Шпанија спаси 450 мигранти
Се соопштува дека 294 мигранти пловеле преку Гибралтарскиот Проток во 17 бродови и оти бројот може да биде поголем со оглед на тоа што сè уште се трага по два брода.
Малку на исток, од три брода се извлечени 156 мигранти, меѓу кои и 30 жени и шест деца. Агенцијата за миграции на ОН информира дека од почетокот на годинава во Шпанија стигнале повеќе од 18 илјади мигранти.
