Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Новости за 20.07.2018

17 загинати во потонување на туристички брод во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Во несреќата на туристичкиот брод кој се преврте во невреме во САД загинаа 17 луѓе, соопштија властите. Ова е новиот биланс на жртви откако нуркачите денеска ги пронајдоа телата на последните четири исчезнати лица. Бродот синоќа се преврте и потона во езеро во сојузната држава Мисури. На бродот имало 31 лице, а од преживеаните 14, седум се повредени. Во време на несреќата, ветрот дувал до брзина од 105 километри на час. Невремето, според очевидците, почнало одненадеж.

Шпанија спаси 450 мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Шпанската поморска спасувачка служба соопшти дека нејзините припадници денеска спасиле 450 луѓе кои се обидувале од Северна Африка да стигнат во Европа. Се соопштува дека 294 мигранти пловеле преку Гибралтарскиот Проток во 17 бродови и оти бројот може да биде поголем со оглед на тоа што сè уште се трага по два брода. Малку на исток, од три брода се извлечени 156 мигранти, меѓу кои и 30 жени и шест деца. Агенцијата за миграции на ОН информира дека од почетокот на годинава во Шпанија стигнале повеќе од 18 илјади мигранти.

Битола во ритамот на „Локум фест-музика и традиција 2018“

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на реномирани ансамбли од Бугарија, Турција, Словенија, Индија и од Македонија, во Битола, од 19 до 21 јули, се одржува 12-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. Станува збор за манифестација којашто ја слави традицијата, културното наследство и повикува на чествување на различноста низ музика и изложби.



ЕК: Косовските царини имаат негативен ефект врз регионалната трговија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Комисија бара итни појаснувања од косовската влада за воведувањето царини врз овошјето и зеленчукот, јави дописничката на МИА од Брисел. Испратено е писмо до косовските власти во кое се предупредува за негативните ефекти на таа одлука. „Европската комисија побара итни појаснувања од властите во Косово по одлуката на владата донесена на 17 јули, која има негативни ефекти врз регионалната трговија. Комисијата очекува обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово да се... Читать дальше...

Неделници - Руски пари, спас од затвор и сива економија

SlobodnaEvropa.mk 

Фокус анализира за руските пари дадени да се организраат протести против Договорот за името, понатаму пишува и дека Груевски може да куртули од затвор ако Тенк и Траекторија застарат пред Суд. Капитал, пак, пишува за борбата против сивата економија.

Орбан со писмо до Заев го поздрави договорот со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан до кабинетот на премиерот Зоран Заев упатил писмо со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји.  Како што се наведува во соопштението од Владата, во писмото, кое премиерот на Унгарија Орбан го потпишува и во име на Вишеградската четворка, тој го поздравува решението што двете земји, Република Македонија и Република Грција, го постигнаа во врска со прашањето за името.  Премиерот Орбан, се посочува... Читать дальше...

Тензично на Комисијата за европски прашања, повторно дадена пауза

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Групи поради тензична атмосфера по трет пат даде пауза на седницата на која се расправа за Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка во второ читање. Паузата ќе трае до 19:30 часот. Се води расправа за вториот амандман од вкупно 400-ни кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Комисиската расправа треба да заврши до полноќ, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце, треба да трае два дена.

Бугарската Влада не смее да потпишува билатерални договори за мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот Парламент денеска усвои Резолуција со која на Владата ѝ се забранува да потпишува билатерални договори со други земји од Европската унија за реадмисија на мигранти, кои во Европа влегле преку тие држави. Резолуцијата ја поддржаа 177 пратеници, кои одлучија и дека бугарската Влада, предводена од премиерот Бојко Борисов, до крајот на септември треба да го претстави бугарскиот предлог за реформа на Даблинскиот договор. Бугарија поддржува затворање на надворешните граници на ЕУ за мигранти... Читать дальше...



Истрага за тортура во руски затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти ја истражуваат видео снимката на која се гледа измачување на затвореник од страна на затворските чувари во регионот Јарослав. Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека отвориле истрага за „криминал“ извршен од вработени во затворот во Јарослав. Истрага отвориле и затворските власти. Десетминутната видео снимка беше објавена денеска од страна на независниот весник Новаја газета. Тие велат дека ја добиле од невладината организација за човекови права „Јавна пресуда“. Според весникот... Читать дальше...

Чизов - Протерувањето руски дипломати од Грција е под влијание однадвор

SlobodnaEvropa.mk 

Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека одлуката на Грција да протера руски дипломати е предизвикана под влијание однадвор. „Не е можно да се објасни тоа на логичен и разумен начин. Тоа е повеќе од очигледна провокација. Толку е очигледна да не можам да верувам дека зад неа се само Грци, а добро ја познавам таа држава“, изјави Чижов за Канал Росија 24. Тој е уверен дека „надворешното влијание постои и зад правно сомнителниот договор за името на Македонија“. Читать дальше...

Чижов - Протерувањето руски дипломати од Грција е под влијание однадвор

SlobodnaEvropa.mk 

Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека одлуката на Грција да протера руски дипломати е предизвикана под влијание однадвор. „Не е можно да се објасни тоа на логичен и разумен начин. Тоа е повеќе од очигледна провокација. Толку е очигледна да не можам да верувам дека зад неа се само Грци, а добро ја познавам таа држава“, изјави Чижов за Канал Росија 24. Тој е уверен дека „надворешното влијание постои и зад правно сомнителниот договор за името на Македонија“. Читать дальше...

Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор поради антируски изјави

SlobodnaEvropa.mk 

Руската влада го повика на разговор грчкиот амбасадор во знак на протест поради протерувањето на двајца руски дипломати, како дел од несогласување околу плановите на Македонија за членство во НАТО. Руското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение информира дека грчкиот амбасадор Андреас Фриганас бил повикан денеска за да му се изрази „одлучен протест против континуираните антируски изјави од грчката страна“. Грчката агенција „АНА“ соопшти дека грчкиот амбасадор имал „пријателски разговор“. Читать дальше...

Напад во автобус во германскиот град Либек

SlobodnaEvropa.mk 

Германската полиција соопшти дека неколку луѓе се повредени во напад во полн автобус во Либек, како и дека напаѓачот е уапсен. Не беа соопштени повеќе детали. Портпаролот на полицијата изјави дека надлежните се обидуваат да ги утврдат околностите на нападот.

Меркел: Не можеме да се потпреме на суперсилата САД

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел го оцени односот на Германија и САД како клучен и покрај минатонеделната изјава на претседателот Доналд Трамп дека Берлин е заробеник на Москва, објави Ројтерс. На прашањето за нејзиниот однос со Трамп, Меркел рече дека „досегашните вообичаени односи сега се под притисок“. Германската канцеларка ја поздрави поканата на Трамп до рускиот претседател Владимир Путин наесен во Вашингтон, со оценка дека  средбите на лидерите на САД и Русија треба да бидат нешто нормално. Читать дальше...

Димитров: Со контра-мерки за косовските царини ќе направиме уште полошо

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот министер за надворшени работи Никола Димитров вели дека ако Македонија воведе контра мерки поради зголемувањето на косовските царини за овошјето и зеленчукот, работата ќе ескалира во лош правец. Тој, на заедничка прес-конференција со неговиот косовски колега во Приштина Беџет Пацоли, изјави дека „ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање“. Според него, во време на поврзување и имплеменитрање на Берлинскиот процес кој токму тоа го налага, треба да се елиминираат бариерите. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Не бараме амнестија

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ негира дека бара и преговара за амнестија и додава дека тоа е само манипулација на власта. „Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа. Треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени... Читать дальше...

Шест години затвор за Кочан и конфискација на имот

SlobodnaEvropa.mk 

Сеад Кочан доби 6 години казна затвор, а Василие Авировиќ три години за незаконското добивање на тендер на ЕЛЕМ во случајот „Труст“ на СЈО. Судот наложи и да биде конфискувана и имотната корист од тендерот или околу 17 милиони евра.

Отворен групниот дом во Тимјаник

SlobodnaEvropa.mk 

Во неготинското село Тимјаник денеска беше отворен групниот дом во кој ќе бидат сместени Мартина, Аделина, Никола и Антонио, четири деца со попреченост кои претходно живееја во Заводот во Демир Капија. Како што рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, тие сега добија подостоинствен живот. Таа им се заблагодари на УНИЦЕФ, УНДП, Сојузот на дефектолози, општините кои го прифаќаат овој концепт и градоначалникот на Неготино. Претходно други три дечиња беа сместени во мал групен дом во Неготино... Читать дальше...

Македонија има заштитни мерки за зголемените косовски царини

SlobodnaEvropa.mk 

Со допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово, Македонија побара повлекување на времената одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според соопштението, владите на Македонија и Косово преговараат за изнаоѓање решение за зголемените царини. Повлекување на одлуката за зголемувањето на... Читать дальше...


Музыкальные новости
Концерт

Концерт «7 хитов И.С.Баха» в Эрмитажном театре





Персональные новости
Владимир Путин

Путин поручил рассмотреть вопрос о создании профильных агроклассов





Сеад Кочан осуден на шест години затвор за случајот „Труст“

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнисменот Сеад Кочан неправосилно е осуден на шест години затвор, а Василије Авировиќ на три, во случајот „Труст“, за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Третообвинетиот Сафет Ватиќ е ослободен од обвинението. Обвинителите од СЈО побараа прво и второобвинетиот да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра. Според обвинението... Читать дальше...

Дaли партиските лидери се искрени за она што точно разговараат на средбите?

SlobodnaEvropa.mk 

И покрај најавениот напредок на вчерашната лидерска средба денеска од партиите не откриваат за кои теми има напредок, а за кои не. Дел аналитичари сметаат дека лидерите не се сосема искрени кон јавноста за тоа за што точно се разговара.

Конечниот извештај за исчезнатиот малезиски авион ќе излезе на 30 јули

SlobodnaEvropa.mk 

Малезискиот министер за транспорт Ентони Локе денеска најави дека Малезија на 30 месецов ќе го објави долгоочекуваниот извештај за исчезнатиот патнички авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370, јави АП. „Секој збор регистриран од истражниот тим ќе биде соопштен во тој извештај“, изјави министерот. Исчезнувањето на авионот е една од најголемите мистерии на воздухопловстото. Истрагата за несреќата беше затворена во мај годинава. Авионот со 239 патници и членови на екипажот исчезна на пат од Пекинг до Куала Лумпур на 8 март 2014 година.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се интересира само за амнестија

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за личен интерес и амнестија и затоа се труди да ја лаже јавноста. Постигнатиот Договор за 25-годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност, реагираше денеска владејачката СДСМ по објавувањето на одлуките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. донесени за синоќешната седница. „Договорот ја обезбедува македонската иднина, иднината како дел од ЕУ и НАТО. Тие две прашања се и тоа како меѓусебно поврани. Ако не беше така... Читать дальше...

Пахор нема да предложи нов мандатар, потребни се нови консултации

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека в понеделник официјално ќе го информира Парламентот дека засега нема никого да предложи за мандатар за состав на новата влада на Словенија, но и дека ќе иницира нова рунда консултации за формирање парламентарно мнозинство. Кабинетот на Пахор соопшти дека двајцата потенцијални кандидати за мандатар Јанез Јанша и Марјан Шарец го информирале оти го немаат потребното мнозинство во Парламентот за да формираат Влада, па затоа шефот на државата ќе иницира... Читать дальше...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Техничка Влада пред секои избори

SlobodnaEvropa.mk 

Реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори се ставовите на кои останува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше потврдено на синоќешниот состанок на Извршен комитет на партијата, на кој се анализираше актуелната политичка ситуација и прашањата што се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво. „Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Юные керамисты школы №2120 выиграли три Гран-при конкурса «Мир дому твоему!»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева установила новый рекорд на турнирах WTA-1000


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Huawei представила IDS на 26-м Всемирном энергетическом конгрессе





Путин в России и мире
Москва

Путин поздравил Леонида Рошаля с днем рождения


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Басманный суд Москвы арестовал продюсера Reuters Константина Габова за помощь ФБК в подготовке материалов



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



София Ротару

Данил Барановский и внучка Софии Ротару



Москва

Зампредседателя Мособлдумы Наумов провел прием граждан в Коломне

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net