Коѕијас в четврток во Скопје
Од МНР денеска соопштија дека шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на 22 и 23 март ќе престојува во дводневна посета на Македонија.
Грчката делегација предводена Коѕијас, в четврток ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје. Според соопштението, една недела подоцна на 30 март македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и Коѕијас во Виена ќе се сретнат со преговарачот на ОН, Метју Нимиц.