Претпладне министри, попладне кандидати за пратеници
Тенка е линијата меѓу државни и партиски активности, иако постојат законски одредби што функционерите не треба да прават во кампања, за да нема злоупотреби. Од Антикорупциската комисија апелираат државните активности да не се мешаат со партиските во изборниот период.