123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2020

Новости за 07.06.2020

Русија на трето место според број на заразени со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти објавија дека во изминатите 24 часа се регистрирани 8.984 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани во земјата достигна 467.673случаи на заразени со ковид-19. Во дневниот извештај на здравствените власти се наведува дека 134 луѓе починале од вирусот во текот на изминатите 24 часа, со што официјалниот број на смртни случаи на национално ниво достигна 5.859. Руската потрага по вакцина за коронавирусот е под прашање Русија сега е на третото место во светот според бројот на заразени... Читать дальше...

Следната недела до граѓаните ќе бидат испратени ваучерите за домашен туризам

SlobodnaEvropa.mk 

Следната недела ќе бидат испратени ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите. Од Министерството за економија информираа дека ваучерот ќе биде испратен по електронска пошта која што граѓаните ја имаат доставено до Управата за јавни приходи. Вакви ваучери во износ од 6000 денари ќе добијат граѓаните кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно. Тие ќе може да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе... Читать дальше...

Загриженост во Германија по најавите за повлекување на дел од американските војници

SlobodnaEvropa.mk 

Германските власти со загриженост реагираат на информациите за американските планови за повлекување на илјадници нивни војници од земјата. Весниците Вол Стрит Џурнал и Дер Шпигел објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да повлече дел од војниците стационирани во Германија. Вол Стрит Џурнал објави дека се планира повлекување на 9500 од 34 илјади американски војници во Германија, додека Дер Шпигел објави дека ќе бидат повлечени меѓу 5 и 15 илјади војници. „Германско-американските... Читать дальше...



Косово ја отвора границата со Албанија, се укинува самоизолацијата за лицата кои влегуваат во земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за олеснување на мерките за заштита од епидемијата на ковид-19, меѓу кои и за целосно отворање на границата со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација за лицата кои влегуваат во земјата, како и дека ќе се овозможи слободно движење на граѓаните и стоките, без полицискиот час кој беше во сила досега.

Нови 111 случаи на коронавирус, двајца починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминативе 24 часа се регистрирани 111 нови случаи на коронавирус во земјава, соопшти Министерството за здравство. Најголем број од случаите се во Скопје – 63. Во Штип има 12 случаи, во Куманово 11, Кочани 9, Тетово 8, во Велес и Гостивар по 3 случаи и по еден во Охрид и во Крива Паланка. Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, од кои 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19. Читать дальше...

Девет позитивни на коронавирусот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани

SlobodnaEvropa.mk 

По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на коронавирусот. Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на КОВИД-19, поради што градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев апелираше граѓаните да ги почитуваат законските мерки за заштита. Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386 На подрачјето што го покрива Центарот... Читать дальше...

Делумно отворање на верските објекти во Велика Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Британската влада ќе дозволи верските објекти делумно да отворат на 15 јуни, само за приватни молитви. Венчавките и другите свечености се уште нема да бидат дозволени. Присутните треба да одржуваат физичка дистанца. Министерот за заедници и локална управа Роберт Џенрик рече дека луѓето од сите вери „покажале големо трпение и толеранција“ за време на изолацијата, и дека не биле во можност да ги прослават Велигден, Бајрам, Пасха или Вајсахи на традиционален начин. Според владиниот план за ублажување на мерките... Читать дальше...

Кривични пријави за 22 угостители во туристичките места

SlobodnaEvropa.mk 

Инспекторите на Пазарниот инспекторат викендов поднеле 22 кривични пријави за непочитување на владините мерки од страна на сместувачки и угостителски објекти. Осум кривични пријави се поднесени во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран и по една кривична пријава на Пониква и во Маврово. Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386 „Станува збор за кривични пријави поднесени поради прекршувања на забраната за сместување лица во категоризирани објекти,... Читать дальше...



Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие 154 лица не ја почитувале забраната за движење при што 130 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следат соодветни мерки, информира утринава Министерството за внатрешни работи. Полицискиот час уште денеска, се разгледуваат следните чекори Полицијата евидентирала и 386 прекршоци за неносење на заштитна маска и две лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Во изминатите 24 часа издадени се и решенија за изолација на 249 лица, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација.

Над 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од небезбедна храна

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Обединетите нации. Целта е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната и да се информира јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа. Читать дальше...

Дендиас - Факт е дека е зајакната довербата меѓу Грција и Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

И покрај сите тешкотии што главно се должат на нестабилната политичка состојба во соседната земја, факт е дека довербата меѓу нашите земји е зајакната, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во интервју за весникот „Етнос“, говорејќи за односите меѓу Грција и Северна Македонија по Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција истакнува дека земјата негува односи на доверба со сите балкански држави и поддршка на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ. Читать дальше...

Продолжуваат протестите против полициска бруталност и расна нееднаквост во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици илјади луѓе 12-ти ден по ред излегоа на улиците на многу американски градови на протести против полициска бруталност и расна нееднаквост. Во главниот град Вашингтон се одржаа најголемите протести, кои го потресоа американскиот политички систем, од 25 мај кога црнецот Џорџ Флојд почина за време на апсење во Минеаполис, додека полицаец речиси 9 минути го притискаше со колено врз вратот. Полиција, федерални агенти и воени возила затворија голем дел од центарот на Вашингтон за сообраќај во очекување на протестите. Читать дальше...

ИЈЗ: Ниту еден од нашите вработените не е позитивен на КОВИД-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на КОВИД-19, информираат од институцијата. Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје, се наведува во соопштението.

Полицискиот час уште денеска, се разгледуваат следните чекори

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите. Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро. Нови 125 заразени со коронавирус, двајца починати Короната... Читать дальше...

Временска прогноза - Сончево со услови за дожд попладне

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13... Читать дальше...

Ковид-19 да не ги „изеде“ парите за борба со аерозагадувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Ме плаши дека оваа грејна сезона изговор ќе биде дека сите пари сме ги потрошиле или ги трошиме на кризата со коронавирусот. Затоа потенцирам дека тоа не треба да се случи во ниту еден случај и дека ние уште сега мора да одвоиме финансии за сезоната на високо аерозагадување, бидејќи ќе имаме сериозен проблем, вели Елена Николовска од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Николовска - Опоравувањето од пандемијата треба да биде зелено

SlobodnaEvropa.mk 

Опоравувањето после пандемијата мора да биде зелено, но треба да се зголеми и личната одговорност на граѓаните и носителите на одлуки, вели еко-активистката Елена Николовска од граѓанската организација „Еко-свест“ во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Таа посочува дека ресурсите треба да ги употребуваме во склад со природата, но оценува дека се уште е ниска свеста на глобално ниво за загадувањето на животната средина.

Спорт в России и мире
Москва

Кыргызстанцы завоевали медали на международном турнире по танцам в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Кто отец Дианы Джокович?


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Результативность, вовлечённость, трудоголизм — где грань? Книга от автора российской модели факторов вовлечённости персонала.





Путин в России и мире
Москва

Киркоров и Пелагея спели для амурчан-бамовцев в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Проводивший панихиду по Навальному* священник запрещен в служении



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Джиган

Старшая дочь Оксаны Самойловой и Джигана призналась, боялась ли она развода родителей



Москва

Представители АО «Транснефть – Прикамье» - в числе победителей конкурса специалистов неразрушающего контроля

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net