123ru.net
World News in Macedonian
Август
2019

Новости за 03.08.2019

ВМРО-ДПМНЕ – Дали во Крушево се скандираше „Северна, Северна“ за капче и сендвич?

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира дека Илинденската прослава, која ја организираа СДСМ и Зоран Заев „беше срам за целата јавност во која што се фалсификува историјата на Македонија и нејзината борба за самостојност“ и прашаа кои биле членовите на групата што во Крушево извикуваа „Северна, Северна“. „Кој им дал таква задача и дали тоа го правеле само заради едно капче, сендвич или го правеле за многу посериозен надомест? Која е таа „северна” и колку ваквото скандирање ја милува „жицата македонска” на Зоран Заев? Читать дальше...

Четворица загинати поради земјотресот на островот Јава во Индонезија

SlobodnaEvropa.mk 

Индонезиските власти денеска објавија дека во силниот земјотрес на островот Јава загинале четири лица, а повеќе од 200 куќи се оштетени. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот со јачина од 6,8 степени во петокот имал епицентар на околу 150 километри југозападно од Јава. Индонезиските власти соопштија дека четири лица загинале за време на паничното бегство во покраината Бантет, а уште четворица се повредени. Индонезија, која има 260 милиони жители, е подложна на земјотреси и вулкански ерупција... Читать дальше...

Најмалку 19 уапсени на опозициските протести во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 19 луѓе се уапсени денеска на протестите на опозицијата во Москва, соопшти невладината организација ОВД-Инфо. Неколку стотици луѓе се собраа на повеќе места во центарот на Москва, на протести на кои граѓаните бараат слободни избори. Полицијата почна да апси веднаш откако почнаа да се собираат граѓаните. Приведена и познатата опозициска активистка Љубов Собол. Властите предупредија дека жестоко ќе одговорат на секој обид за одржување недозволени протести. На претходниот протест на повик... Читать дальше...



Меси суспендиран на три месеци од репрезентацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси е суспендиран на три месеци од репрезентацијата на Аргентина откако ја обвини Јужноамериканската фудбалска конфедерација за корупција. Тој исто така треба да плати казна од 50 илјади долари поради коментарите по победата на Аргентина против Чили за третото место на Копа Америка. Ѕвездата на Барселона и на Аргентина има право на жалба. Аргентина во полуфиналето на Копа Америка изгуби од Бразил, а Меси, незадоволен од судењето, тврдеше дека натпреварувањето е наместено за да победи домаќинот. Читать дальше...

Иран дополнително се откажува од обврски од нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави дека неговата земја ќе преземе трет чекор за намалување на обврските според нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили. Тој не кажа што точно ќе направи земјата. Иран во мај објавија дека постепено ќе ги намалува обврските од договорот, доколку другите потписници целосно не ги исполнат своите обврски. Техеран веќе почна со збогатување на ураниум повеќе од дозволеното според договорот, кој предвидуваше Иран... Читать дальше...

Невремето во Далмација насука бродови и корнеше дрвја

SlobodnaEvropa.mk 

Невреме со силен ветер ноќеска во Далмација корнеше дрвја и насукуваше бродови. Ветерот дувал со брзина од 75 километри на час, пренесе агенцијата Хина, повикувајќи се на податоци од Поморскиот метеоролошки центар во Сплит. Службата за трагање и спасување на море примила 130 пријави за насукување на пловила, но нема информации за повредени. Во подрачјето на Сплит и Солин ветрот корнел дрвја кои паѓале по улиците и патиштата. На повеќе места има оштетени паркирани возила во Сплит. Силниот ветер уривал и бандери... Читать дальше...

Тројца загинати во Калифорнија во одрон на карпа на плажа

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца луѓе загинаа кога се одрони карпа на популарна плажа на брегот на Тихиот Океан на југот на Калифорнија, а двајца се повредени. Десетина метри од карпата се одрониле вчера и паднале на плажата Грендвју во Енсинтас во близина на Сан Диего. На плажата имало многу луѓе. Властите соопштија дека карпата била оградена за луѓето да не доближуваат до неа, зашто била нестабилна. Такви одрони на плажи во јужна Калифорнија има по неколку пати годишно, но овој има најтешки последици досега.

Две жени ранети по пукање на свадба во гостиварско Чајле

SlobodnaEvropa.mk 

Две жени се здобиле со повреди при пукање од огнено оружје на свадбена веселба во гостиварското село Чајле. Непосредно по ранувањето, жените се згрижени во гостиварската болница, а лицето кое е осомничено дека пукало од пиштол е лишено од слобода. Според информациите од СВР Тетово, половина час по полноќ во дворот на семејната куќа на Б.Х. (53), додека траела свадбена свеченост, имало пукање од огнено оружје. Во сè уште до крај нерасветлени околности дошло до повредување на две жени кои присуствувале на веселбата. Читать дальше...



САД подготвени за „добар договор“ со талибанците

SlobodnaEvropa.mk 

Вашингтон е подготвен да потпише „добар договор“ со талибанците, изјави американскиот специјален пратеник, Залмај Калилзад, кој преговара за ставање крај на речиси дводецениската војна во Авганистан. Денеска во Доха, главниот град на Катар, продолжија преговорите меѓу американската делегација и претставници на талибанците. Ова е осма рунда на преговори.  Тема на разговорот е и повлекувањето на странските сили од Авганистан во замена за гаранции од страна на талибанците дека нема да членуваат во терористички групи. Читать дальше...

Фирмите добиле 237 милиони евра како поврат на ДДВ

SlobodnaEvropa.mk 

Над 14,5 милијарди денари, или 237 милиони евра, државата им вратила на фирмите врз основа на поврат на ДДВ. Податоците се за годинава заклучно до јули. Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави дека во стопанството се вратени над 30 милиони евра повеќе од лани. Според неа, тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемување на даночните приходи, дека ликвидноста на буџетот е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски од Буџетот на расходната страна и кон бизнис-секторот. Читать дальше...

Бугарката Кристалина Георгиева – кандидат на ЕУ за директор на ММФ

SlobodnaEvropa.mk 

Европските власти одлучија извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева да биде нивен кандидат за нова директорка на Меѓународниот монетарен фонд со седиште во Вашингтон, на местото на Французинката Кристин Легард, која заминува од функцијата. Бугарката Георгиева доби поголема поддршка меѓу владите во ЕУ од поранешниот холандски министер за финансии, Јерен Дијселблем, информираат францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на Твитер. Читать дальше...

Разрешена романска министерка поради несоодветен коментар за убиена девојка

SlobodnaEvropa.mk 

Романската премиерка Вјорика Данчила изјави дека ја сменила министерката за образование Екатерина Андронеску поради нејзината неодамнешна несоодветна изјава за случајот со убиената девојка. Данчила на Фејсбук објави дека ставовите на Андронеску одразуваат „неодговорен став“ и „недостиг од разбирање“ по повод силувањето и убиството на 15-годишната девојка, која била киднапирана откако стопирала. Андонеску изјави дека неа „дома ја учеле да не влегува во автомобил со непознати лица“. Премиерката... Читать дальше...

Албанија ќе дава државјанство и пасош за сите Албанци по род

SlobodnaEvropa.mk 

Албанската Влада усвои Предлог-законот за државјанство, кој предвидува, меѓудругото, „Стекнувањето на државјанство врз основа на потекло“. Со ова им се овозможува на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да добијат албанско државјанство. Другата важна новина е давањето албанско државјанство на секој кој ќе се роди на територијата на Република Албанија. Предлог-законот за државјанство се очекува да се најде на дневен ред на... Читать дальше...

Се чека најмалку еден час за влез во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути, соопшти АМСМ. Граничната полициска и царинската служба на граничниот премин „Богородица“ брзо ги извршува своите обврски и не дозволуваат подолго задржување на излез од земјава, изјавија за МИА од дежурната служба на ГП „Богородица“. Читать дальше...

Временска прогноза - Променливо облачно со сончеви периоди

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дневната температура ќе се движи од 25 до 38 степени. Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. УВ индексот е 8. Во Скопје дневната температура ќе достигне 33 степени.

Спорт в России и мире
Москва

Блиц-матч по шахматам между двумя командами провели в павильоне «Спорт для каждого»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Даниил Медведев

Битые корты: Медведев и Александрова вышли в четвертьфинал Miami Open


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге об открытии новых специальностей в области создания городской среды





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге: национальные проекты — драйверы развития России


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Диана Арбенина

Певица Диана Арбенина объяснила, почему уехала из России



Москва

Девятого фигуранта дела о теракте в «Крокус Сити Холле» доставили в суд

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net