Комитите и Мицкоски му оддадоа почит на навивачот Никола Саздовски
Неколку стотина граѓани денеска се собраа пред Собранието во знак на протест и да изразат жалење за смртта на членот на навивачката група Комити и фан на фудбалскиот клуб Вардар, Никола Саздовски. Свеќа запали и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој дојде облечен во дрес на Вардар. По оддавањето почит, тој го соблече дресот и го остави на масата каде беше поставена фотографија со ликот на 21-годишниот Саздовски по што си замина. Комитите донесоа знаме со ликот на Саздовски и го закачија на заштитната ограда на Собранието. Читать дальше...