Одбраната во „Титаник 3“ побара изземање на Јанева, Фетаи и Бубевски
Поради актуелните случувања во СЈО, одбраната на обвинетите во случајот „Титаник 3“ побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и на нејзините ополномоштени обвинители Фатиме Феати и Гаврил Бубевски. Судот по ова барање треба се произнесе по паузата.
Адвокатот Еленко Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски. Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.