Изборите во јули, датумот недоговорен
Власта е за избори на 5 јули. По завршувањето на вонредната состојба течат роковите за изборите на петти следниот месец, смета власта. Најголемата опозициска партија не прифаќа избори на 5 или на 8 јули, за нив возможен датум би било некаде на средината на јули. Претседателот на ДИК чека решение за нов изборен датум од претседателот на Собранието, кое е распуштено. Претседателот на државата чека партиите да се договорат, па дури тогаш ќе може да свика нова вонредна состојба. Во меѓувреме ОБСЕ/ОДИХР распиша конкурс за ангажирање експерти кои треба да ги следат изборите во земјата.