123ru.net
World News in Macedonian
Август
2019

Новости за 12.08.2019

Блокиран аеродромот во Хонгконг

SlobodnaEvropa.mk 

Летовите од меѓународниот аеродром во Хонгконг се откажани, откако неколку илјади демонстранти влегле на главниот термина на аеродромот денеска попладне по локално време. Централната власт во Пекинг го окарактеризира протестното движење како нешто што се приближува до „тероризам“. До вечерва не е пријавено ново насилство, иако градот живее на работ, по повеќе од два месеци речиси секојдневни судири меѓу демонстрантите и полицијата. На аеродромот во Хонгконг, кој е еден од најфреквентните во светот, укинати се 160 летови. Читать дальше...

Пожар во близина на железничката станица во Куманово

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарот кој попладнево избувна во близина на железничката станица во Куманово го прекина железничкиот сообраќај на пругата Куманово -Табановце, информираат од противпожарната единица во Куманово. Осум противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот. „Пожарот е под контрола нема опасност од ширење. Има голема количина на прагови за железничка пруга кои се дрвени премачкани со специјални премази, што го отежнува гасењето“, изјави шефот на смена од ТППЕ Куманово... Читать дальше...

Пропаѓаат селските водоводи во битолско

SlobodnaEvropa.mk 

Селските водоводи во битолските села пропаѓаат, зашто нема кој да ги одржува. Битолски водовод може да ги преземе, но селаните треба да се согласат и да плаќаат вода.



Турско-американскиот Центар во Сирија наскоро ќе биде активен

SlobodnaEvropa.mk 

Турција соопшти дека американската делегација пристигнала во државата за да постават оперативен Центар за координација и управување со безбедносната зона на северот од Сирија. Турското Министерство за одбрана соопшти дека во земјата пристигнале шест Американци и дека наскоро Центарот ќе биде активен. Тој ќе служи за заеднички операции со цел спречување на тензиите меѓу курдските и турските сили на северот на Сирија, Активностите се договорени за време на минатонеделните преговори меѓу Турција и САД. Читать дальше...

Амбасадорката Брнс за „Рекет“ - Ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор

SlobodnaEvropa.mk 

Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува, меѓу другото, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер споделувајќи го статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата „Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, пишува амбасадорката на Твитер. Читать дальше...

Анкара: До крајот на август или во септември – втора испорака на С-400

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар изјавил дека Анкара очекува во втората половина на август или во септември да биде реализирана втората испорака на одбранбениот ракетен систем С-400, пренесува весникот „Катимерини”. „Бидејќи беше прекинат Договорот за нуклеарните сили со среден и помал дострел Турција ќе има сè поголема потреба од системите С-400“, изјавил Акер. Воените претставници на САД и НАТО долго време се спротивставуваа на Турција за купувањето на С-400 од Русија, велејќи дека... Читать дальше...

Бугарија на САД им плати 1,2 милијарди долари за авионите Ф-16

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија и плати на САД 1,2 милијарди долари за осум авиони Ф-16 Бугарија плати 1,2 милијарди долари за набавка на осум борбени авиони Ф-16 Блок 70 од САД, како и соодветната опрема и вооружување, соопшти бугарското Министерство за одбрана. Од Министерството велат дека со тоа Софија ја исполни обврската по серија договори со САД. Договорите за набавка на Ф-16 ги потпишаа бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а Парламентот ги ратификуваше на 26 јули, по неуспешното вето на претседателот на Бугарија Румен Радев.

Осомничениот за нападите во Париз, обвинет и за нападите во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Единствениот преживеан осомничен за терористичките напади во Париз во ноември 2015 година, денеска и официјално е обвинет дека е вмешан и во самоубиствени бомбашки напади во Брисел, што се случија неколку месеци подоцна. Обвинителството во Белгија денеска ги потврди неодамнешните извештаи во медиумите дека осомничениот, Салах Абдеслам, е обвинет за „учество во активности на терористичка група“. Обвинителството не дава детали за наводната улога на Абдеслам во бомбашките напади на аеродромот во Брисел и градската метро станица... Читать дальше...



Ректорот на УКИМ Јанкуловски земал плата од две места

SlobodnaEvropa.mk 

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за Дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Било утврдено дека по изборот како ректор, тој не го ставил во мирување своето работно место на Дигестивна хирургија, а согласно законот требало. Од ДКСК предлагаат од директорот на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, Зоран Караџов да се побара кривична... Читать дальше...

Обвинителката Елизабета Јосифовска дала изказ во ОЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Исказ за случајот „Рекет“ дала денеска обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство. Таа била сослушана пред надлежен јавен обвинител во Јавното обвинителство, потврдува државниот обвинител Љубомир Јовевски, за МИА. Обвинителката Елизабета Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осомничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на специјалната обвинителка Катица Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише... Читать дальше...

Заев: 49.552 нововработени, а не новоиселени

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека за две години во државава има нови 49.552 вработувања и оти тие бројки се однесуваат за нововработени граѓани, а не за новоиселени. „Нови 49.552 вработувања во Северна Македонија за две години! Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку ново-вработени граѓани... Читать дальше...

Антикорупциска отворила предмет за братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев

SlobodnaEvropa.mk 

Антикорупциската комизија на дененешната седница информираше дека има предмет и се прибираат информации за случајот со Тодор Анѓушев, брат на вицепремиерот Кочо Анѓушев, за изградба на хидроцентрала на државно земјиште. Одговарајќи на новинарско прашање претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, изјави дека има предмет и се работи на него. Повеќе информации најави кога ќе дојде крајот на случајот. Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, рече дека се прибираат информации за предметот, кој бил покренат по пријава на ВМРО-ДПМНЕ или по допрен глас... Читать дальше...

Јанушев: Боки 13 не е толку моќен за сам да рекетира

SlobodnaEvropa.mk 

За два дена истекува 30 дневниот притвор кој судот им го изрече на Боки Тредичи и неговиот партнер Зоран Милески Кичеец, а обвинителството и Зоран Заев се обидуваат да ја лажат домашна и меѓународна јавност дека тие двајцата се сами во целата политичко-обвинителска рекетарска афера, обвини денеска генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по обраќањето на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во врска со случајот „Рекет“. „Дури ни мало дете веќе не им верува дека пријателот... Читать дальше...

Ново судење за „Титаник“ в среда, Стефанова утре на исказ за „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за „Титаник“ на СЈО, во кој за изборни нерегуларности се обвинети 20 поранешни високи државни и партиски функционери, ќе продолжи во среда, откако денеска во Основниот кривичен суд се одржа првото рочиште по едномесечната судска ферија. Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО. Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, која беше спомната и во снимките за случајот „Рекет“ што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“... Читать дальше...

Пендаровски не е за избори пред влезот во НАТО и пред пописот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, не коментира дали е можно да падне Владата поради случајот „Рекет“, но, како што рече на денешната прес-конференција, лично смета дека предвремени избори не се од интерес на државата до крајот на годината кога очекува комплетно интегрирање на земјата во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ. „Тоа е работа на луѓето кои ја предводат Владата и политичките партии кои ја сочинуваат. Нивната политичка проценка е најбитна, а по Уставот е јасно – кој има 61 глас од 120 пратеници тој е на власт. Читать дальше...

Гардијан - Британските дипломати ќе се повлечат од работата на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Лондонскиот весник „Гардијан“ објави дека за неколку дена британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на ЕУ, како што е планирано од владата на Борис Џонсон. „Во обид да се засили пораката дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 октомври, британските дипломати ќе престанат да присуствуваат на дневните состаноци во Брисел“, пишува весникот и додава дека тој потег, според официјалните лица во Лондон, е во согласност со првото обраќање на Борис Џонсон во Долниот дом кога... Читать дальше...

Мета: Место борба за власт, да ја вратиме надежта за ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател, Илир Мета, побара од премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, „да се откажат од борбата за власт“ и да размислат за изборите на 13 октомври, бидејќи, како што вели, се уште има време да им се врати европската надеж на албанските граѓани, објавија новинските агенции. „Не само што попусто беше потрошена една година, без соработка, концентрација и одговорност, туку нештата се влошија единствено во интерес на борбата за власт. Но, се уште имаме можност да ги искористиме овие денови... Читать дальше...

Пендаровски - нема правна држава ако не се гонат и „криминалците“ од власта

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку клучни пораки поврзани со случајот "Рекет" упати македонскиот претседател Стево Пендаровски. Тој изрази разочарување од тоа што обвинителите отишле на одмор, а покрај кривнично - правна побара и политичка одговорност од политичарите.

УЈП ја објави најновата листа на најголеми должници

SlobodnaEvropa.mk 

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на најголемите фирми-должници кон државата. На врвот на листата е ТЕ-ТО АД Скопје. Во групата на големи должници се и Националната радио телевизија, „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп, потоа „Бетон“ АД Скопје, „Винарска визба Повардарие“ од Неготино... Дел од листата должници кон државата, како и на минатите неколку листи, и овој пат се државни и јавни претпријатија, како и комунални претпријатија од неколку општини. Според официјални податоци... Читать дальше...


Музыкальные новости
Борис Гребенщиков

Борис Гребенщиков сообщил, что не знает, кто такой Богомолов





Персональные новости
МТС

МТС Travel рассказал, куда туристы из Чувашии поедут на майские праздники





Стефанова утре ќе даде исказ за „Рекет“, за Јанева не се знае

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврдил за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Сепак, тој не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. „Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени“, вели Јовески, кој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани. Читать дальше...

Пендаровски: За „Рекет“ треба да има и политичка одговорност

SlobodnaEvropa.mk 

Јас, јавно, уште на самите почетоци на аферата „Рекет” го кажав својот став дека сум разочаран од тоа што го слушнав и повикав на брза и темелна истрага. Наместо тоа, надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за редовна состојба и за рутински предмет, а, не е така. Аудио и видео снимките кои се споделуваат на медиумите изминативе денови предизвикуваат длабоко разочарување кај сите граѓани, а особено кај оние кои со години и по цена на постојани притисоци и закани од поранешната власт протестираа секојдневно барајќи правда... Читать дальше...

Забранет увозот на свињи и свинско месо од Србија поради африканска чума

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе забрана за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума. Директорот на АХВ Зоран Атанасов за МИА потврди дека во Србија има африканска свинска чума, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка,… Претходно, на прес-конференција за антраксот, Атанасов соопшти дека во Република Северна Македонија африканска свинска чума нема. Читать дальше...

Атанасов: Нема потреба од паника и страв поради антраксот

SlobodnaEvropa.mk 

Нема потреба да се шири паника и да се сее страв кај граѓаните, а уште помалку да се прави сензација со антраксот. И досега во земјава болеста била регистрирана. Присутна е тука со децении, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Тој на прес-конференција нагласи дека нов случај на антракс кај животните нема, а нема ни заразени луѓе. Информираше дека во селото Долно Строгомиште, општина Зајас, вкупно девет мрши од овци се уништени и нештетно отстранети... Читать дальше...

Преговорите на САД и талибанците завршија, се чека конкретен договор

SlobodnaEvropa.mk 

Заврши и последната рунда преговори меѓу талибанците и САД за повлекување на американските трупи од Авганистан, а двете страни сега ќе се консултираат со своите лидери за следните чекори, изјави талибанскиот портпарол Забихула Мужахид, пренесоа светските новински агенции. Тој преку соопштение ги опиша разговорите како „долги и корисни“. Претходно, друг портпарол на талибанците истакна дека се очекува договор по оваа, осма рунда преговори. Се очекува договорот да ги вклучува гаранциите на талибанците... Читать дальше...

Заврши судската ферија, почна ново рочиште за „Титаник“

SlobodnaEvropa.mk 

По завршувањето на судската ферија, денеска почна ново рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, што го води обвинителката Лиле Стефанова. Одбраната побара одложување на рочиштето поради настаната ситуација, односно поради оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Судот го одби таквото барање, затоа што смета дека доволно биле одложувањата до сега. Стефанова започна со презентација на доказите кое Обвинителството ги прибра за кривичното дело изборна измама. Во судницата, од куќен притвор, е обвинетиот Миле Јанакиески. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудник ОМОН «Крепость» стал бронзовым призером на соревнованиях Центрального округа Росгвардии по боксу


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева замыкает год // 16-летняя российская теннисистка успешно стартовала на крупном турнире WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Сенсорный сад с экотропами появится в Бутырском районе Москвы





Путин в России и мире
Москва

Путин сказал Алиеву: "Пора!". Новый БАМ пройдет через Кавказ. Транспортным коридором "Север — Юг" Россия и Азербайджан перешли дорогу Западу


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

VII Всебелорусское народное собрание: основные заявления Александра Лукашенко




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Проводивший панихиду по Навальному* священник запрещен в служении



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Игорь Бутман

Квинтет Игоря Бутмана и певица Фантине впервые выступят на джазовом фестивале в Бахрейне



Москва

Солнечная энергия Орловщины все еще в «стадии реализации»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net