Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2020

Новости за 09.08.2020

Во последното деноноќие четворица починале, а 85 се заразиле со коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа четири лица починале од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти денеска  Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти, а четворица починати. Читать дальше...

Најмалку 50 повредени во поплави во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 50 луѓе настрадале во текот на тридневните обилни врнежи од дожд, поплави и лизгање на земјиштето во Пакистан, соопштија властите на земјата. Дождовите оштетиле околу 100 домови и предизвикале поплави во провинцијата Синд, поради што премиерот Имра Кан нареди војската да се вклучи во спасувачките операции, која од неодамна ги користи бродовите на морнарицата за спасување и евакуација на загрозените. Според прогнозата на метеоролозите, обилните дождови ќе продолжат и во текот на следната недела. Читать дальше...

Расте бројот на нови случаи на ковид19 на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа во Србија починале уште девет лица како резултат на ковид 19 со што вкупниот број на починати се зголеми на 641. Од тестирани 6.251 лица, инфекцијата е потврдена кај 236 лица. Во изминатите 24 часа и во Хрватска се регистрирани 61 нови случаи на инфекција. Од сите активни случаи 121 лице се на болничко лекување, а од тој број, осум се на респиратор. Во последното деноноќие, шест лица починале од последиците на коронавирусот во Босна и Херцеговина, додека регистрирани се 236 нови инфекции. Читать дальше...



Работодавачите бараат нов сет антикризни мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Организацијата на работодавачи бара брзо формирање на Влада, со цел да се донесат нов сет антикризни мерки. Како што јави МИА, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров изјавил дека посебно на удар е текстилната индустрија. Бизнисот со шиење заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат дека на голем број конфекции им се заканува затварање во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери. Според Димитров мора да се донесат сет на мерки... Читать дальше...

Либанската министерка за информирање си поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Либанската министерка за информирање, Манал Абдел Самад поднесе оставка, повикувајќи се на неуспехот на владата да ги спроведе реформите и катастрофалната експлозија што го потресе Бејрут. Ова е прва оставка на член на Владата на Либан по катастрофалната експлозија на пристаништето во вторник, што дополнително го поттикна гневот на јавноста поради небрежност на лидерите, пренесува АФП. "По огромната катастрофа во Бејрут, јас поднесувам оставка. Им се извинувам на Либанците, не можевме да ги исполниме нивните очекувања"... Читать дальше...

Три жртви на поплавите на грчкиот остров Евија

SlobodnaEvropa.mk 

Се зголемува бројот на загинати во поплавите што го зафатија грчкиот остров Евија, а осум месечно бебе е третата жртва, додека пак Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување на 55 лица, јави дописиничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека постојат информации за едно исчзнато лице. Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека интервенирале во 47 случаи за спасување на граѓани, осум лица биле спасени со хеликоптер, а биле извлечени и безживотните тела на двајца постари граѓани... Читать дальше...

Партиски препукувања околу преговорите за нова влада

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ и денеска соопшти дека ги продолжува разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. „Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ“се вели во соопштението од СДСМ. Читать дальше...

На паркинг во Ново Лисиче едно возило изгоре, две се делумно опожарени

SlobodnaEvropa.mk 

На паркинг во скопската населба Ново Лисиче, утрово беа запалени неколку автомобили. Како што можеше да се види од видео објавено на социјалните мрежи, жителите од околните згради се собраат да го гаснат пожарот, а некои и си ги преместуваат своите возила, за да не ги зафати огнот и нив. Од МВР соопштија дека едно возило изгорело, а други две биле делумно опожарени. Пожарот е изгаснат, а во несреќата нема повредени. „ На булеварот АСНОМ, на паркинг констатирано е дека целосно е опожарено возило... Читать дальше...



Видео конференција за помош на Либан

SlobodnaEvropa.mk 

Европските и лидерите од Блискиот Исток денеска ќе разговараат за собирање помош за Бејрут по експлозијата која го разори либанскиот главен град. Виртуелната конференција ја организираат Франција и Обединетите нации. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе учествува на конференцијата.  На конференцијата ќе присуствуваат државите членки на ЕУ, Кина Русија, Египет, Јордан и Велика Британија, а повикани се и многу други.Целта е да се мобилизираат главните либански меѓународни партнери... Читать дальше...

Лани повеќе починати отколку родени

SlobodnaEvropa.mk 

За 25 години природниот прираст во земјава се намалил од 15736, на минус 601 лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 1994 година се родиле 15.736 лица повеќе од колку што умреле, а лани пак се родило 601 лице помалку отколку што умреле. Податоците од публикацијата на ДЗС за Природно движење на населението во 2019 година, објавена пред една недела, покажуваат постојан пад на природниот прираст во последните 25 години. Ако во 1994 година тој бил 15772 лица, за пет години до 1998 година паднал на 10011 лица... Читать дальше...

Полицијата откри 94 мигранти во камион на патот Радовиш – Штип

SlobodnaEvropa.mk 

Полициски службеници од СВР Штип синоќа при контрола на регионалниот пат Радовиш – Штип откриле 94 мигранти кои биле превозувани во товарно моторно возило. Возачот на товарното возило и неговиот сопатник побегнале, а полицијата трага по нив. „На 08.08.2020 околу 21.30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице... Читать дальше...

Трамп ги потпиша уредбите за помош на Американците

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, потпиша четири извршни уредби кои обезбедуваат економска помош на милиони Американци кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата со Ковид 19. На прес-конференцијата во неговото одморалиште во Бедминстер, во Њу Џерси, Трамп објави дека, благодарение на уредбите, ќе продолжат исплатите на федерална помош за невработените, пренесува „Гласот на Америка“. „Државите ќе покриваат 25 проценти од трошоците, а федералната влада преостанатите 75 проценти“, рече Трамп. Читать дальше...

МВР казни 423 лица кои не носеле маски

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР. Воедно, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

Белорусија бира претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Со отворањето на повеќе од 5.700 избирачки места во Белорусија, денеска започна гласањето напретседателските избори во таа земја. Како што објави Централната изборна комисија, право на глас имаат околу 6,8 милиони Белоруси. Набудувачите проценуваат дека шестите претседателски избори од независноста на Белорусија од поранешниот Советски сојуз ќе бидат обележани со голема излезност. Покрај актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој се обидува да освои шести мандат, кандидати се копретседател на движењето „Кажи ја вистината“... Читать дальше...

Стојанов - Младите кои ќе завршат на респиратор имаат големи проблеми

SlobodnaEvropa.mk 

Младите велат „мене ништо не ми е, тоа се случува на некој друг“, но факт е дека заболуваат од ковид-19 и завршуваат во болница, не се сите тешки случаи, почесто се полесни, но тие што ќе завршат на респиратор имаат голем проблем, вели доктор Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој вели дека за сите ќе беше полесно доколку бројките на заразени беа двоцифрени. За здравствените работници нема викенд и одмор, а прашање е и дали системот ќе издржи финансиски... Читать дальше...

Либанскиот премиер најави предвремени избори по протестот во Бејрут

SlobodnaEvropa.mk 

Еден полицаец е убиен во синоќешните судири со демонстрантите на протестот во Бјерут, пренесува Ројтерс. Локалните медиуми информираатдека Црвениот крст во Либан објавил дека има 110 повредени и дека 32 лица биле однесени во болницата. Околу 7.000 луѓе се собраа на Плоштадот на мачениците во центарот на градот, а некои фрлаа камења кон полицијата. Демонстранти упаднаа и во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Читать дальше...

Да се почитуваат мерките, оти медицински персонал не можеме да увеземе

SlobodnaEvropa.mk 

На здравствениот персонал може да му се помогне само ако се почитуваат мерките и така да падне бројката, инаку да увеземе од некоја друга земја не можеме, вели доктор Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје.

И денеска променливо облачно, со дожд и ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 14 до 21, а максималната од 26 до 32 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура се спушти до 18, а максималната ќе достигне 29 степени. Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко: я предпочитаю смотреть мужской теннис, а не женский


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

АО «Транснефть – Прикамье» провело свыше 3 тыс. экологических исследований в I квартале 2024 года





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время движения поездов от Москвы до курортов Черноморского побережья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Минск не исключает попыток оппозиции оторвать часть территории Белоруссии в пользу НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Александр Розенбаум

Розенбаум жестко высмеял женщин, увлекающихся пластикой: “Посмотрите на этих губастых!”



Москва

В Москве более 340 тысяч человек оплачивает метро через Face Pay

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net