123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2020

Новости за 03.06.2020

Лидер на политичка партија бил во кафеана во Дебар Маало, инспекторите спречени да извршат контрола

SlobodnaEvropa.mk 

Инспектори попладнево биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“ во скопско Дебар Маало, изјави вечерва раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје Мери Продановска. Според неа, додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија, но не прецизира за кого станува збор. „Вечерва, Државниот пазарен инспекторат во редовни надзори, односно вонредни надзори на територија на Скопје околу 18:15 часот беше спречен... Читать дальше...

Полициски час од 80 часа во половина Македонија, забрана за гробишта за Задушница

SlobodnaEvropa.mk 

Полициски час во траење од 80 часа за жителите на Скопје, Тетово, Куманово, Липково, Штип и тетовските општини воведе владата за време на претстојниот продолжен викенд. Се забранува одење на гробишта за Задушница во цела Македонија.

Половина држава во карантин, нема одење на гробишта за Задушница

SlobodnaEvropa.mk 

Од утре вечер во 21 часот до 5 часот во понеделник наутро се воведува полициски час во сите скопски општини, Куманово, Општина Липково, Штип, Тетово, како и во општините Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, одлучи владата на денешната седница, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Во сите останати градови, полициски час ќе има од утре во 21 часот до петок во 5 часот наутро, додека во останатите денови ќе почнува од 16 часот до 5 часот наутро. Се забранува и посета на гробишта во цела Македонија, освен за погреби. Читать дальше...



Рот: Се надеваме првата Меѓувладина конференција со Скопје и Тирана да се одржи наесен

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти првата Меѓувладина конференција (МВК) со Македонија и Албанија ќе се одржи оваа есен, јави дописничката на МИА од Брисел. Меѓувладината конференција го означува де факто отпочнувањето на преговорите за членство со Унијата и отворањето на првото поглавје. Рот, кој денеска учествуваше на конференција на Европскиот политички центар, се осврна и на макотрпниот процес во ЕУ до позитивна одлука за почеток на преговорите со овие две земји. Читать дальше...

Во Турција уапсени 29 демонстранти кои го осудиле насилството во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 29 лица, кои се собрале во Истанбул за да го осудат полициското насилство во знак на солидарност со демонстрантите во САД, се уапсени. Турската полиција ги разбила протестите доцна синоќа, откако група од околу 50 активисти ги игнорирала повиците да се разотидат. Демонстрантите носеле фотографии од убиениот афроамериканец Џорџ Флојд, како и од инцидентот кога полицаецот со колено му го притиска вратот додека лежи на земја.

Косово доби нова влада

SlobodnaEvropa.mk 

Косовското собрание денеска ја изгласа новата влада на чело со премиерот Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, што е втората влада по изборите што се одржаа во октомври минатата година. Владата беше изгласана со 61 гласови за, 24 против и еден воздржан, што беше минимум гласови за избор. На седницата не присуствуваа пратениците од партијата Самоопределување на доскорешниот премиер Албин Курти. Тачи: „патриотските измами“ на Курти Еден од приоритетите на новата влада ќе биде дијалогот со Србија во соработка со ЕУ и САД... Читать дальше...

Г7 прекинува со наплатата на долгот од најсиромашните земји

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за финансии од Групата седум најразвиени земји (Г7) денеска се обврзаа дека ќе ги прекинат наплатите на долговите од најсиромашните земји, барем до крајот на оваа година, во согласност со претходниот став на Г20. Во Г7 членуваат Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија. Ќе прекинат официјалните наплати на билатералните долгови на сиромашните земји, со што тие ќе можат да ги финансираат своите социјални, здравствени и други потреби кои настанаа поради пандемијата на коронавирус. Читать дальше...

Франција дозволи екстрадиција на осомничен за геноцидот во Руанда

SlobodnaEvropa.mk 

Апелациониот суд во Париз денеска одлучи Фелициен Кабуга, осомничен за геноцидот во Руанда, да му биде испорачан на Меѓународниот суд. Обвинителите на ОН го обвинуваат Кабуга за финансирање и вооружување на етничките Хуту милиции кои убија околу 800 илјади Тутси и умерени Хуту за 100 дена во Руанда во 1994 година. Тој се соочува со обвиненија за геноцид и прогон. Неговите адвокати бараа на 84-годишниот Кабуга да му се суди во Франција, поради неговата поодмината возраст, слабото здравје и наводната пристрасност на меѓународните судови. Читать дальше...



Грчката православна црква: Јогата е неспоива со православната вера

SlobodnaEvropa.mk 

Грчката православна црква денеска го критикуваше практикувањето ја јога во борбата против стресот поради коронавирусот, оценувајќи дека јогата е „целосно неспоива“ со православната вера. Јогата е основно поглавје на хиндуизмот, а не вид на физички вежби и нема никакво место во животот на христијаните, соопшти Синодот на Грчката православна црква. Нивната реакција доаѓа откако повеќе медиуми ја препорачаа јогата како начин за борба против стресот за време на пандемијата на коронавирус. За време... Читать дальше...

Се предлага продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро. Ова се предлог-мерките кои Комисијата... Читать дальше...

Македонските граѓани на влез во земјава само со негативен тест или задолжителен двонеделен карантин

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека при влез на македонски граѓани во земјава, како и на странци, но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин лицата ќе треба да потпишат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Припадници на МВР потоа вршат контрола на спроведувањето на домашната самоизолација. Оние кои нема да имаат тест... Читать дальше...

Грција нема издадено никаква нова забрана за влез на македонски државјани

SlobodnaEvropa.mk 

Во Грција не постои никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани, освен постојните одлуки, јави дописничката на МИА од Атина. Грција ја отвора границата кон Македонија на 15 јуни. За информацијата објавена во дел од македонските медиуми, во кои наводно е цитирано соопштение од грчкото МНР дека „до 1 јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“, македонското МНР, преку официјалниот... Читать дальше...

Кина негира дека ненавремено ја информирала СЗО за Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан ги отфрли наводите на американската агенција АП дека Кина ненавремено ја информирала Свестката здравствена организација за новиот коронавирус. Тој нагласи дека извештајот на новинската агенција не е вистинит. Претходно, АП објави дека снимки од состанок на СЗО, во кои агенцијата имала увид, наводно покажале дека таа организација многу тешко добивала потребни информации од Кина на почетокот на пандемијата на новиот коронавирус... Читать дальше...

Седум полицајци приведени на забава во Куклица

SlobodnaEvropa.mk 

Без почитување на препораките и мерки за заштита од Ковид-19 синоќа полициски службеници правеле забава во кратовското село Куклица, потврди МВР. Според информациите од Секторот за комуникација со јавност на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил синоќа, околу 21 часот, кога бил пријавен во полиција. „На втори јуни 2020 година, околу 21 часот било пријавено во Одделот за внатрешни работи Кратово дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од КОВИД-19. Читать дальше...

Државна помош за мајска плата побарале над 20.000 фирми

SlobodnaEvropa.mk 

Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај 2020, соопшти Управата за јавни приходи. Според информациите од УЈП, за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени, а образецот БФП-ИП за финансиска поддршка за исплата на плата за мај го поднеле 20.127 компании, а од... Читать дальше...

Пандора и Сашо Саздовски на изложбата на УНЕСКО - „Уметноста на маските“

SlobodnaEvropa.mk 

Пандора и Сашо Саздовски се единствените македонски творци чии дела се дел од актуелната светска онлајн изложба „Уметноста на маските – Креативност во самоизолација“, во рамките на проектот Уметниците против КОВИД-19, кој се одвива под покровителство на УНЕСКО во Бејрут, Либан.

Османи: Нацрт - преговарачката рамка на 9 или 10 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, денеска во штип изјави дека преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите. Тој нагласи дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на Преговарачката рамка. Вицепремиерот доддаде дека откако Европската комисија ќе ја објави нацрт верзијата на Преговарачката рамка, земјите членки ќе ги изнесат свои национални позиции и на крајот се обидуваат да дојдат до консензус. Читать дальше...

Индиции за корупција за време на пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Глобалната криза предизвикана од пандемијата на Ковид -19 носи и ризици за злоупотреби и затоа Коалицијата на Обединетите нации за борбата против корупцијата (UNCAC) ги повикува владите во светот да обезбедат висок степен на транспарентност во справувањето со кризата за намалување на последиците предизвикани од корупција и измами.

Германците од 15 јуни можат да одат во 29 европски земји

SlobodnaEvropa.mk 

Германската влада го укинува предупредувањето за туристички патувања во 29 европски земји, почнувајќи од 15 јуни, соопшти денеска германскиот министер за надворешни рабти, Хајко Мас. Од 15 јуни германските граѓани ќе можат да патуваат во 26 земји-членки од ЕУ, Велика Британија и четири држави од Шенген просторот, кои не се дел од ЕУ: Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, со тоа што укинувањето на патувањето за Шпанија и Норвешка се пролонгира за една недела. Балканските држави не се опфатени со одлуката. Читать дальше...


Музыкальные новости
Фёдор Шаляпин

Музей Федора Шаляпина будет открыт в Уфе





Персональные новости
Виктор Золотов

Генерал армии Виктор Золотов поздравил военнослужащих, сотрудников и ветеранов Сибирского округа Росгвардии с годовщиной создания объединения





Коронавирус: Новозаразени 101 и четворица починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19. Новозаразени по градови се регистрирани во Скопје 59, Куманово 12, Штип 7, Прилеп 1, Тетово 5, Струга 6, Велес 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 3, Кочани 3 и во Пробиштип 2, објави министерот за здравство Венко Филипче. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75) примен на 24 мај... Читать дальше...

Филипче на итен состанок со докторите и претставници на МВР

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека денеска во 13 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на МВР. Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. ИЈЗ: Околу 100 новозаразени, се анализираат уште брисеви На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен... Читать дальше...

Милошоски: Истражете дали има соучество на Заев во „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Од она што можеше да се слушне во изјавите од првообвинетиот и второобвинетата се гледа дека обвинителството смислено не ги вештачело целосно нивните телефони, особено на првообвинетиот Бојан Јовановски, затоа што во неговиот телефон, според тврдењата, се наоѓаат докази за комуникација помеѓу него и поранешниот премиер Зоран Заев, за обезбедување на број на пратеници, за влијание врз судството и за рекетирањестопанственици, изјави денеска Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. „Рекет“ финишира, клучните... Читать дальше...

Заев: Можеме да се носиме со кризата

SlobodnaEvropa.mk 

Можеме да се носиме со кризата, здравствните власти од почетокот на пандемијата носат издржани одлуки, врз основа на фактичката состојба и експертиза, напиша денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук профил. ИЈЗ: Околу 100 новозаразени, се анализираат уште брисеви „Видовме дека сите мерки досега дадоа резултати. Треба да продолжиме да веруваме во нивната способност за заштита на јавното здравје. Овој бран на вирусот е многу различен. Имаше доволно време да се набави потребната опрема... Читать дальше...

Заврши скринингот во Вухан, 11 милиони тестирани

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот град Вухан го заврши масовното тестирање на сите речиси 11 милиони жители за евентуално присуство на коронавирусот во нивните тела. Во тестирањата се откриени 300 асимптоматски вектори и нема активни случаи на Ковид 19. Овие 300 лица, кои немаат симптоми на инфекцијата, биле испратени во изолација. Пандемијата на коронаравирусот се верува дека потекнува од Вухан, град што потоа беше во карантин 76 дена и во кој беа регистрирани околу 50.000 заразени. Тестирањето беше спроведено во втората... Читать дальше...

Светскиот спорт се подготвува за враќање среде коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Пандемијата на коронавирус ги затвори деловните активности низ целиот свет, вклучително и спортот. Со неколку исклучоци, стадионите останаа празни. Но, сега, фудбалот, тенисот, кошарката и другите спортови се подготвуваат за натпревари. Навивачите веројатно нема да навиваат на трибините, но спортот ќе се врати. Радио Слободна Европа направи преглед каде и кога повторно ќе има натпревари

Спорт в России и мире
Москва

Олимпиада по финансовой грамотности МГУ проходит при поддержке СберСтрахования жизни


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Мария Шарапова

Первая ракетка России рассказала об общении с Шараповой


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Московскую компанию заподозрили в хищении 103 млн рублей при реализации нацпроекта в Орле





Путин в России и мире
Москва

Киркоров и Пелагея спели для амурчан-бамовцев в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Проводивший панихиду по Навальному* священник запрещен в служении



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Metallica

Случай на концерте Metallica в России



Москва

Зацепиться за угол. Какое жильё можно купить в Москве за миллион-полтора

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net