Службеници во општината Нов Белград уапсени поради поткуп
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се приведени три лица поради основано сомнение дека извршиле кривично дело примање и давање поткуп, јавуваат српските медиуми. Уапсени се службеници во општината Нов Белград Н.Ј. и М.Ш. кои преку С.З. и уште еден посредник барале од инвеститор на безправно изграден објект 10 000 евра за да овозможат продолжување со изградбата на објектот.
Тие, според соопштението на српското министерство за внатрешни работи, примиле 3500 евра што било дел од договорената сума за да не ја спречат изградбата на објектот. Осомничените се задржани во 48 часовен притвор и ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.
Во сооштението се наведува и дека против уште две лица се поднесени кривични пријави во редовна постапка поради кривично дело давање поткуп.