Руски авион се урна во Сирија, 32 жртви
Руски транспортен авион се урна во близина на воздушната база Хмеимим во Сирија при што загинаа сите 32 патници. Руски медиуми јавија дека 26 патници и 6 членови на екипажот загинале кога транспортниот авион се урнал при слетувањето во базата.
Според нив, несреќата најверојатно е предизвикана од техничка грешка. Медиумите цитираат извори од Министерството за одбрана, според кои, немало пријавен напад врз авионот.