Берлин и Анкара ќе соработуваат за надминување на кризата во Сирија
Се планира случувањата во реонот на Африн, каде што Турција изведува воена операција, да бидат тема на разговорите на двајцата министри.
Чавушоглу истакна дека операцијата на Анкара во северна Сирија „е во согласност со меѓународното право". Офанзината на турските вооружени сили „Маслиново гранче", е насочена главно против сириската курдска Партија на демократскиот сојуз и Сили за заштита на народот во регионот на Африн, што почна на 20 јануари.
