Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2019

Новости за 28.08.2019

Американскиот производител на канабис Биг Мајк објави дека се сретнал со Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот бизнисмен Мајк Штрауметис познат како еден од поголемите производители на канабис со прекар Биг Мајк на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии и кратко видео од средбите со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. Тој во краткото видео на официјалниот Инстаграм профил вели дека Македонија има голем потенцијал. „Возбуден сум да ви најавам дека земјата ќе ја направам европска суперсила на канабисот“, пишува Мајк на својот Инстаграм профил. Читать дальше...

Амбиентот во Пелинце е рај за сликарите од 45-та ликовна колонија

SlobodnaEvropa.mk 

Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите колонии во државава и датира од 1974-та година. Годинава учествуваат единаесет уметници од регионот. Тие творат во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, а делата потоа ќе останат во Кумановскиот музеј.

Британската кралица дозволи суспензија на Парламентот пред Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британската кралица Елизабета Втора го одобри барањето на Владата да го суспендира Парламентот и покрај тензиите и политичката криза која се појави во земјата поради намерата на премиерот Борис Џонсон, земјата да ја напушти ЕУ без договор. Џонсон побара од Кралицата да ги сопре парламентарните дебати во септември, се до 14-ти октомври. Со ваквата одлука се оневозможува пратениците да донесат закони кои би го спречиле излегувањето на Велика Британија од Европска Унија на 31 октомври без договор. ... Читать дальше...



Се урна мост во Турција, повредени се две лица

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку две лица се повредени кога се урна мост во провинцијата Самсун на Црното Море. Мостот над реката Терме, кој ги поврзува Чај и Феленк, се урна вчера поради обилните врнежи што ја зафатија областа, објави денеска Хуриет Дејли меил. После обилните врнежи, патот бил затворен, како и мостот, но сепак некои жители на градот одлучиле да го користат при што две лица паднале во реката.

Заев:Брз план за пошумување околу езерото „Младост“

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев при денешната посета на опожарената шума во близина на велешкото езеро „Младост“ изјави дека секој што од немарност или намерно запалил пожар ќе одговара. Тој додаде дека штетите и последиците се големи и дека локалните самоуправи ќе мора да ги менуваат приоритетите, и да им посветат повеќе внимание на противпожарните бригади и припадници на институции кои се грижат за превенција од криза. „Децениите за ревитализација ќе ги претвориме во години. Општина Велес, Владата и ЈП... Читать дальше...

Мицкоски: Власта и се одмаздува на опозицијата со планот Б

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Берово денеска испрати порака дека власта се обидува да и се одмазди на опозициската партија со најавениот план Б за законот за Јавното обвинителство со кој треба се реши статусот на СЈО. Тој денеска го повтори ставот на партијата и побара оставка од министерката за правда Рената Дескоска. „ Таасо нејзината вчерашна прес конференција наместо да ја искористи приликата и да им се извини на граѓаните на Македонија поради непријатните моменти како прегрнување... Читать дальше...

Заев: Се уште не сум добил покана да сведочам за „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека, според него, најздравото решение за Обвинителството е она донесено со консензус и дек министерката за правда Ренета Дескоска за планот Б за Обвинителство не кажала ништо ново. „Никој не посакува да бараме решение така притиснати од време, сите седнати на маса, политичарите, парламентарците и сите да изнаоѓаме решение. Затоа секогаш постојат алтернативи, со кои можат да се најдат решенија. Но, најздраво решение е она коешто со консензус ќе го донесеме сите... Читать дальше...

Варвициотис - Примена на Преспанскиот договор за поддршка на евроинтеграциите

SlobodnaEvropa.mk 

Со писмо до вицепремиерот Бујар Османи, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, најави поддршка за европските интеграции на Македонија, нагласувајќи дека императив е целосната имплементација на Договорот од Преспа.  „Процесот на европски интеграции на земјите од Западниот Балкан претставува стратешки приоритет на Република Грција. Во таа насока, ние го поддржуваме и процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија, во согласност со предвидените услови и на основа на сопствените заслуги... Читать дальше...



Пендаровски: Сите сакаме истрага за „Рекет“ без влијанија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за неговата позиција во однос на случајот „Рекет“, изјави дека негова работа како претседател не е да ја коментира секоја фаза од случајот „Рекет“, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже видливи моменти за кои ќе може да даде оценка како политичар. Според него, важно е што работата околу процедуралниот колосек, како што рече, „тргнала“, а понатаму се останува на истражните органи. „Пред... Читать дальше...

Кукан: Македонија може да добие датум на есен, Макрон попушта

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот европратеник Едуард Кукан, кој претседаваше со Работната група за Западен Балкан за време на неговиот мандат, изјави дека Северна Македонија може да добие датум за преговори за членство во ЕУ на есен, додека ова сценарио е помалку реалистично за Албанија. Тој во интервју за Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), вели дека Северна Македонија со години ги исполнува критериумите за членство во ЕУ, но Унијата го одложуваше отворањето на преговорите, што за него претставува „апсолутно срамно и демотивирачки“. Читать дальше...

Милошоски: Нов закон - ново Обвинителство, ние да го предложиме шефот

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, изјави дека неговата партија нема да го блокира носењето на новиот закон за обвинителство со стотици амандмани, но и дека смета, оти најголемата опозициска партија треба да даде предлог за шеф на Обвинителството. „Новиот Закон значи создавање на ново обвинителство. Не зборувам за државно обвнителство, туку ново надградено обвинителство за организиран криминал и висока корупција во рамки на ОЈО. Тоа ќе биде сублимат помеѓу сегашното СЈО и обвинителството за организиран криминал. Читать дальше...

Има ли истрага и за други рекетирани и за улогата на политичари?

SlobodnaEvropa.mk 

Се уште нема најави од обвинителството дека ќе се истражат и наводите за неколку бизнисмени кои се позврзуваат со случајот „Рекет“. Дел од нив се спомнуваат во аудио снимките, а дел во исказот на бизнисменот Камчев. Засега во својство на сведок исказ даде само екс директорот на Телеком, Луковски.

Болсонаро сака помош за пожарите, ама владата да ги контролира тие пари

SlobodnaEvropa.mk 

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, е отворен за добивање странска помош поради големите пожари во Амазон, но само доколку неговата земја ги контролира тие пари, изјави неговиот портпарол, пренесоа светските новински агенции. „Бразилската влада преку претседателот Болсонаро е отворена за добивање финансиска поддршка од организации или држави. Суштинска поента е дека овие пари, по влегувањето во Бразил, се под контрола на бразилскиот народ“, изјави пред новинарите портпаролот Отавио Рего Барос, пренесе новинската агенција АФП. Читать дальше...

Британската Влада ќе бара кралицата да го распушти Парламентот

SlobodnaEvropa.mk 

Британската влада ќе побара од кралицата Елизабета Втора да го распушти, односно да го суспендира Парламентот само неколку дена откако пратениците ќе се вратат на работа во септември и само неколку недели пред крајниот рок на Брегзит, објавија британските медиуми и светските новински агенции. Според британските медиуми, тоа ќе ѝ овозможи на новата администрација на Борис Џонсон да го одложи традиционалниот говор на кралицата за идните планови на владата, закажан за 14 октомври. Истовремено, пратениците... Читать дальше...

Петмина осомничени за пожарот кај Велес, за еден се бара притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице, а во врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, кај езерото Младост. По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените. Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Читать дальше...

Кукан и Флекенштајн денеска во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешните пратеници во Европскиот парламент Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн денеска во Белград ќе разговараат со претставници на српската власт и опозицијата. Тие треба да ги слушнат ставовите на двете страни за да утврдат дали постои волја да се прифати помошта на европарламентот во решавање на кризата во односите меѓу власта и опозицијата. Кукан и Флекенштајн беа дел од тричлениот тим кој имаше клучна улога во постигнувањето на македонскиот Пржински договор во 2015 година со кој беше овозможено... Читать дальше...

Најмалку 40 мигранти исчезнале кај Либија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 40 луѓе се водат како исчезнати и се страхува дека се удавиле откако брод со мигранти кој пловел кон Европа потонал на Средоземно море кај Либија, изјави претставник на Обединетите нации. Либиската крајбрежна стража соопшти дека од бродот биле спасени најмалку 65 луѓе, главно од Судан и оти потрагата по исчезнатите била прекината. Од почетокот на годинава досега, според податоците на ОН, на Медитаронот настрадале околу 860 мигранти, а во Европа дошле над 45.000 што е за пад за 30 насто во однос на претходната година.

Ердоган заинтересиран за најновите руски воени авиони

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при отворањето на Меѓународниот авиациско вселенски салон во близината на Москва изразил заинтересираност за купување на најновите руски борбени авиони Су-57. Турција која е членка на НАТО во минатиот месец доби испорака на рускиот ракетен одбранбен систем С-400 и покрај противењето на САД кој од ердоган бара да го поништи тој договор со Москва. На отворањето на салонот рускиот претседател Владимир Путин го нарече Ердоган за „драг пријател“.

Навивачки тенк за Црвена звезда, Хрватска се жали

SlobodnaEvropa.mk 

Навивачите на фудбалскиот тим Црвена звезда од Белград го бранеа поставувањето на стар борбен тенк пред нивниот стадион пред синоќешниот натпревар во рамките на квалификациите во Лигата на шампионите против швајцарскиот шампион Јанг Бојс. Тенкот предизвика силна реакција од соседна Хрватска, која водеше војна за независност од Југославија.

Голем пожар во Мала Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Голем пожар веќе два дена беснее во атарот на селото Церје, општина Пустец, Мала Преспа. Пламените јазици уништија огромна површина дабова шума, кои се дел од нацоналнот парк „Преспа“. Тиранската телевизија Топ чанел јави дека непристапниот терен и ветерот се дополнителен проблем. Според истиот извор, пожарот на албанска страна се префрлил од Грција, каде што пожарот бил изгаснат со канадери.

Денеска е Денот на рударите

SlobodnaEvropa.mk 

По повод Денот на рударите – 28 Август македонскиот претседател Стево Пендаровски, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе го посетат рудникот за олово и цинк САСА во Македонска Каменица. По повод овој празник, но и по повод одбележувањето на јубилејот 40 години работење на рудникот „Бучим“ премиерот Зоран Заев денеска ќе има обраќање во Радовиш.

Времето денеска: сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Во поголемиот дел од земјава ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе биде од 11 до 19, а дневната од 24 до 37 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 17, а дневнта ќе достигне до 35 степени.

Спорт в России и мире
Москва

ЭСК указала на ошибки главного арбитра дерби ЦСКА — «Спартак» Казарцева


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Прямая трансляция матчей Рыбакиной и Путинцевой за выход в 1/8 финала турнира в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Москве заметили первый в России электромобиль Tesla Cybertruck





Путин в России и мире
Москва

«Ану-ка, девушки!»: какой была легендарная передача, которая вернется на ТВ


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

«Набей им морду, покажи им, что ты настоящий белорус». Лукашенко о поездке спортсменов на Олимпиаду




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Цинизм зашкалил: Елена Зеленская повеселилась в Киеве с герцогиней Эдинбургской


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



The Beatles

100 лучших сольных песен The Beatles - 4



Москва

Собянин рассказал о строительстве моста через Москву-реку у Берегового проезда

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net