Одложено рочиштето за Грујевски и Бошковски поради правни прашања
Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април пoрaди прaвни прaшaњa. Наредното рочиште како и денешното ќе се одвива зад затворени врати по барање на одбраната поради безбедноста на Грујевски и Бошковски и поради тоа што во нивниот исказ ќе има прашања кои се доверливи.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, а третиот случај е по македонското барање за екстрадиција.