Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2020

Новости за 11.08.2020

ЕУ за изборите во Белорусија - „ниту слободни, ниту фер“

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија денеска објави дека изборите во Белорусија со кои претседателот Александар Лукашенко остана на власт, не биле „ниту слободни, ниту фер“. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел во име на 27-те земји членки се закани дека ќе „преземе мерки за одговорните за забележаното насилството, неоправданото апсење и фалсификувањето на изборните резултати“. Лукашенко победи, но по која цена за Белорусија Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко тврди дека добил над 80 проценти од гласовите на изборите на 9 август. Читать дальше...

Главен извор на нови инфекции со ковид -19 во Словенија се младите

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија значително се намали од пред две недели, изјави денеска портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин, но ги предупреди словенечките туристи да бидат внимателни кога престојуваат во странство. „Епидемиолошките податоци за Словенија беа многу добри во последните денови и значително подобри од пред две недели. Словенија е во зелена зона и многу безбедна дестинација“, рече Кацин на владината прес-конференција во Љубљана. Тој додаде дека според последните податоци... Читать дальше...

Албанија и Италија потпишаа договор за санирање на последиците од земјотресот

SlobodnaEvropa.mk 

Во Тирана денеска е потпишан договор со италијанската Влада за да се материјализира обврската што Италија ја презеде на Меѓународната конференција на донатори за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година. Италија ќе ѝ обезбеди на Албанија 95 милиони евра, од кои пет милиони евра грант за реконструкција на јавни згради. На донаторска конференција што под мотото „Заедно за Албанија“ се одржа во Брисел на 17 февруари, беа собрани над 1,15 милијарди евра... Читать дальше...



Србија нуди неколку модели за работа на школите

SlobodnaEvropa.mk 

Српското Министерство за образование планира на училиштата да им понуди неколку модели за работа од 1 септември, а тие треба да одлучат што ќе прифатат врз основа на нивните можности, рече денеска министерот за образование Младен Шарчевиќ. Тој изјави дека еден од моделите е часовите за учениците од 1 до 4-то одделение да се одвиваат во училиштата, сите со заштитни мерки, а одделенијата да се поделат до 15 ученици. Се предвидува и часовите да траат 30 минути. Учениците до четврто одделение да имат по четири часови дневно... Читать дальше...

Нови тензии меѓу САД и Германија за „Северен тек 2“

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас му изрази незадоволство на американскиот државен секретар Мајк Помпео поради заканата на САД за санкции во врска со гасоводот „Северен тек 2“. Германско-рускиот проект, со кој треба да донесе руски гас од под Балтикот кон Германија, веќе долго време претставува извор на тензии меѓу САД и Германија. Најновата причина е писмото на тројца републикански сенатори, кои се заканија со санкции. Мас и Помпео телефонски разговарале за новиот развој на... Читать дальше...

Во Албанија нов рекорд на заразени, но и на оздравени од ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во Албанија во последното деноноќие е регистриран нов негативен рекорд на новозаразени со ковид-19, но и највисока бројка на оздравени. Регистрирани се 140 новозаразени, од кои половина се во Тирана. Во исто време оздравеле 101 пациенти, што е највисока бројка на оздравени досега во едно деноноќие.Во Албанија во изминатите 24 часа од ковид-19 починале пет пациенти, соопшти тамошното Министерството за здравство и социјална заштита. Мета бара лекување со крвна плазма и бара помош од Италија Во... Читать дальше...

Русија ја регистрираше вакцината против коронавирусот, експертите скептични

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е регистрирана за употреба вакцината против коронавирусот која е произведена во Русија и покрај тоа што вакцината не помина широки клинички испитувања и податоците за неа не се јавни објавени. Путин соопшти за вакцината на денешниот владин состанок, велејќи дека вакцината се покажала како „ефикасна“ за време на првичните тестови и дека може да обезбеди траен имунитет од коронавирусот. Иако Русија е прва земја што регистрираше вакцина против коронавирус... Читать дальше...

Влада - Моделот на настава ќе биде врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести

SlobodnaEvropa.mk 

Моделот по кој ќе се одвива наставата од септември ќе се донесе врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, одлучи Владата на денешната 80-тата седница. Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека Владата ја усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде... Читать дальше...



Грција нема донесено нова одлука за копнените граници

SlobodnaEvropa.mk 

Во Грција нема промени, ниту пак постои нова одлука што се однесува на копнените граници и засега, останува во сила забраната што важи за државјани на трети земји и привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со соседните земји, јави дописничката на МИА од Атина. Грчките власти вчера најавија дополнителни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата. Од 17 август за влез преку копнените граници задолжително ќе треба да се достави негативен тест, а тоа... Читать дальше...

Филипче – Став на Комисијата е онлајн настава, освен за првачињата

SlobodnaEvropa.mk 

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави министерот за здравство Венко Филипче. „Стравувавме во оваа ситуација, наесен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија“, изјави Филипче во вестите на ТВ Канал 5. Ковид 19: Затворени училишта... Читать дальше...

Иран уапси пет свои граѓани со обвинение за шпионажа

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти денеска соопштија дека во изминатите неколку месеци уапсиле петмина Иранци под обвинение за шпионажа, од кои двајца веќе биле осудени во отсуство за тоа дело. Уапсените се товарат дека шпионирале во корист на Израел, на Велика Британија и на Германија. Иранските власти наведоа дека двајца од уапсените веќе се осудени на затворски казни.

Фарук Омери ќе ја замени Лукаревска на чело на УЈП

SlobodnaEvropa.mk 

Сања Лукаревска, која на предвремените парламентарни избори беше избрана за пратеничка, ја напушта функцијата директор на УЈП, а на нејзино место ќе биде поставен Фарук Омери, кој пред назначувањето бил помошник директор во Управата, информираше денеска УЈП. „Како ќе одлучи Премиерот Зоран Заев со формирањето на новата Влада така ќе биде. Заради законоското ограничување, во моментов не можам да повеќе да бидам избран функционер од Владата, затоа што сум пратеник во Собранието“, изјави денеска Лукаревска.

Нови 141 случаи на Ковид-19 и една почината пациентка

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18. За 24 часа 253.000 новозаразени со коронавирус во светот „Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти... Читать дальше...

Ахмети ми кажа дека ќе преговара со Заев, тврди Мицкоски

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го информирал дека ќе почне преговори со СДСМ, затоа што таа партија победила во македонскиот блок. „Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба, минатата недела во Собранието, на која ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата која победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека не се согласувам... Читать дальше...

Мета бара лекување со крвна плазма и бара помош од Италија

SlobodnaEvropa.mk 

По рекордните бројки на новозаразени со Ковид-19 во Албанија и не мал број починати, албанскиот претседател Илир Мета побара што поитно да се почне со лекување на болните со крвна плазма од лица кои ја прележале болеста. Тој истакна дека искуството во други земји таквата терапија се покажала како доста корисна. „Со оглед на генерално позитивните информации во врска со терапијата со ковалесцентна плазма и затоа што нејзината примена се покажа како доста корисна за пациенти со Ковид -19, охрабрувам... Читать дальше...

Во Бејрут има над 20 потенцијално опасни контејнери

SlobodnaEvropa.mk 

Хемиски експерти и пожарникари работат на обезбедување на најмалку 20 потенцијално опасни контејнери со хемикалии во пристаништето во Бејрут, уништено во експлозија, откако откриле дека еден истекува, изјавил за АП, членот на францускиот тим, поручник Ентони. Овој француски експерт за хемикалии, како што појаснува АП, нема надлежност да го каже своето полно име во согласност со владината политика. Либанската влада поднесе оставка поради експлозијата во Бејрут „Некои контејнери биле оштетени... Читать дальше...

Состанокот за протоколите за настава пак одложен

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, е одложен за утре, потврди за МИА, в.д. директорот на Центарот за јавно здравје и член на комисијата, Алекасндар Стојанов. Ковид 19: Затворени училишта, генерациска катастрофа Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат за најде и договори најдобро и најбезбедно... Читать дальше...

Бислимоски - Вработувањата и луксузниот мебел не влијаат на цената на струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Во овие одлуки на Регулаторната комисија за енергетика се земени во предвид број на вработени коишто бил во 2017 година. Ниту се признаени нови вработувања, ниту се признаени трошоци за плати надвор од некои стандарди на РКЕ. Исто така тие фотелји што ги зборат од телешки кожи и тие не се земени во предвид, ништо не е земенo од тоа што се шпекулира во јавноста при носењето на овие одлуки за поскапувањето на струјата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Регистрирани 392 прекршоци за неносење заштитна маска

SlobodnaEvropa.mk 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа се затекнати 392 лица без заштитна маска за лице на места на кои оваа анти-корона мерка е задолжителна. „Во текот на изминатото деноноќие (10/11.08.2020 година) на територијата на земјава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 392 прекршоци“, стои во соопштението од МВР. За 24 часа 253.000 новозаразени со коронавирус во светот Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните... Читать дальше...


Музыкальные новости
Анастасия Ивлеева

Суд рассмотрит 25 апреля протокол на Ивлееву за дискредитацию ВС России





Персональные новости
Динамо

МФК «Динамо Пушкино» вошел в топ-8 команд Всероссийского футбольного турнира «Кубок Казани»





Москва претпазливо ги следи настаните во Белорусија и чека

SlobodnaEvropa.mk 

И додека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко тврди дека добил над 80 проценти од гласовите на изборите на 9 август, а полицијата со употреба на сила ги растерува демонстрантите по затворањето на анкетите, Москва остана релативно тивка во врска со изборниот резултат и иднината на нејзините врски со малата земја на запад.

Во Ирак нападнат конвој кој носел опрема за американската војска

SlobodnaEvropa.mk 

Конвој кој пренесувал опрема за американски единици бил цел на експлозија што се случила во близина на граничниот премин меѓу Ирак и Кувајт околу 21 часот по локално време, соопштија властите, пренесе АП. Првично не било јасно дали во конвојот имало американски војници и дали има повредени во експлозијата, додека ирачката страна негира дека се случил инцидентот. Малку познатата ирачка шиитска милициска група по име Ашаб ал Кахф ја презеде одговорноста за нападот и објави видео со кое се гледа експлозијата во далечина.

Министерството за здравство објави детали за патниците на летот Скопје - Турку

SlobodnaEvropa.mk 

По објавувањето на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство направило проверка и информира дека станува збор за патници, иселеници кои доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои што со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата. Читать дальше...

За 24 часа 253.000 новозаразени со коронавирус во светот

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа се пријавени повеќе од 253.000 нови случаи на зараза, објави Светската здравствена организација. Во изминатите 24 часа од Ковид–19 починале речиси 6.000 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи надмина 728.000. На прво место по бројот на заразени и починати се САД, а на второто место е Бразил. Од почетокот на пандемијата во светот со коронавирусот се заразиле повеќе од 20 милиони луѓе, а 13 милиони се избориле против него. Читать дальше...

Крвна плазма битно оружје против пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Светото тројство, маски дистанца и хигиена се клучните мерки кои можат да помогнат во намалувањето на ширењето на коронавирусот. Но, додека да се изнајде вакцина која ќе може да го спречи во целост, донираната крвна плазма им ја олеснува борбата со ковид-19 на критично заболените.

СДСМ вели дека ќе направи Влада, нови избори за Заев не се решение

SlobodnaEvropa.mk 

Во процес сме на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид национализам, соопштија денеска од СДСМ и додаваат дека продолжуваат со разговори за создавање стабилно парламентарно мнозинство со полн четиригодишен мандат. „СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен. Во тек е процес на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид на национализам... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

В Московской области прошел чемпионат Центрального округа Росгвардии по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко: я предпочитаю смотреть мужской теннис, а не женский


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Компания ICDMC стала победителем престижной премии в сфере ЗОЖ – Green Awards 2023/24





Путин в России и мире
Москва

Эксперт: корректировка порогов крупного и особо крупного ущерба по экономическим статьям оправдана и своевременна


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко пообещал потенциальным агрессорам ответ всеми видами оружия




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Коммерсантъ

ДЭГ местного значения // Суд оставил в силе итоги электронного голосования на выборах президента



Москва

Почти 900 катафотов появится на дорогах Дмитровского округа в 2024 г

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net