Баша: Рама e уметник за измами
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша денеска сподели нова видео-порака во која обвнува за, како што вели, „грабежите направени од премиерот Еди Рама“.
„Еди Рама е уметник на измамата. Се што вети, се што рече е лага, со цел да краде. Секој проект, програма и политика на психичкиот крадец е измама за Албанците во служба на олигарсите. Еди Рама и олигарсите – ограбувачи не оставија ништо за обичниот граѓанин. Тие само крадат преку концесии, со тендери, со дозволи за градба, со специјални закони и на секој можен начин. Тие не дозволуваат никој друг да создава, конкурира, гради“, обвинува Баша во видео-пораката објавена на неговиот профил на Фејсбук.