Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2019

Новости за 23.08.2019

Ердоган ќе го посети Путин следната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира на 27 август да оствари еднодневна посета на Москва каде ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин. Ова го објави кабинетот на Ердоган по телефонскиот разговор кој тој го имал со Путин за случувањата во северозападниот дел на Сирија. Во соопштението е наведено дека Ердоган во разговорот му потенцирал на Путин дека руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад предизвикува хуманитарна криза која претставува закана за турската национална безбедност. Читать дальше...

Франција стартува истрага за милијардерот Епштајн

SlobodnaEvropa.mk 

Франција стартуваше прелиминарна истрага за наводите за сексуални кривични дела поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епштајн, соопшти денеска обвинителот Реми Хејц. Истрагата ќе разгледува можни кривични дела како силување на деца под 18 години и евентуален криминален заговор. Милијардерот Епштајн беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во САД на 10 август, откако беше обвинет за сексуална трговија со малолетни лица.

Неделниците за рекетираните и рекетарите

SlobodnaEvropa.mk 

Рекетарите ама и рекетираните мора да одговараат, порачува неделникот Капитал. Јанев ја улови „криминалецот“ кој таа лично требаше да го стави зад решетки, пишува Фокус.



Новиот грчки министер се жали на илјадници нерешени барања за азил

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот министер за цивилна заштита и миграциска политика Јоргос Кумуцакоц вели дека како Влада наследиле65.219 неразгледани барања за азил, а бројот секојдевно дополнително расте. Тој вели дека Сириза оставила во наследство проблематична ситуација на островите и во земјата во управувањето со бегалското/мигрантското прашање, острови преплавени од 18.804 лица, наместо предвидениот капацитет од 6.338. Од друга страна пак во одговорот од кабинетот на Кумуцакос за изјавата на надлежниот за миграциска политика во СИРИЗА... Читать дальше...

Зариф: Продуктивни разговорите меѓу Иран и Франција

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Јавад Зариф вели дека разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон кои се во насока на спасување на меѓународниот нуклеарен договород 2015 со Техеран се продуктивни. Франција даде неколку предлози, а и ние презентиравме неколку предлози за чекорите што треба да се преземат во иднина од двете страни, изјавил Зафир, пренесуваат иранските медиуми по средбата со Макрон во Елисејската палата во Пари. Зафир рече дека Иран нема да седне на нови преговори... Читать дальше...

УЈП во затворот го извести Боки 13 за финансиската контрола

SlobodnaEvropa.mk 

Инспектори од УЈП попладнево беа во притворското одделение на Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, за да го известат првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски дека ќе вршат финансиска контрола во неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“ и да му врачат налог за тоа. Инспекторите го известиле Јовановски дека од понеделник ќе ја преземат документацијата од Меѓународниот сојуз за да започне контролата.

Амбасада на САД:Секој што ја злоупотребил довербата на јавноста да одговара

SlobodnaEvropa.mk 

„Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да одговара“, се вели во коментарот како одговор на американската амбасада во Скопје на прашањата на „360 степени“. Американската амбасада целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти, по притворот кој и беше одреден на специјалната обвинителката Катица Јанева како дел од истрагата за предметот Рекет. За САД важно... Читать дальше...

Лавров сака да оди во посета на Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов на средбата со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис го изрази интересот на Русија, нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров до крајот на годинава да ја посети Грција. Варвициотис го прими рускиот амбасадор Маслов, а на протоколарната средба, како што соопштуваат од грчкото МНР, станало збор за можностите за билатералната соработка, како и за прашањата од регионален и меѓународен интерес, jави дописничката на МИА од Атина. Читать дальше...



Договорена уште една коалиција пред изборите во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Партиите на вицепремиерите на Владата во оставка на Косово, Фатмир Лимај – Социјалдемократска иницијативе (Нисма) и Беџет Пацоли – Алијанса ново Косово (АКР) се договорија денеска за заеднички настап на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат оваа есен, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференцијата што ја одржаа по тој повод, лидерите на двете досега владејачки партии соопштија дека се договориле оти заеднички кандидат за иден премиер на Косово ќе биде Лимај. Двете партии... Читать дальше...

Советот на обвинители следната недела ќе заседава за Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

Седницата на Советот на јавни обвинители, на која треба да започне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, ќе биде закажана од понеделник бидејќи не се доставени комплет списите кои се побарани. Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев во изјава за МИА вели дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите што треба да ги достави Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за активностите што се преземени... Читать дальше...

Нетанјаху: Војската да направи се што треба против иранските закани

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на војската ѝ наредил да направи се што е неопходно за да се спротивстави на иранската закана, објавија светските новински агенции, пренесувајќи ги изјавите на Нетанјаху од интервјуто за Канал 9 на израелската телевизија. „Никогаш не сум му давал имунитет на Иран. Тоа е држава која се заколна дека ќе го уништи Израел. Таа се обидува да создаде бази против нас насекаде: во самиот Иран, во Либан, Сирија, Ирак и Јемен“, изјави Нетанјаху во интервјуто. На прашање... Читать дальше...

Стефанова: Предметите на СЈО не можат да паднат поради притворот на Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

На новинарско прашање дали поради притворот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева можат да паднат сите предмети на СЈО, обвинителката Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, рече дека „таква можност не постои“. „Предметите ги работеа десет јавни обвинители и верувам дека се сите работени како што е потребно“, изјави Стефанова, додавајќи дека „немало спогодба за случајот „Империја“, бидејќи не се донела таква одлука, но имало намера да има спогодба“. На прашањето дали знае... Читать дальше...

Во Шведска формирана првата партија на мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Микаил Јуксел, шведски политичар со турско потекло, во Шведска ја формираше првата „Партија на мигранти“, пренесе турската државна агенција Анадолија. Јуксел во изјава за тамошните медиуми подвлече дека неговата партија ќе ги преставува интересите на мигрантите. Веќе е поднесено барањето за нејзина регистрација во изборниот орган на оваа скандинавска земја, за да може да се вклучи во трката за следните избори. „Сакаме исламофобијата да се прогласи за криминал. Сакаме муслиманите да бидат признати за малцинство во шведскиот Устав“... Читать дальше...

Германија ја заврши ратификацијата на протоколот за НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Република Северна Македонија во НАТО. „Со тоа во Германија постапката за ратификација за пристапување на Северна Македонија во НАТО е завршена“, стои во денешното соопштение од Германската амбасада во Скопје. Германскиот Буденстаг го ратификуваше пртоколот за члеснтво во НАТО на 6 јуни годинава.

Советот на обвинители го доби извештајот за „Рекет“, следува разрешување на Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на јавни обвинители го доби извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата за „Рекет“, меѓу нив за мерката притвор што и беше одредена на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот. Обвинителството, кое го предводи Вилма Русковска во извештајот направи преглед на настаните и преземените дејствија во врска со досегашните мерки за „Рекет“, за кој осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милески. Читать дальше...

Сандерс ја промовираше стратегијата за климатски промени вредна 16 милијарди долари

SlobodnaEvropa.mk 

Демократскиот претседателски кандидат, Берни Сандерс, ја промовираше својата стратегија за климатски промени вредна 16,3 милијарди долари за време на турнејата низ северна Калифорнија, објавија светските новински агенции. Според планот, Сандерс би иницирал деценија на т.н. Green New Deal, 10-годишна федерална мобилизација која климатските промени би ги земала предвид во секоја политичка акција, од миграцијата до надворешната политика, со ветување дека од ваквиот начин на дејствување ќе произлезат 20 милиони работни места. Читать дальше...

Има ли грешни политичари и бизнисмени во „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Дали има грешни функцонери поврзани со „Рекет“, а и бизнисмени за кои има индиции во јавноста, но и во објавените аудио снимки. Обвинителството засега е фокусирано само на исплатата од бизнисменот Орце Камчев, а упатените велат дека треба да се истражат сите сомнежи.

Стефанова нема да конкурира за шефица на СЈО, бара да се донесе законот за ЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега. Јас од самиот старт се оградував од Јанева, изјави денеска обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, по одложувањето на денешното судско рочиште за „Титаник“. Според неа, СЈО е во најтешката состојба од основањето и апелираше политичарите да го донесат законот за јавното обвинителство. Стефанова пред новинарите изјави и дека нема намера да конкурира за шефица на СЈО и нагласи... Читать дальше...

ЕУ создава стратешки фонд од 100 милијарди евра

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ создава фонд од 100 милијарди евра за инвестиции во стратешки области, во кои заедницата заостанува зад своите глобални конкуренти, го пренесоа аветските новински агенции пишувањето на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, кој, како што наведува, имал увид во релевантни документи на Унијата. Таканаречениот „Европски фонд за иднината”, според весникот, ќе ги финансисра инвестициите на земјите членки во водечките индустриски групи и компании, кои се способни да им конкурираат на такви корпорации, како на пример Гугл, Епл и Алибаба. Читать дальше...


Музыкальные новости
Стинг

Стинг и Эминем – хедлайнеры культурной программы в США





Персональные новости
Антон Чехов

Антон Чехов – писатель, врач, путешественник. В Белгороде прошла творческая встреча, посвящённая писателю





Бугарија може да го воведе еврото најрано во 2023 година

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија може да го воведе еврото најрано во јануари 2023 година, се наведува во извештајот на агенцијата за рејтинг „Фич“. Агенцијата наведува дека Бугарија има позитивен рејтинг на БББ и официјално го започнала процесот на влез во ЕПМ II, познат како „чекална на Еврозоната“, во јули 2018 година. Се очекува одлуката за пристапување кон еврото да се случи на крајот на 2019 година. Според агенцијата, Бугарија би можела да се приклучи на еврозоната во почетокот на 2023 година доколку успешно ги исполни критериумите на ЕПМ II... Читать дальше...

Навални: Протестите ќе продолжат помасовно, нема поддршка за Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на руската опозиција и критичар на политиката на Кремљ, Алексеј Навални, по излегувањето од притвор изјави дека антивладините протести ќе продолжат и ќе бидат помасовни. „Сега гледаме дека лагите и измамите не им се доволни. Не им е доволно да им забранат на кандидатите да излезат на избори. Тие намерно сакаат да уапсат десетина луѓе и да претепаат стотина… Тоа покажува дека не постои поддршка за овој режим. Тие тоа го чувствуваат и се исплашени“, рече Навални веднаш по излегувањето од затворот... Читать дальше...

„Титаник“ одложен за 4-ти септември

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ е одложено за 4 септември, на барање на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова. Одолжувањето беше побарано откако одбраната на обвинетите предложи прекинување на пастапката за „Титаник“ до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО. Обвинителката Стефанова, во однос на предлогот на одбраната, рече дека како СЈО сметаат дека овластувањата на Јанева се... Читать дальше...

Бектеши: Очекувам брзо укинување на косовската забрана за македонски мед и компир

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, во писмо до неговиот косовски колега, Ендрит Шаља наведе дека очекува во текот на овие работни денови Косово да ја повлече Одлуката за забрана за извоз на компир и мед од државава, воведена пред една недела како одговор на нашата забрана за увоз на икра и рибен подмладок од оваа соседна држава, а поради недостаток на мониторинг на нивната состојба. Во писмото, што го објави на неговиот Фејсбук профил, Бектеши укажува дека Северна Македонија, може да дозволи увоз на рибен подмладок и икра... Читать дальше...

Груевски и Ангеловска- најмлади министри за финансии

SlobodnaEvropa.mk 

Нина Ангеловска е предложена за министерка за финансии, а Неџат Мехмедовиќ за заменик во министерството за политички систем. Овие две решенија премиерот Зоран Заев ги најави како предлози со кои се покажува дека младите треба да се борат и образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите.

Одбраната на „Титаник“ бара изземање на СЈО поради притворот на Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

Одбраната во случајот „Титаник“ побара изземање на обвинителката Лиле Стефанова и СЈО од случајот, поради, како што рече адвокатот Димитар Дангов, протворот на специјалната обвинителка Катица Јанева, што според него е причина останатите обвинители веќе да немаат надлежност да ги застапуваат обвиненијата. „Во овој момент општо познато е дека Катица Јанева е во притвор, како осомничена во „Рекет“. Постои опасност Јанева да стори друго кривично дело, бидејќи ова е еден од основите за кои и е одреден притвор. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

ЭСК указала на ошибки главного арбитра дерби ЦСКА — «Спартак» Казарцева


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Касаткина проиграла Путинцевой и не смогла выйти в 1/4 финала турнира WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Ключевой аспект успеха: как построить долгие и хорошие отношения с клиентом





Путин в России и мире
Москва

Дугин в интервью Такеру Карлсону: "Путин — это традиционный лидер"


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко заявил о желании построить в Белоруссии вторую АЭС




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Цинизм зашкалил: Елена Зеленская повеселилась в Киеве с герцогиней Эдинбургской


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Елена Маркелова

Инклюзивный Фестиваль гимнастики с участием детей с ограниченными возможностями здоровья прошел в Самаре



Москва

Какие фильмы выходят в кино и в сети в мае 2024 года

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net