Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје
Коѕијас беше пречекан од македонска делегација, а вечерва ќе има работна вечера со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.
Во текот на утрешниот ден се очекува Коѕијас, освен со неговиот колега Димитров, да оствари средби и со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
