Повторно погребани останките на 500 нацистички жртви во Русија
Останките на повеќе од 500 мажи, жени и деца егзекутирани од нацистичките трупи за време на Втората светска војна, беа повторно погребани во северозападниот регион Новгород во Русија, додека земјата го одбележува нападот на Германија врз Советскиот сојуз.
Церемонијата го одбележа „Денот на сеќавањето и тагата“ во селото каде минатата година беа откриени останките. Минатиот месец, истражниот комитет на Русија започна истрага за „геноцидот на жителите од регионите во Новгород и Псков“. Рускиот претседател Владимир Путин и група ветерани од Втората светска војна положија венец на гробот на „Непознатиот војник“ во близина на ѕидот на Кремљ.
Министерството за одбрана соопшти дека војниците низ државата со едноминутно молчење им оддале почит на на воените херои. Бројот на загинати во Советскиот Сојуз во Втората светска војна е највисок меѓу сите земји вклучени во војната. Според официјалните податоци, Советскиот сојуз загубил околу 27 милиони луѓе меѓу 1941-1945 година.