Полициска рација во протестен камп во Украина, 50 уапсени
Украинската полиција извршила рација во протестен камп во близина на зградата на Парламентот при што се судрила со демонстрантите. Според соопштението, околу 50 лица биле уапсени. Украински медиуми јавија дека шест демонстранти и четворица полицајци биле повредени во судирите. Полицијата запленила девет гранати, молотови коктели и пет димни бомби. Портпаролот на националната гарда, Андриј Кришенко изјави дека полициската акција била дел од истрагата за претходното насилство на антивладиниот протест пред Парламентот. Според властите, 17 полицајци биле повредени на судирите со демонстрантите на 27 февруари. Демонстрантите кампуваат пред Парламентот од октомври минатата година и меѓу другото бараат и укинување на имунитетот за пратениците и воспоставување на антикорупциски суд.