ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителите од СЈО немаат кредибилитет
Опозициската ВМРО- ДПМНЕ тврди дека Специјалното јавно обвинителство и неговите обвинители немаат кредибилитет затоа што молчеле за целиот криминалот кој што се случува, по што тврди дека сите вработени во СЈО се дел од криминална мрежа. Портпаролот на партијата Димче Арсовски на прес конференција изјави дека постои сомнеж дека во име на „Рекет“ на сметката на невладината на Бојан Јовановски легнале 260 илјади евра за затворање на предмет кој првично не бил во надлежност на ОЈО, но преминал поради поврзаност со предметот „ТНТ“
„Дали Вилма Русковска и ОЈО веќе се занимаваат со овој случај каде што се зацрнети судбини на луѓе поврзани со случајот „ТНТ“ од страна на СЈО? Дали некој се занимава со овој платен рекет од 260.000 евра за повлекување на обвинение? Сега гледаме дека се било шема од Катица Јанева, Заев и останатите за да се вршат притисоци и да се рекетираат пари, “ изјави Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ бара од ОЈО да ја приведе специјалната обвинителка Катица Јанева.
Инаку во СЈО се води и предмет против дел од високи функционери вопартијата ВМРО-ДПМНЕ, под име Талир за незаконско финансирање.