Судот во Москва повторно го казни Гугл
Судот во Москва му наложи на технолошкиот гигант Гугл да плати уште една казна, овој пат од пет милиони рубљи (67.600 долари), поради кршење на правилата за забранети содржини во земјата.
Во денешната одлука на Судот се наведува дека Гугл не успеал да ја избрише забранетата содржина според инструкциите.
Подоцна во текот на денот, се очекува судот да донесе одлука за уште три протоколи поднесени против Гугл, за кои, доколку се донесат, компанијата би можело да добие казни и до 16 милиони рубљи (речиси 216.300 долари).
Во последните месеци, руските судови му наложија на Гугл да плати казни во вкупна вредност од стотици илјади долари за небришење забранета содржина на неговиот пребарувач и содржината на Јутуб.
Руските судови, исто така, ги казнија Фејсбук, Твитер, Вац-ап, Телеграм и ТикТок по слични обвиненија.
Русија повторно ги казни Фејсбук, Твитер и Телеграм за небришење „забранети“ содржини
Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини платформите на социјалните медиуми и другите технолошки гиганти дека ги прекршуваат законите за Интернет во земјата, вклучително и притисок за принудување на странски фирми да отворат канцеларии во Русија и да складираат лични податоци на Русите на нејзина територија.
Многу критичари велат дека притисокот нема никаква врска со интегритетот на интернет, туку дека властите се обидуваат да го задушат несогласувањето.