Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2020

Новости за 28.08.2020

Меркел: Пандемијата може да се влоши во наредните месеци

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да не се откажуваат од основните мерки за заштита од коронавирусот и предупреди дека пандемијата може да се влоши во наредните неколку месеци и дека животот нема да се врати во нормала се додека не се развие вакцина против вирусот. „ Ова е сериозна работа, посериозно до сега не било, и мора да ја сфатите сериозно. Ќе мораме да продолжиме да живееме со овој вирус, “ изјави Меркел откако многу европски земји забележаа раст на новозаболени во изминативе неколку недели. Читать дальше...

Грција и натаму со затворена граница за Македонија и Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Грција ја продолжи забраната за влез на нејзина територија за уште две недели на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Северна Македонија и Албанија, јавува МИА.  Продолжувањето на мерките е дел од низата ограничувања што се продолжуваат за две седмици, а попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство. Претходната заедничка министерска... Читать дальше...

Најмалку 15 жртви на напад во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 15 цивили се убиени при две одвоени експлозии на автомобили бомби постави на автопат во јужната провинција Кандахар. Во првата експлозија загинаа 12 цивили меѓу кои и три деца кога со комбето со кое патувале удриле во паркираниот автомобил бомба. Неколку часа подоцна друго возило експлодирала и втората бомба при што загинале уште три цивили. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги осуди нападите и ги повика Талибанците да престанат да поставуваат... Читать дальше...



Јапонскиот премиер си поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска соопшти дека ќе се повлече од премиерската функција поради влошена здравствена состојба. Тој, како премиер со најдолг стаж на прес конференцијата истакна дека чувствувал голем замор во изминативе два месеци и му била дијагностицирана цревна болест, улцерозен колитис. Абе во своето обраќање до јавноста се извини за тоа што не можел повеќе да ги извршува премиерските должности. „ Сосема случајно е сето ова, што морам да ја напуштам должноста пред да ги исполнам моите цели“ изјави Абе. Читать дальше...

Заев:Да падне објектот пред „Мавровка“, меѓу првите задачи на Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Да падне објектот пред скопскиот трговски центар Мавровка, е една од првите задачи на новата влада, најави денеска мандаторот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Тој денеска по посетата на Македонска Каменица каде се одбележува „Денот на рударите“ изјави дека за таа задача се разгледани повеќе решенија. „Прво треба да се зафатиме со новите чекори во врска со ковид-кризата, тоа значи прво образованието и детските градинки, развојот на четвртиот пакет на мерки кои верувам со новиот министер за финансии и со другите економски ресори... Читать дальше...

Нови 159 заболени од ковид-19 и петмина починати пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 2 018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19  соопштува министерството за здравство. Најмногу случаи на новозаболени се евидентирани во Скопје вкупно 45 со што бројот на активни случаи изнесува 854, потоа во Куманово-26 при што бројот на активни случаи изнесува 356,  и Дебар каде се евидентирани вкупно 9 нови случаи со што бројот на активни случаи се искачи на 85. Битката со оваа болест денеска ја загубија пет пациенти, од кои една шеесетгодишна пациентка од Скопје... Читать дальше...

Лукашенко возвраќа на санкциите од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да воведат санкции против 20 високи белоруски функционери кои се осомничени дека се вмешани во изборни измами и брутална полициска акција против демонстрантите. Оваа одлука е донесена на  денешниот состанок  на министрите на земјите членки на Унијата. Тие во заедничкото соопштение истакнаа дека белорускиот претседател Александар Лукашенко е веројатно дека во некој нареден одреден момент ќе се најде на листата за санкции. Макрон предлага посредување на ЕУ во Белорусија... Читать дальше...

Филипче: Градинките може од септември да почнат со работа

SlobodnaEvropa.mk 

Градинките може да почнат со работа од септември, алгоритмите се подготвени, дури и при појава на случај на покачена телесна температура кај некое дете, изјави денеска во Македонска Каменица министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека комбинираниот модел е засега решение кое би го зачувало здравјето на децата, кое е приоритет на Владата. „Потребно е само на владина седница да се донесе соодветна одлука по предлог на Министерството за труд и социјална политика за точниот датум за почеток на работат. Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се откажат од потпретседателите во Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО- ДПМНЕ ниту прифаќа, ниту ќе предложи потпретседател на Собранието, изјави денеска портпаролот на партијата Димче Арсовски. Тој посочи дека причините за тоа се економската неоправданост за големиот број на потпретседатели како и поради тоа што толкавата бројка на потпретседатели служи за тргување на со функции. Тој најави дека ВМРО – ДПМНЕ утре ќе учествува на седницата за избор на новиот владин состав и дека ќе гласа против. „Апсолутно ќе учествуваме и ќе гласаме против. Во таа дебата во која ќе учествуваме имаме илјадници... Читать дальше...

Филипче:Штом ќе стане достапна вакцината за ковид-19, ќе ја набавиме

SlobodnaEvropa.mk 

Набавката за вакцината против Ковид-19 ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тоа е механизам на СЗО  со кој што  се обезбедува, како што вели тој,  рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини согласно популацијата во одредени земји се додека не се достигне 20 проценти од населението да биде вакцинирано. „Во однос на активноста на ЕУ, тие потпишаа билатерален договор со компанијата АСТРА ЗЕНИКА за земјите... Читать дальше...

Столтенберг: Никој, па ни Русија, не треба да ѝ се меша на Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Никој, дури ни Русија, не би требало да се меша во прашањата на Белорусија, изјавил Генерланиот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој, во изјава за германскиот весник Билд, рекол дека Белорусија е „суверена и независна држава“. Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести Претходно, рускиот претседател Владимир Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести. Тој откако ги објави подготовките на Москва за поддршка на режимот на претседателот Александар Лукашенко со руските безбедносни сили... Читать дальше...

Како Западен Балкан реагира на настаните во Белорусија?

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија пред само еден месец му се додворуваше на вооружениот авторитарен лидер во Минск. Но, тој, како и некои други лидери на Балканот, сега откако Белорусија ја зафатија протести, е многу молчалив.

Меркел: Не патувајте во корона ризичните земји

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика граѓаните на земјата да не патуваат во земји и региони каде постои голем ризик од зараза со коронавирусот. „Се покажа дека несразмерно висок број на патници кои се враќаат (од подрачја со висок ризик) се тестирани позитивни“, рече Меркел по средбата со регионалните министри посветена на новите рестриктивни мерки. Шведска дозволи присуство на навивачи на стадионите Нов дигитален систем од октомври ќе го замени предавањето на документи во форма на хартија на летовите... Читать дальше...

СЗО ќе прави одбор за Меѓународниот здравствен правилник

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организација ќе формира одбор за разгледување, кој ќе го оценува ефектот на Меѓународниот здравствен правилник за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Тедрос тоа им го кажал на дипломатите во Женева, неколку часа пред закажаната прес-конференција. „Одборот ќе даде технички препораки за функционирањето на Меѓународниот здравствен правилник, како и за можните измени“, рече Тедрос и додаде дека првиот состанок... Читать дальше...

Хидроцентралите мали, проблемите големи

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓански организации за заштита на животната средина алармираат за можно уништување на горниот тек на Маркова Река од изградба на мала хидроелектрана. Тие бараат државта да ги заштити водените ресурси на Македонија. Во новата владина програма се најавува забрана на нови мали хидроелектрани, но само во заштитените подрачја на земјата.

Грција започна нова операција за спасување мигранти јужно од Родос

SlobodnaEvropa.mk 

Грчката крајбрежна стража започна нова операција за пребарување и спасување за мигрантите, откако доби итен повик од брод кој превезувал 50 мигранти јужно од островот Родос. Повеќе информации за новата операција се уште нема. Крајбрежната стража веќе спроведе една операција за спасување во источното Егејско Море во брод кој делумно бил потонат, а во кој имало 100 мигранти. На отворено море во Грција спасени 92 мигранти Вкупно 96 луѓе беа спасени од морето во вторникот вечерта, западно од малиот грчки остров Халки во близина на Родос. Читать дальше...

Калимеро или реформи во судството

SlobodnaEvropa.mk 

Спроведување на новиот закон за јавно обвинителство, реформи во судството и ветинг на судиите, како и законски измени во кривичната постапка и казните се дел од приоритетите за новиот министер за правда. Правните аналитичари велат дека неговата претходничка не си ја завршила домашната задача.

Владината помош за минимална плата да продолжи и од септември

SlobodnaEvropa.mk 

Голем број фирми сè уште се на работ на опстанок и затоа е потребно и во септември да продолжи владината помош за исплата на минимална плата од 14.500 денари, бараат стопанските комори. Мерките сепак, треба да бидат попрецизно таргетирани за да дојдат до тие на коишто навистина им треба.


Музыкальные новости
Баста

Рэпер Баста благословил девушку на брак во время своего концерта





Персональные новости
Газпром

ВСГ, ГМТ и платежная дисциплина. Совет директоров Газпрома рассмотрел ряд важных вопросов





Втор ден од средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија, како што е најавено, ќе започне со работна сесија за односите ЕУ-Русија, а треба да заврши со работен ручек за геополитичкото влијание на ковид-19 и стратегискиот одговор на ЕУ. Неформалниот состанок вчера започна со работна сесија за Белорусија, односно за најновите случувања во земјата и за можните реакции на ЕУ. Станало збор и за односите ЕУ-Турција, вклучително и во врска со моменталната состојба во Источниот Медитеран и поширокиот регион. Читать дальше...

Јапонскиот премиер Абе и неговите здравствени проблеми

SlobodnaEvropa.mk 

Јапонскиот премиер Шинзо Абе планира да одржи прес-конференција, соопшти неговата канцеларија, во услови на зголемена загриженост во врска со неговата здравствена состојба, по двата прегледа во болница во рок од една недела. Претставници на владејачката партија соопштија дека здравјето на Абе е добро, но посетите, од кои едната траеше скоро осум часа, ги разгореа шпекулациите дали тој ќе може да продолжи на работа до крајот на мандатот во септември 2021 година. Јапонската влада ќе му даде 857 евра... Читать дальше...

Трамп го оцени Бајден како левичарска закана за американската величина

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД Доналд Трамп, во говорот за прифаќање на претседателската кандидатура на последниот ден од конвенцијата на Републиканците ги оцени Демократската партија и нејзиниот кандидат за претседател Џо Бајден, како радикални левичари кои се закана за американскиот сон. Трамп, зборувајќи пред Белата куќа, изјави дека Бајден доколку биде избран ќе „ја уништи американска величина“. Трамп додаде дека сè што постигнала администрацијата на Трамп „сега е во опасност“. Неконвенционална конвенција... Читать дальше...

Пелоси: Бајден не треба да прифати дебата со Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека не треба да ома дебати меѓу претседателските кандидати, бидејќи на таков начин Џо Бајден ќе го легитимира „претседателот Доналд Трамп. Пелоси им рече на новинарите дека знае оти Бајден не се согласува со тоа, но дека верува дека Трамп ќе се однесува недостојно и оти ќе ја омаловажи смислата на дебатата. Неконвенционална конвенција за втор мандат на Трамп Бајден изјави дека е подготвен да се соочи со Трамп на три дебати. Читать дальше...

Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести. Тој откако ги објави подготовките на Москва за поддршка на режимот на претседателот Александар Лукашенко со руските безбедносни сили оцени дека Кремљ е повеќе „неутрален“ за белоруската криза отколку САД или Европската унија. „Според мене, нашето однесување во врска со настаните во Белорусија е многу порезервирано и неутрално отколку на Европејците и Американците“, изјави Путин за време на интервјуто за државниот ТВ канал Росија-24... Читать дальше...

Украина ги затвора границите за странци

SlobodnaEvropa.mk 

Украинската влада ги заостри мерките за спречување на ширењето на коронавирусот со тоа што донесе одлука за затворање на границите за странците. Овие мерки ќе стапат на сила од утре( 29 август). Дополнително претходно донесените мерки на денешната вонредна седница добија времено продолжување од два месеца и ќе бидат со важност до 31 октомври. „Зголемувањето на бројот на новозаразени со ковид-19 не натера да постапуваме порешително“ изјави премиерот Дени Шмигал. Во Украина ќе им биде дозволено... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Кто отец Дианы Джокович?


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

На площадке МВЦ «Казань Экспо» открылся XVIII Российский венчурный форум





Путин в России и мире
Москва

Строители мостов и дорог удостоены государственных наград


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Минск не исключает попыток оппозиции оторвать часть территории Белоруссии в пользу НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Эстрада

Смешарики и «Академия Эстрада Тинс» выпустили трек «Попурри»



Москва

Сотрудники Шатурского отдела вневедомственной охраны Росгвардии Московской области написали «Диктант Победы»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net