ги извлекоа првите две од вкупно 12 момчиња кои се заглавени во поплавена пештера во Тајланд, објави Би-Би-Си. Операцијата за спасување почна изутрината. Во операцијата учествуваат 13 странски и двајца тајландски нуркачи. По двајца нуркачи придружуваат едно дете додека да го извлечат од пештерата. Беше соопштено дека за извлекувањето на секое дете од пештерата се потребни околу 11 часа. Децата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер се заробени во поплавената пештера 12 дена... Читать дальше...

Вучиќ в понеделник на инаугурацијата на Ердоган

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Република Турција, каде ќе присуствува на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, информираа од кабинетот на српскиот претседател. Честитајќи му ја победата на Ердоган, кој победи во првиот круг од претседателските избори на 24 јуни, Вучиќ истакна дека „Србија ќе продолжи да биде достоен партнер на Турција и на нејзиното лидерство“.

Помпео ги отфрли обвинувањата од Северна Кореја за „гангстерско“ однесување

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли обвинувањата од Северна Кореја за „гангстерско“ однесување и рече дека санкциите ќе останат на сила додека Пјонгјанг не го исполни ветувањето на лидерот Ким Џонг Ун за ослободување од нуклеарното оружје. По средбите со неговите колеги од Јапонија и од Јужна Кореја во Токио, Помпео денеска рече дека санкциите ќе останат во сила до целосно верифицирање на денуклеаризацијата договорена меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Читать дальше...



Отворање перспективи за продлабочување на економската соработка со Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Ги отвораме перспективите за продлабочување на економската соработка со Народна Република Кина и сакаме да соработуваме на проекти кои ќе придонесат за инфраструктурен и економски развој на земјата. Ова го истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со кинескиот премиер Кечијанг на маргините на 7. Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1), што вчера се одржа во Софија. На средбата присуствувале и делегации на владите на двете земји. Читать дальше...

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска во 13 часот најави протест во Струмица. „Заев со леснотија се откажа од целокупната историја. За жал човекот кој денес е премиер, нема чувство за припадност и потврди дека Република Македонија не му значи ништо. За да престанат штетите, Заев треба да замине од власта која не ја заслужува“, се наведува во соопштението на партијата со кое ги повикаа граѓаните да им се приклучат.

Десетици загинати во поплавите во Јапонија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 48 луѓе загинаа во поројните дождови на југот и на западот на Јапонија, соопштија денеска јапонските власти. Телевизијата ХНК објави дека во невремето загинале најмалку 65 луѓе, а 61 се водат како исчезнати. Рекордни врнежи од дожд се регистрирани во повеќе области, меѓу кои Хирошима, Кјото и Окајама. Дождот предизвика порои, свлечишта и поплави, а многумина жители останаа блокирани пред почетокот на евакуацијата. Сезоната на поројни дождови секоја година ги погодува руралните подрачја во Јапонија... Читать дальше...

Продажба на алкохолни пијалаци без временско ограничување

SlobodnaEvropa.mk 

Алкохолни пијалаци од вчера може да се купат во кое било време во текот на денот или ноќта, откако стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите. Собранието на Република Македонија пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, предложени од Владата во мај годинава. Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Читать дальше...

Турција отпушти над 18 илјади државни службеници

SlobodnaEvropa.mk 

Турција денеска издаде уредба со која се отпуштени над 18 илјади државни службеници, од кои половина се припадници на полицијата.  Одлуката за отпуштање на државните службеници беше донесена по победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите, што беа одржани пред две недели.  Турските медиуми наведоа дека уредбата е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба во земјата, што е на сила од јули 2016 година, а беше воведена по неуспешниот државен удар.

Почна операцијата за спасување на тајландските деца од пештерата

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачите во Тајланд ја почнаа операцијата за евакуација на 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер од една пештера каде што се заробени повеќе од две недели. „Времето е убаво. Нивото на водата е добро. Нуркачите се спремни. Момчињата се физички, емоционално и ментално подготвени да излезат“, рече гувернерот на провинцијата Чианг Раи, Наронгсак Осотанакорн, кој ги предводи спасувачките напори. Властите велат дека во операцијата земаат учество „нуркачи од целиот свет, претежно од Европа“ и оти... Читать дальше...

Временска прогноза - Променливо облачно со локален дожд и грмежи

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а околу пладне и во попладневните часови променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.  Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 19 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува седум. Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Читать дальше...

Шекеринска – Референдумот е историска шанса и историска одговорност

SlobodnaEvropa.mk 

Ја имаме историската шанса, но ја носиме и историската одговорност. Кога ќе помислиме што сакаме да им оставиме во аманет на следните генерации, убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Шекеринска – Референдумот е историска шанса и одговорност

SlobodnaEvropa.mk 

Ја имаме историската шанса, но ја носиме и историската одговорност. Кога ќе помислиме што сакаме да им оставиме во аманет на следните генерации, убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Шекеринска – Иванов да не ги спречува граѓаните да се изјаснат за договорот со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Со непотпишувањето на договорот со Грција, претседателот Иванов не го гази само Уставот, туку става вето и на можноста на граѓаните да одлучат за својата земја, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Хрватска – Англија и Белгија – Франција во полуфиналето на Светското првенство

SlobodnaEvropa.mk 

Со победата 4-3 на пенали против домаќинот Русија, Хрватска избори пласман во полуфиналето на светското фудбалско првенство. Во регуларниот тек, натпреварот заврши 1-1, а по продолженијата повторно беше нерешено 2-2. Во полуфиналето Хрватите ќе се соочат со Англија која попладнево ја победи Шведска со 2-0. Во другиот полуфинален меч ќе играат Франција и Белгија. Франција во четвртфиналето беше подобра од Уругвај 2-0, а Белгија со 2-1 ги исфрли Бразилците. Полуфиналните натпревари се играат во вторник и в среда.

Спорт в России и мире
Москва

МФК «Динамо Пушкино» вошел в топ-8 команд Всероссийского футбольного турнира «Кубок Казани»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

П’ять українок отримали суперниць в основі турніру WTA 1000 в Мадриді: результат жеребкування


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Регоператор провел экологический телемост между школьниками Подольска и Москвы





Путин в России и мире
Москва

Площадь трех вокзалов в Москве переименуют


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко ограничил выплату дивидендов гражданам недружественных стран




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Байден заверил Зеленского в скорых поставках новых пакетов помощи


Навальный в России и мире
Москва

Патриарх Кирилл запретил в служении священника, проводившего панихиду по Алексею Навальному



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Metallica

Случай на концерте Metallica в России



Москва

Из суда вывели полусогнутым: замглавы Минобороны Иванова и его друга отправили в СИЗО

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net