Русија негира дека е одговорна за нападот на шпионот Скрипал
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров негираше дека Москва е одговорна за нападот врз поранешниот шпион Сегеј Скрипал и на неговата ќерка во Британија. Тој го отфрли и барањето на Лондон за објаснување на инцидентот.
Лавров на прес-конференција порача дека Русија не е виновна по зголемените тензии откако британските власти соопштија дека во нападот бил искористен нервен гас развиен во Русија. Британската премиерка Тереза Меј претходно изјави дека доказите покажуваат дека е "многу веројатно" оти Русија стои зад нападот.