123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2020

Новости за 22.06.2020

Спасовски очекува интензивирана соработка со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Оливер Спасовски и ја честиташе победата на Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ на парламентарните избори во Србија. „На изборите одржани во Србија, претседателот Вучиќ и СНС ја добија поддршката од граѓаните. Посакуваме успех во новиот мандат. Во наредниот период, очекуваме досегашната соработка да биде интензивирана и продлабочена во интерес на граѓаните на двете држави, развојот и стабилноста во нашиот регион, и со тоа забрзување на интеграцијата во Европската Унија“... Читать дальше...

Ѓукановиќ: Ние го браниме европскиот вредносен систем

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска им порача на националистите кои го нарекоа крадец дека тие имаат право за тоа, затоа што тој ја краде нивната илузија која се вика „голема Србија“. „Тие сметаат дека сум одговорен за тоа што спречив да бидат добри извршители на туѓиот проект од 2016 година. Веројатно сметаат дека сум одговорен што се обидуваат да го злоупотребат прашањето за религијата и да го искористат за големосрпски идеи“, рече Ѓукановиќ. Тој на прес-конференција со хрватскиот... Читать дальше...

ОБСЕ: Еднострано медиумско покривање на изборите во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентарните избори во Србија кои и овозможија убедлива победа на партијата на претседателот Александар Вучиќ беа спроведени на фер начин, но нивното медиумското покривање во најголема мера беше еднострано, соопшти мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Владата на Вучиќ имала корист од широката распространетост на телевизија и на веб-страниците, се вели во изјавата на ОБСЕ, еден ден по гласањето. Како и да е, според организацијата, на противниците им било овозможено бесплатно емитување и еднаков пристап до редовно изборно програмирање, согласно закон. Читать дальше...



„Натура“ - нова творечка порта на Тамара Забазноска

SlobodnaEvropa.mk 

„Натура“ е насловена третата самостојна изложба на уметничката и архитектка Тамара Забазноска, што од 23 јуни до 2 јули ќе се одржи во Галеријата на Младински културен центар-Скопје. Ќе бидат изложена 25 дела „поттикнати од тајните што ги содржи и љубовта кон природата во сите свои манифестации“.

Русија негира дека има територијални претензии кон соседите

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ негираше дека има какви било територијални претензии кон поранешните советски републики. „Не, Русија нема територијални претензии кон соседите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков го даде коменатрот по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин во документарниот филм „Русија. Кремљ. Путин“ дека некои републики биле во можност да го напуштат Советскиот Сојуз со „подароци“ за време на распадот на земјата во 1991 година. Во документарецот, кој се емитуваше на 21 јуни... Читать дальше...

Во новата нормалност нормално е само плаќањето на давачките

SlobodnaEvropa.mk 

Малите фирми во Куманово се најпогодени од корона-кризата. Дуканџиите велат дека прометот им е драстично намален. Јавните претпријатија, пак, полека се враќаат во нормално функционирање, со сменета работна динамика.

Речиси 300 авганистански војници убиени во напади на талибанците

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските власти ги обвинија талибанците дека во серија на напади во изминатата недела пред потенцијалните разговори меѓу завојуваните страни биле убиени 281 припадник на безбедносните сили, а повредени биле 550 лица. „Изминатата недела беше најсмртоносната од почетокот на 18 годишниот конфликт“, изјави портпаролот на Советот за безбедност, Џавид Саизал. Според него, талибанците спровеле 422 напади во 32 покраини. Тој порача дека заложбата на талибанците да го намалат насилството е безначајна... Читать дальше...

Повторно погребани останките на 500 нацистички жртви во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Останките на повеќе од 500 мажи, жени и деца егзекутирани од нацистичките трупи за време на Втората светска војна, беа повторно погребани во северозападниот регион Новгород во Русија, додека земјата го одбележува нападот на Германија врз Советскиот сојуз. Церемонијата го одбележа „Денот на сеќавањето и тагата“ во селото каде минатата година беа откриени останките. Минатиот месец, истражниот комитет на Русија започна истрага за „геноцидот на жителите од регионите во Новгород и Псков“. Рускиот претседател... Читать дальше...



Филипче: Се отвораат казината и теретаните, ќе се разговара за границите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата отворање на казината и автомат-клубовите во обложувачниците, како и отворање на фитнес-центрите и теретаните до крај на неделата и да профункционира јавниот превоз во Тетово. Според него, денеска и утре ќе се разговара и за целосно отворање на границите, без задолжително прикажување на негативен тест и карантин од 14 денови. „Епидемијата е се уште во полн ек. Читать дальше...

Јапонија со донација на лекот „Авиган“

SlobodnaEvropa.mk 

Јапонија донирала лек Фавипиравир (Авиган) за 100 лица во Република Северна Македонија како дел од помошта за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). Ефективноста на „Авиган“ сѐ уште не е потврдена, но многу земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија покажаа интерес за овој лек посочуваат од Амбасадата и додаваат дека Јапонија сака да го прошири клиничкото истражување за „Авиган“ заедно со Република Северна Македонија и други земји. Читать дальше...

Димитров-Андрикиене: Изборите во фокус на разговорите

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Лаима Лиусија Андрикиене која денеска се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров изразила надеж дека претстојните избори ќе бидат фер и демократски според европските стандарди. Како што соопштуваат од МНР, шефицата на набљудувачката мисија информирала за досегашните активности, при што истакнала дека набљудувањето на изборите, со оглед на здравствената криза, ќе биде спроведено со помала мисија која има целосен мандат да ги набљудува сите аспекти на изборниот процес. Читать дальше...

Корона предизвици на македонските граници

SlobodnaEvropa.mk 

Странските државјани со документи в рака ја поминуваат српско- македонската граница без проблем. Но, група на македонски печалбари, чекајќи Владата да го укина државниот карантин поради ненаправени тестови за коронавирус остана заглавени во меѓузоната.

Нови 90 заразени со коронавирус, 9 починати во последното деноноќие

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти. Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Со последните податоци... Читать дальше...

Во Русија уште 7600 новозаболени од КОВИД 19

SlobodnaEvropa.mk 

Во Русија се регистрирани 7.600 нови случаи на инфекција со корона вирус, со што вкупниот број достигна 592.280, објави Центарот за криза. Во соопштението се наведува дека 95 лица починале од корона вирусот во текот на претходните 24 часа, со што вкупниот број на жртви достигна 8.206. Во текот на претходниот ден закрепнале 5.119 пациенти, а вкупниот број на заболени е 339.711, јави ТАСС. Од Центарот за кризи прецизираат дека оздравеле 58 проценти од заболените од Ковид-19. Во Кремљ и резиденцијата... Читать дальше...

Објавени нови „бомби“ за Ден Дончев

SlobodnaEvropa.mk 

Три нови аудио и уште една видео-снимка на која наводно се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев се објавени денеска на Јутјуб, на линк наречен „Лепливи раце “. На линкот има и видео-снимка од која може да се забележи како Дончев зема пари и ги става во торба. Новите „бомби“ наводно откривале релација меѓу поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев и приватна компанија, каде тој се обидел да одбрани одреден интерес со помош на институциите. Според содржината на разговорот... Читать дальше...

Тенискиот турнир во Задар прекинат, политичари во самоизолација

SlobodnaEvropa.mk 

Коронавирусот предизвика страв во Задар откако се дозна дека двајца тенисери, Борна Ќориќ и Григор Димитров и двајца тренери, на Ѓоковиќ и на Димитров, се позитивни на коронавирусот. Хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб Давор Божиновиќ денеска изјави дека тестирањата продолжуваат и оти се отвораат телефонски линии на кои граѓаните можат да прашаат се што ги интересира. „Секој што имал контакт со тенисерите треба да се изолира, епидемиолозите ќе контактираат со нив“, рече Божиновиќ. Читать дальше...

Жељко Комшиќ во самоизолација

SlobodnaEvropa.mk 

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ е во самоизолација поради контакт со лице заразено со корона вирус, потврдија за Радио Слободна Европа од Кабинетот на Комшиќ. Оттаму информираат дека Комшиќ треба да биде тестиран за присуство на корона вирус во текот на утрешниот ден. На 19 јуни Комшиќ го посети малиото градче Живиница во североисточна БиХ при што присуствуваше на состаноците на кои бил претседателот на градскиот совет на Живиница Наил Јусиќ, за кој подоцна... Читать дальше...

Заев: Здраво е за државата ДУИ да оди во опозиција

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска уште еднаш ја отфрли како неприфатлива идејата на ДУИ за Албанец премиер. Со ваков, како што оцени, национал – популистички концепт, ДУИ ќе изгуби и ќе премине во опозиција. „Ова што денеска се пласира од ДУИ е само национал – популистичкиот концепт и ништо друго и верувам ќе изгуби и ДУИ заради тоа, зашто граѓаните треба да ги гледаме како кандидати – почнувајќи од мене и сите понатаму, рамноправно како кадарни, квалитетни, посветени, луѓе кои изградиле свој кредибилитет... Читать дальше...

Лајчак во Белград, продолжуваат разговорите за косовското прашање

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, попладнево доаѓа во Белград на разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател. Лајчак пристигнува само еден ден по изборите во Србија на кои партијата СНС која ја предводи Вучиќ доби најголем број гласови. „Мојот мандат е многу јасен, да помогнам во постигнување на правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој ќе ги нормализира односите... Читать дальше...


Музыкальные новости
Алла Пугачёва

Алла Пугачева раскритиковала Лолиту после «голой вечеринки» Ивлеевой





Персональные новости
Спартак

"Спартак" сыграет с "Динамо" в 1/2 финала Пути Регионов Кубка России





Вонредна седница на бугарската Влада поради зголемениот број заболени од Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов одржа седница на Владата, на која беше разговарано за натамошните мерки. „ Премиерот Борисов беше информиран дека исклучително внимателно се следи ситуацијата и оти почнува масовна контрола за почитување на мерките“, се наведува во соопштението на бугарската Влада. Во меѓувреме и бугарското Министерството за здравство на вонредна прес-конференција соопшти дека од утре е задолжително носењето маски во затворен простор односно во продавници... Читать дальше...

Ковид-19 и санкциите од САД ја турнаа иранската валута

SlobodnaEvropa.mk 

Иранската валута падна на најниското ниво досега во однос на доларот, додека земјата се справува со санкциите од САД, коронавирусот и ниските цени на нафтата. На црниот пазар еден долар се разменува за дури 193.400 риали.

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР почнаа со работа

SlobodnaEvropa.mk 

Набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој во земјава пристигна на 19 јуни, од денеска е подготвен за работа и членовите веќе имаа средба со Државната изборна комисија, на која беа информирани за текот на изборниот процес, јави МИА. ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15 јули. Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес. Читать дальше...

Невреме и поплави во северна Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Во невремето со обилен дожд и град што вчера го зафатил северниот дел на Грција, предизвикана е материјална штета и поплавени улици во Серес, Ксанти, Ламиа, на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Најпогоден е грчкиот град Серес каде што се излеала надојдената река и биле поплавени над 100 домови, а била предизвикана голема штета на подруми, паркинзи, автомобили и сл. Противпожарната служба примила над 100 повици за помош. Во одредени делови на Грција биле регистрирани околу 1.500 молњи... Читать дальше...

Повеќе работа, помалку политика со делби - Вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Интервјуто со претседателот на државата, Стево Пендаровски и барањето на ДУИ за Албанец премиер предизвикале најмногу коментари. „Сите сме исти луѓе од Адам и Ева, а имињата на луѓето и националноста се човечки измислици некои да ги делат луѓето и со нив да профитираат“, гласи еден од коментарите.

Епидемиолошката ситуација во Белград се влошува

SlobodnaEvropa.mk 

Епидемиологот Предраг Кон, член на Кризниот штаб на Владата на Србија за борба против корона вирусот, предупреди дека епидемиолошката ситуацијата во Белград повторно се заканува да се влоши и дека наскоро би можело да има некакви забрани. На својот фејсбук профил Кон напиша дека „поради враќањето на студентите во своите домови во јули, заканата од зголемување на бројот на заразени би можелада се прошири низ цела Србија“. Во однос на критиките дека состојбата се влошила и бројот на новозаразени... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Эксперт рассказала, как правильно выбрать одежду для спортзала


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соперница Арины Соболенко разрыдалась на плече белоруски


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о сохранении экологии Севастополя





Путин в России и мире
Москва

Путин всё знал, но никого не предупредил: Немцы обвинили Москву в прорыве израильского Купола


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Виктор Тепляков

Депутат ЗСК Виктор Тепляков принял участие в заседании регионального совета проекта «Чистая страна»



Москва

Шашлык из хакасской говядины, кетчуп из можжевельника и нежнейшая черёмуховая корзинка: В Красноярске стартовал гастрономический фестиваль «Своё в городе»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net