Димитров: Покорисно е да се зборува за цели, а не за позиции за името
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави денеска дека се намалуваат шансите на процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција ако се акцентираат исклучиви позиции во јавноста.
Димитров на заедничката прес-конференција со неговата хрватска колешка Марија Пејчиновиќ Буриќ на прашањето дали е потребна промена на македонскиот Устав како што бара Грција тој порача дека покорисно е да се зборува за цели отколку за позиции за името. Според него, на тој начин ќе има поголеми шанси за вистински да се надмине разликата и да се дојде до компромис кој ќе биде прифатен од граѓаните на двете страни.