ЕК бара Србија и Косово да ги зголемат напорите во преговорите
Европската комисија соопшти денеска дека во новата рунда на преговори меѓу Белград и Приштина на техничко ниво во Брисел не е остварен напредок. Во соопштението на портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ се повикуваат и двете страни да ги засилат напорите во поглед на примена на договореното, потсетувајќи дека напредокот во нормализација на односите е клучен елемент на нивниот европскиот пат.
Таа најави и дека шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ги повикала в петок во Брисел претседателите на двете земји Александар Вучиќ и Хашим Тачи на состанокот на највисоко ниво, каде што ќе разговараат за целосната нормализација на односите, а ќе го разгледаат и спроведувањето на договореното од дијалогот.