Кривична пријава за екс-градоначалникот на Македонски Брод
МВР му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник на Македонски Брод, М.В. (60), за помагање во врска со „злоупотреба на службена положба”. Според соопштението на МВР, со такво дејство од екс-градоначалникот, на скопјанецот Н.А. му е овозможено бесправно да се стекне со парцела во сопственост на државата на која се наоѓал објект – каптажа на извор за вода.
Како што соопшти МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе и кривична пријава против Н. А. (57) од Скопје за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување”, и против Д. К. (35), Љ. М. (51) од Скопје, З. Н. (58), С. Ѓ. (60) и Ј. В. (57), сите од Македонски Брод за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.