Илјадници сириски цивили ги напуштија домовите во Африн и Гута
Илјадници цивили денеска ги напуштија своите домови во северот и југот на Сирија, обидувајќи се да ја избегнат воената офанзива на силите на сириската Влада во областа под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск и турската операција против курдската енклава.
Сириските државни медиуми известуваат дека десет илјади мажи, жени и деца ја напуштиле источна Гута на територијата под контрола на Владата по офанзивата на владините трупи во последниот дел под контрола на опозицијата.
Во нападот во енклавата убиени се повеќе од 1.390 цивили, според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија.
Друга смртоносна офанзива се спроведува на северот на земјта, каде турските сили извршија воздушна и копнена операција за да го заземат регионот Африн кој е под контрола на Курдите.
Опсерваторијата наведува дека акко последица на воената операција во изминатите три дена, повеќе од 200 илјади цивили се на патиштата, но и дека турските воздушни напади ја погодиле болницата во Африн убивајќи девет лица.