Самит на Јужна и Северна Кореја при крајот на април
Советникот за безбедност на претседателот на Јужна Кореја, Чунг Еуи Јонг изјави дека самитот ќе се одржи во Панмунјом, кој се наоѓа на границата меѓу двете земји.Тој посочи и дека Северна Кореја ветила дека ќе го замрзне нуклеарното и ракетно тестирање додека трае дијалогот со Јужна Кореја.
