Тројца загинати во самоубиствен напад во Кабул
Најмалку три лица се убиени и двајца повредени во самоубиствен бомбашки напад насочен кон странска безбедносна компанија во главниот авганистански град Кабул, соопштија официјални претставници на Авганистан.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот кој се случи денеска наутро во областа Деспечари, во источниот дел на Кабул.
Портпаролот на заменикот министер за надворешни работи Насрат Рахими изјави дека напаѓачот го активирал експлозивот пред да стигне до целта.
Министерството соопшти дека убиените и повредените во нападот се цивили. Очевидци исто така потврдуваат дека жртвите биле цивили.