Кастро: Куба помина долг и тежок пат во својата историја
Претседателот на Куба, Раул Кастро, кој за еден месец ќе замине од функцијата, денеска изјави дека Куба поминала долг и тежок пат од револуцијата која ја промени судбината на островот во 1959 година. Ден по парламентарните избори кој отвораат пат за негово заминување предвидено за 19-ти април, Кастро изјави дека „Куба чесно помина низ сите етапи на својата нова историја, заедно со целиот народ“. На Куба вчера се одржаа избори кои треба да го изберат наследникот на Кастро, со што ќе се заврши владеењето на Фидел и Раул. Прв пат после 60 години освен браќата Кастро, претседател ќе биде личност која не учествувала во револуцијата од 1959 година. Иако не се знае наследникот, се шпекулира дека тој би можел да биде првиот потпреседател на владата Мигел Дијас Канел. Тој вчера изјави дека новата влада ќе биде поодговорна кон граѓаните и дека тие ќе учествуваат во нејзините одлуки.