Трамп - Севернокорејскиот лидер се радува за нашата средба
„Добив порака минатата ноќ од претседателот на Кина, Си Џипинг дека состанокот со Ким Џонг Ун се одвива многу добро и дека севернокорејскиот лидер се радува на средбата со мене“, напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.
Во меѓувреме, за жал, остануваат максималните санкции и притисокот по секоја цена, напиша тој. Трамп исто така напиша дека се радуваат за нивната средба.
Лидерот на Северна Кореја го посети Пекинг и се сретна со кинескиот претседател.
