ОН: Рекорден број бегалци, за едно година убиени или повредени 12.000 деца
Обединетите нации соопштија дека бројот на бегалци во светот достигнал рекордни 70 милиони луѓе и дека толкав број на бегалци не е забележан уште од Втората светска војна. Во соопштението на германскиот огранок на УНХЦР, објавено пред Светскиот ден на хуманитарноста, се наведува дека луѓето бегаат од војните, прогонот и последиците од глобалното затоплување.
Хуманитарната организација СОС Детско село објави дека минатата година се убиени или повредени 12.000 деца. Се додава дека илјадници се киднапирани и станале деца војници, а стотици илјади имаат сериозни трауми. Најголем број убиени или повредени деца се регистрирани во Авганистан (3.062), Сирија (1.854) и Јемен (1.698).