Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2020

Новости за 08.06.2020

Гугл Мапс ќе дава информации поврзани со коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Гугл Мапс наскоро ќе им понуди на своите корисници дополнителни информации со кои ќе им помогне подобро да се организираат во време на коронавирусот, вклучувајќи и информации за гужвите во јавниот транспорт или, пак, за рестрикциите и промените во регулативата. Во соопштението објавено денеска компанијата наведува дека ќе ја понуди услугата во 14 земји во Европа, Латинска Америка, Индија и САД, а потоа ќе вклучува и други држави. Некои од информации кои ќе ги дава сервисот ќе бидат поврзани и со нивото на гужви во возовите и автобусите... Читать дальше...

СЗО бара внимателност, пандемијата се уште е во пораст

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организацијата на денешната прес конференција во Женева побара од земјите да продолжат со напорите за ставање под контрола на коронавирусот наведувајќи дека пандемијата глобално се влошува, а дека пикот во централна Америка не е достигнат. „Повеќе од 136 000 случаи се пријавени во неделата, што е најмногу во еден ден“ рече генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус. Бразил во моментот е една од најзагрозените држави од коронавирусот и се наоѓа на второ место по потврдени случаи... Читать дальше...

Столтенберг бара единство на НАТО наспроти предизвиците од Русија и Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска рече дека алијансата во која има 30 земји членки мора да остане цврста воено, да биде политички пообединета и глобално да има поширок пристап за да продолжи да ги штити демократиите во конкурентниот свет. Во говорот посветен на визијата за НАТО за 2030 година, Столтенберг денеска побара од сојузниците да продолжат да инвестираат во своите вооружени сили, да ја користат алијансата како форум за дискусија и кога е неопходно да делуваат за прашањата... Читать дальше...



Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на Албанија. Според Министертвото за одбрана, потресот е почувствуван во 17:23 часот, со епицентар кај заливот Лазри,кај Драч на длабочина од шест километри. Министертвото информираше дека освен вознемиреност кај жителите Тирана и Драч, земјотресот не предизвикал материјална штета. Потресот е почувствуван и во западниот дел на Северна Македонија. Неколку последователни земјотреси во Албанија се регистриран и синоќа... Читать дальше...

Караџовски- бројката на заболени е поради непочитување на мерките

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски смета дека зголемувањето на бројката на заразени со коронавирусот е резултат на непочитувањето на превентивните мерки, како неносење заштитни маски, непочитување на групирањето, и семејните собирања за ифтарските вечери и Рамазан Бајрам. „На 25 мај имаше 16 случаи и тогаш започнавме со олабавување на мерките. Тој ден предложивме од утредента намалување на одредени мерки со кои го „ослободивме“ населението од рестрикциите што ги имавме воведено. Читать дальше...

Локомотива - членка на Европската мрежа на танцови куќи

SlobodnaEvropa.mk 

Центарот за нови инцијативи во уметноста и културата деновиве стана член на Европската мрежа на танцови куќи. Едновремено, промовирана е и онлајн активноста насловена „Архива на рефлекси - Каде сме и каде одиме?“ која има за цел да сподели размислувања за влијанијата врз уметноста и културата.

Штрајк на просветните работници во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Поради новиот закон од Министерството за образование и во пресрет на неговото гласање во грчкиот Парламент, синдикатите на просветните работници во Грција за утре закажаа 24часовен штрајк, со што училиштата во земјата ќе бидат затворени, јави дописничката на МИА од Атина. Преку штрајкот и протестите, просветните работници бараат да се повлече и да не се гласа законот, бараат да се поништи амандманот за пренесување во живо на часовите, со помош на камери во училниците, бараат да се зголеми финансирањето на образованието од државниот буџет... Читать дальше...

По барање на Вашингтон во Берлин уапсен руски ди-џеј

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот ди-џеј Денис Казначејев, кој живее во германскиот главен град е уапсен за наводно перење пари откако германската полиција добила такво барање од Вашингтон. Руската амбасада во Берлин денеска ги потврди извештаите дека Казначејев, кој ги негира обвинувањата, бил уапсен пред неколку дена. Од амбасадата наведуваат дека се информирани за настанот, но дека не добиле никакви барања од ди-џејот за правна или конзуларна помош. Во пост на Фејсбук на страницата на Казначејев објавен вчера се наведува... Читать дальше...



Втор случај на Ковид-19 во Дебар, кафулињата полни, гостите без маски

SlobodnaEvropa.mk 

За четири дена во општина Дебар евидентиран е втор случај на позитивен на коронавирус. Претходно 48 дена немаше болни во градот. Раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар епидемилогот Ментор Мела за Радио Слободна Европа вели дека има опасност од коронавирусот да се прошири и поради тоа што многу дебарчани кои седат во кафулињата не носат маски. Во однос на ново потврдениот случај во градот Мела вели дека станува збор за жител на Дебар и дека проблем било тоа што нема информации каде... Читать дальше...

Филипче- 90 отсто од заболените во Скопје се од 41 кластер

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека според епидемиолошките анкети и анализи околу 65 отсто од заболените со коронавирус во Скопје се поврзани со познат случај, а 90 отсто од нив спаѓаат во 41 кластер. Тој вели дека овој пик е резултат на семејни и други собири кои се случиле на 23, 24 и 25 мај. Инаку во последното деноноќие се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2. Читать дальше...

Во Пакистан над 100.000 со коронавирус, нема место во болниците

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во Пакистан соопштија дека се регистрирани повеќе од 100.000 заразени со Ковид-19 и дека болниците немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти, пренесе АП. Во светот 400.000 починати од коронавирусот Владата денеска соопшти дека има 103.671 заразени, а според вчерашните податоци, од коронавирусот починале над 2.000 лица. Бројот на заразени лица беше значително потценет поради недоволниот број прегледи, така што министерот за здравство на провинцијата Кибер-Пактунква кон крајот... Читать дальше...

Арифи: Во Тетово полицискиот час не дава резултати

SlobodnaEvropa.mk 

Тетовската градоначалничка Теута Арифи, по денешниот редовен состанок на Кризниот штаб на Општина Тетово, изјави дека смета оти треба да се олабават мерките и дека не е за повторно воведување на полициски час во Тетово, бидејќи оваа мерка не ги дава резултатите. Нов полициски час или враќање во нормала? „После два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати. Минатава недела на телевизиите имаше неколку прилози од Инфективна... Читать дальше...

Ардерн: Во Нов Зеланд веќе нема заразени со коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Новозеландската премиерка, Џакинда Ардерн, денеска соопшти дека Нов Зеланд веќе нема заразени со коронавирус и ќе ги укине сите мерки, освен оние на границите, јави АП. „Јавните и приватни настани ќе можат повторно да се одржуваат, а продавниците, угостителството и целиот јавен превоз ќе може да работи без мерки за физичко дистанцирање, кои се се уште на сила во поголем дел од земјата. И покрај тоа што ситуацијата е побезбедна и подобра, се уште го нема лесниот пат во животот од пред ковид-19,... Читать дальше...

127 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последното деноноќие се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2. Три лица починаа, а регистрирни се 7 оздравени пациенти од кои во Скопје-4, во Тетово-2 и во Гостивар-1, соопшти Министерството за здравство. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години... Читать дальше...

Пад на извозот за 23,8, а на увозот за 19 проценти

SlobodnaEvropa.mk 

Извозот од земјава во првите четири месеци од годинава бележи пад од 23,8 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Објавените податоци покажуваат пад и на увозот за 19 отсто. Вкупната вредност на извозот на стоки од Северна Република Македонија, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 1.782.502 американски долари, додека вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698 американски долари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува... Читать дальше...

Косово отворено за дијалог, Тачи очекува решение годинава

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека косовските институции се подготвени за продолжување на дијалогот со Србија и е оптимист дека договорот за надминување на споровите меѓу двете земји може да се постигне до крајот на годинава, јави МИА од Приштина. Тачи на денешната прес-конференција во Приштина повтори дека очекува дијалогот да резултира со меѓусебно признавање на двете земји, со што на Косово ќе му се отвори патот за зачленување во НАТО и во Европска Унија. Вучиќ – Чекам предлог... Читать дальше...

Чулев за „Боемска“: Ако треба - одговорност ќе има

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска изјави дека снимките од кафеаната на „Боемска“ каде беше фатен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како спротивно на протоколите седи во затворениот дел, сè уште се анализираат, но дека без разлика за кого станува збор, „ако треба - одговорност ќе има“. „До секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика стигнат е дивиарот заедно со дискот и во моментов се врши анализа. Како што бев информиран во најкраток период ќе се излезе со вештачењето... Читать дальше...

Нов полициски час или враќање во нормала?

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести предлага полициски час од 22 часот до пет часот наутро за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип. Но, дали ограничувањето на движењето има ефект и колку и самите политичари кои повикуваа да се седи дома го послушаа својот совет?

Министерот Бектеши не очекува рецесија во првиот квартал

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија, крешник Бектеши, на денешната прес-конференција изјави дека, според индикаторите кои ги имат, не очекува да влеземе во рецесија во првиот квартал. Сепак, додаде тој, засега ги нема официјалните податоци за состојбата од Државнот завод за статистика. „Немам информации за извештајот од Заводот за статистика, но според индикаторите кои ги знаеме, очекувам да не влеземе во рецесија во првиот квартал. Ќе ги чекаме податоците од Државиот завод, по што ќе излеземе со наш став зависно од движењата на секој од секторите“... Читать дальше...


Музыкальные новости
Коммерсантъ

ДЭГ местного значения // Суд оставил в силе итоги электронного голосования на выборах президента





Персональные новости
Бизнес

Бизнес-астролог Александра Секачева дала интервью журналу “Фокус внимания”





Албанец премиер, нов трик на ДУИ за дефокусирање од клучните теми

SlobodnaEvropa.mk 

Спорен е моментот во кој се отвора прашањето за премиер Албанец, велат дел аналитичари, по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е дојдено време за тоа. Тие очекувааат внимателни реакции од македонскиот блок и поостри реакции од албанскиот, но не веруваат дека албанските партии се противат на Албанец премиер, оти тоа би било спротивно на нивните програмски определби.

Ставот на Владата за изборите ќе се знае до петок

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека до петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состоја кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите. Османи додаде дека ставот за изборите на неговата ДУИ се заснова на два основни принципа - здрвајето на граѓаните и консензусот за одржување на избори. Коронавирусот алатка за предизборни препукувања „Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Читать дальше...

Османи барал лидерска - Ќе стаса нацрт-рамката за преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Во наредните денови Европската комисија се очекува да ја објави првата нацрт-верзија на рамката за преговори со Македонија, по што ќе се случи усогласување на позициите на ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција. Тој информираше дека веќе иницирал состанок на лидерите на партиите со претседателот на државата, со цел земјата да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и изградба на заедничка политичка позиција. „Барањето за лидерска средба... Читать дальше...

Шест месеци ковид-19: Пакет лаги

SlobodnaEvropa.mk 

Поминаа шест месеци откако се појави коронавирусот. Тоа беа и шест месеци дезинформации. Истражувачите од универзитетот Карнеги во САД кои проучуваат како се шират дезинформациите преку социјалните мрежи открија дека има повеќе од 100 лажни наративи што се однесуваат на коронавирусот. Преглед на некои од главните митови, актерите зад нив и реалноста.

СОНК: Денес очекуваме стопирање на изборите на УКИМ

SlobodnaEvropa.mk 

Јасна е најновата Уредба на Владата за замрзнување на изборните активности на УКИМ сè до завршување на вонредната состојба во државата и во текот на денот очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите свои активности, со што не би ги довеле во опасност по здравјето поголем број наши членови, како и останатите вработени во УКИМ, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Во спротивно, како што наведува Синдикатот, ќе имаат основано сомнение дека е направено... Читать дальше...

МВР: 511 во самоизолација, 318 без маски

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие во целата држава на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација. Биле извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР. Дали ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки? „По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци.  Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Росгвардия обеспечила правопорядок во время футбольного матча «ЦСКА» - «Спартак» в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Кто отец Дианы Джокович?


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Жёсткие экологические требования решат инновационные энерготехнологии





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время в пути от Москвы до курортов Черного моря


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Минск не исключает попыток оппозиции оторвать часть территории Белоруссии в пользу НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Антонио Вивальди

«Вивальди. Времена Года. Шнитке. Кончерто Гроссо»: концерт в старинном соборе при поддержке Relax FM



Москва

Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует: ВНИМАНИЕ СТРАХОВАТЕЛЕЙ! РЕАЛИЗОВАНА НОВАЯ ВОЗМОЖНОСТЬ!

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net