Џонсон бара Германија и Франција да направат компромис за Брегзит
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика Германија и Франција да направат компромис за Брегзит, нагласувајќи дека неговата земја ако има потреба, ќе биде целосно подготвена да ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври, објавија новинските агенции.
„Ние ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври – со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери од другата страна на Каналот не покажуваат доволно волја да го променат својот став и тоа е добро, сигурен сум дека ќе го сторат тоа“, рече Џонсон.
Пред посетата на Берлин и Париз оваа недела, Џонсон рече дека очекува компромис за „Бекстоп“, одредба според која нема да има „тврда“ граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска.