Уапсени 3 лица за продажба на бебиња на Инстаграм во Иран
Иранската полиција соопшти дека три лица се уапсени во главниот град Техеран за обид да продадат новороденчиња преку социјалната мрежа Инстаграм. Шефот на полицијата, Хосеин Рахими изјави дека две бебиња, едното 20 дена, другото два месеци биле пронајдени кај уапсените кои тврдат дека ги земале од сиромашни семејства за „мала надокнада“.
Бебињата се под државна грижа, и според полицијата, нивните родители се пронајдени. Рахими истакна и дека во последните денови полицијата добила повици од жители кои барале да се преземат мерки против оние што се вклучени во мрежната трговија со бебиња.