123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2020

Новости за 25.06.2020

ДИК ги отфрли приговорите за предвреме почната кампања

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија на денешната седница ги отфрли сите поднесени приговори од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и од Левица за предвремено почната изборна кампања. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информира дека се работи за приговори кои имаат скоро ист основ на поднесување, односно се работи за исти приговори. Тој изјави дека приговорите се однесуваат за повеќе настани во различни општини. „Во сите овие приговори... Читать дальше...

Се бара дислокација на депонијата Русино

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на граѓанската иницијатива „Стоп Русино - чист воздух за Гостивар“ бараат да запре палењето на отпадот во депонијата Русино, а потоа и дислокација на депонијата. Деветте полошки општини веќе подолг период се обидуваат да создадат заедничко комунално претпријатие за да собира и менаџира со отпадот.

Зибери му одговори на Филипче: Имам право на политички ставови

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери преку социјалните медиуми му порача на министерот Венко Филипче кој најави негово разрешување, дека никогаш не ја злоупотребил институцијата со која менаџира. Зибери најавата за негово разрешување смета дека има изборна позадина. „Министер Филипче, престанете да ја злоупотребувате говорницата на Владата за изборни цели. Јас сум кандидат за пратеник и имам право да имам политички ставови на мојот личен профил на фејсбук. Но и покрај ова, во ниту... Читать дальше...



Вучиќ утре во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  утре ќе престојува во еднодневна посета на Брисел, соопштуваат од неговиот Кабинет. Тој ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања во Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Косовскиот премиер Хоти во Брисел... Читать дальше...

ЕУ повика на воздржаност и почитување на правото во Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија им порача на властите во Подгорица дека внимателно го следи развојот на случувањата во Црна Гора, особено во Будва, со повик до сите инволвирани страни да покажат воздржаност и да го почитуваат владеењето на правото. Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес истакна дека сите евентуални повреди на законот треба да ги решаваат надлежните локални власти, согласно националното законодавство и релевантните меѓународни стандарди. „Како што е претходно соопштено... Читать дальше...

ХРВ: Обвинението против Тачи и другите е чекор кон правдата

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи и другите поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово објавено на 24 јуни е унапредување на правдата против воените злосторства и злосторства против човештвото за време и по војната во 1998-1999 година на Косово, објави денеска меѓународната организација „Хуман Рајтс Вотч“ (ХРВ).  „Ова обвинение е позитивен чекор кон правдата, затоа што овие наводни злосторства против Косово висат две децении“, изјави Лоте Лајхт, директорка на ХРВ за Европската унија. Читать дальше...

Нови 153 случаи на Ковид-19, починаа шест пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје  66, Куманово 13, Штип 13, Прилеп 2, Тетово 20, Струга  7, Битола 1, Охрид  7, Крива Паланка  1, Кочани  1, Пробиштип  1, Свети Николе 3, Кичево  6 и Ресен 12. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти. Починати се шест лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен. Читать дальше...

Боки 13 поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени

SlobodnaEvropa.mk 

Бојан Јовановски денеска во Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави на записник за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура и несовесно лекување. Адвокатот на Јовановски, Сашо Дукоски пред Обвинителството изјави дека Јовановски го користи законското право од член 273 од Законот за кривична постапка, каде што е наведено дека секој граѓанин може да поднесе кривична пријава за кривично дело што се гони по службена должност. Читать дальше...



Филипче ќе бара разрешување на Зибери

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство, Венко Филипче најави можна смена на директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, кој на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер. На денешната прес конференција Филипче ваквиот повик на Зибери го нарече евтина и лоша предизборна реторика. „Директорот Зибери не е член на Комисијата за заразни болести. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика... Читать дальше...

Грција засега останува на планот за отворање на границите на први јули

SlobodnaEvropa.mk 

Грција ја следи епидемиолошката слика во регионот како и препораките на Европската унија и засега останува на ставот дека македонско-грчките премини ќе бидат отворени на 1 јули. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, за МИА истакнал дека планот на Атина е познат и јавно соопштен, но и дека е „план што континуирано се ажурира и во соработка со европските власти“. Тој истакнал дека останатите теми поврзани со копнениот или воздушниот транспорт, секојдневно се разгледуваат и доколку е потребно... Читать дальше...

СЗО: Она што го гледаме сега во Северна Македонија е загрижувачко

SlobodnaEvropa.mk 

Сега не е време за олабавување на мерките и спуштање на гардот, напротив, треба да се прошири она што беше досега добро сработено, во делот на идентификување и изолирање на сомнителни случаи, нивно тестирање и изолирање на болните, неуморно трагање по контактите и нивно ставање во карантин. Сега е вистинско време за вклучување на целото општество во идентификување на случаите и на нивните контакти уште во рана фаза, ова е единствениот начин како во оваа трка да бидеме пред вирусот наместо да заостануваме зад него... Читать дальше...

Апелација ја укина ослободителната пресуда за Латас

SlobodnaEvropa.mk 

Ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ против новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа падна на Апелација. Апелацискиот суд ја укина пресудата поради суштинска повреда на постапката и ја врати на повторно судење во Основниот суд Скопје 1. Ослободителната пресуда Кривичниот суд ја објави во јули минатата година. Поранешното СЈО ги гонеше обвинетите за кривичното дело бесправно градење. Драган Павловиќ Латас и неговите браќа прогласени за невини за „Тревник“ Пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО Според судот... Читать дальше...

Сугаревски: Аеродромите в среда ќе почнат со работа

SlobodnaEvropa.mk 

Следната недела в среда на 1-ви јули целосно ќе бидат отворени за сообраќај двата аеродрома во земјава, а во моментов се работат протоколите за работа на аеродромите. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека согласно протоколите коишто ги работат ТАВ и Комисијата за заразни болести ќе се види точно како треба сите да се однесуваат коишто сакаат да патуваат до Македонија и се разбира надвор од Македонија. Инаку ТАВ вчера ги објави протоколите по ко иќе работат аеродромите во услови на пандемија со ковид-19. Читать дальше...

Десетици приведени на протестите во Будва и Подгорица

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорската полиција привела десетици демонстранти по синоќешните просрпски протести во Подгорица и во неколку града во државата. Протестите беа организирани од опозициски сили кои бараат поблиски односи со Србија и Русија. Синоќешните протести беа рефлексија на политичките тензии во Црна Гора во пресрет на парламентарните избори кои се закажани на 30 август. Инциденти во Никшиќ и Подгорица Полицијата во Будва употребила солзавец за да ги разбие протестите и при тоа привела 17 демонстранти. Читать дальше...

Русија и Иран и нивните ограничувања за економско заздравување

SlobodnaEvropa.mk 

Многу земји со ограничена економска моќ, честопати со политички раководства кои не соработуваат и се казнети да немаат пристап кон финансиските пазари се соочуваат со многу поголеми предизвици од познатите светски лидери како САД и земјите од еврозоната.

Кој е надлежен за над 2.300 дивоградби во Националниот парк Галичица?

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија чести се случаите кога поединци присвојуваат државно земјиште и на него нелегално градат објекти, како на пример викенд куќи кои потоа успеваат да ги легализираат, нешто што е овозможено со усвоени закони за легализација на довоградби. Вакви нелегални градби никнуваат и во националните паркови, кои имаат статус на заштитени зони поради нивната уникатна природна убавина.

Почна седумдневниот референдум во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Русија денеска стартува седумдневното гласање на референдум за уставни измени кои може да го отворат патот за продолжување на владеењето на досегашниот претседател Владимир Путин за нови 12 години. Гласачките места се отворија денеска во 14 административни региони, соопштија надлежните. Денеска е првиот дел од седумдневното гласање за предлог уставните измени. Целта на ваквиот начин на гласање на референдумот е да се избегнат масовни собири и толпи, затоа што земјата сè уште се бори со пандемијата од ковид-19. Читать дальше...

Киргистан повторно размислува за вонредна состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Киргистанското министерство за здравство соопшти дека Владата во Бишкек денеска ќе донесе одлука со која треба да се прогласи вонредна состојба во два поголеми гради и две провинции поради сериозен пораст на заболени од коронавирусот. Претходно вонредна состојба заврши в мај откако беа затворени неколку градови и области и беше наметнат полициски час. Киргистанскиот претседател Сооронбај Јеенбеков ја пропушти парадата на 24 јуни во Москва во знак на одбележување на крајот на Втората Светска војна... Читать дальше...

САД бележи нов рекорден пораст на заболени од ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

САД забележа нов рекорден пораст на дневниот број на заболени од ковид-19. Во последните 24 часа регистрирани се 34 700 новозаболени од коронавирусот, што е највисока бројка по оние кон крајот на април. Ваквиот раст на евидентирани новозаболени се должи на драстичното зголемено тестирање, но здравствените власти се загрижени поради новите бројки затоа што од април па навака бројот на новозаболени се намалуваше. Гувернерот на Тексас ги повика граѓаните да останат дома, затоа што се соочуваат со... Читать дальше...


Музыкальные новости
Иоганн Себастьян Бах

Бах vs Бетховен в Петрикирхе





Персональные новости
Александр Бастрыкин

Бастрыкин взял дело хирурга, на которого пожаловались пациенты, на контроль





Трамп ќе испрати повеќе американски војници во Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Полскиот претседател Анджеј Дуда и американскиот претседател Доналд Трамп изјавија дека се нетрпение очекуваат да го потпишат договорот за соработка во одбраната, за кој Трамп изјави дека САД ќе испрати „силна порака за Русија“. Со тој договор САД се обврзува да испрати повеќе американски војници во Полска, да се зајакне соработката меѓу САД и Полска што ќе служи како понатамошна противтежа против руската агресија. Говорејќи на заедничката прес конференција во Белата Куќа, Дуда истакна дека му е... Читать дальше...

Кампањата почна, диазепамите спремни

SlobodnaEvropa.mk 

Спотот со свитканата кичма на ВМРО-ДПМНЕ предизвика остри реакции на социјалните мрежи. ДУИ објави дека Насер Зибери е нивниот кандидат за премиер. СДСМ, пак, одат со стандардни пораки за сработеното и ветувањата. Дел од граѓаните препорачуваат самоизолација додека да помине кампањата.

Укинувањето на вонредната ги „одмрзна“ цените на производите

SlobodnaEvropa.mk 

Со укинувањето на вонредната состојба, престана да важи и уредбата за замрзнати цени на одделни производи во трговијата на големо и мало. Организацијата на потрошувачи апелира на свесност кај трговците при формирањето на цените поради економските последици од корона кризата.

Помпео: Одлуката за анексија на Западниот Брег зависи од Израелците

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека одлуката за евентуална анексија на делови од окупираниот Западен Брег е на Израелците, што, според посматрачите, значи дека тој практично и дал одобрување на еврејската држава за ваков потег. „Одлуките на Израелците да воспостават суверенитет над тие територии се одлуки што зависат од нив“, им рече Помпео на новинарите во Вашингтон. Сепак, плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наидоа наголемо спротивставување во ОН. Нетанјаху... Читать дальше...

Косовскиот премиер Хоти во Брисел, не оди во Вашингтон

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Косово Авдулах Хоти денеска во Брисел на ќе се сретне со лидерите на европските институции и со претставници на Европскиот парламент. Хоти на Твитер објави дека, поради ситуацијата предизвикана од обвинението на Специјалното обвинителство, го известил американскиот специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, дека не може да присуствува на состанокот на 27 јуни. Тачи ја откажа средбата со Вучиќ во Белата Куќа „Поради новите случувања во Приштина по... Читать дальше...

Судот се откажа од гонење на поранешниот советник на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Американското судство нареди да прекине гонењето на поранешниот советник на претседателот на САД, Мајкл Флин, кој призна дека ја лажел федералната полиција за контактите со руски дипломат. Сојузниот апелационен суд донесе пресуда во корист на републиканската администрација, која ги повлече обвиненијата против генералот Флин во мај. Трамп-Путин „ресет“ - дипломатија зад сцена Опозицијата го критикуваше политичкото мешање, а судијата Емет Саливан одби веднаш да го затвори случајот. Мајкл Флин,... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Тамбовские синхронистски заработали две медали на первенстве города Королёв


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Касаткина вошла в десятку Чемпионской гонки WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге об эффективности проекта «Генеральная уборка»





Путин в России и мире
Москва

Первый пуск «Ангары-А5М» с Восточного запланирован в 2027 году


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Владимир Спиваков

«Без сострадания нет большого художника»: музыканты Спивакова дают благотворительные концерты в Оренбурге



Москва

Панда Катюша поранила кипера

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net