САД- Иранци обвинети за кражба на податоци
Американските власти обвинија девет Иранци и ирански компании за, како што соопштија, шема за хакирање и крадење голем број податоци од стотици универзитети, десетици компании, Обединетите нации и делови од американската влада, а во корист на иранската влада.
Заменикот јавен обвинител Род Розенстајт денеска го објави обвинението. Тој тврди дека многу од тие напади обвинетите ги вршеле по налог на иранската влада, конкретно, како што рече на Исламската револуционерна гарда. Според американските власти тие биле поврзани со Мабна институтот, иранска компанија која со години собирала податоци за потребите на владата на Иран.
Обвинетите сега се во бегство, рече Розенстајн, наведувајќи дека може да се соочат со екстрадиција во повеќе од сто земји во светот ако го напуштат Иран. Одделот за финансии на САД денеска соопшти и дека се воспоставени санкции за физичките и правни лица.