Хрватска Костајница: Урнати куќи поради лизгање земјиште и поплави
Водостојот на карловачкото подрачје и во Хрватска Костајница и понатаму расте, јавуваат хрватски медиуми.
Во Хрватска Костајница и во Јасеновац е прогласена вонредна состојба.
"Ситуацијата во Хрватска Костајница е драматична. Подземните води пробиле во зградата на судот од каде се испумпува вода, а лоша вест е и што во еден момент почнало да врне дожд, јави Н1.
Во Хрватска Костајница урнати се десетина куќи, а евакуирани се луѓе од уште десетина, јави ХРТ.
Водостојот на реката Уна надмина 450 сантиметри.
"За среќа, според првични информации во овој момент нема човечки жртви ниту сериозни повреди", изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и истакна дека на луѓето ќе им се обезбеди сместување и помош при обнова на куќите.
Тој додаде дека главни причини за одроните се големите количини снег што во изминатите денови паднале во Хрватска Костајница и со брзото топење е предизвикано големо лизгање на земјиште.